Еве неколку техники за војување
.
Накратко тие ги делат техниките на три видови:
1. техники на очевидност
2. техники за кои се потребни дополнителни информации за да бидат препознаени
3. техники кои можат да станат очигледни откако ќе се испитаат голем број на излезни информации (output)
Јас ќе се задржам овде само на првите, зашто со нив секојдневно се среќаваме и најлесно можеме да ги препознаеме. За другите треба да си професионалец. Па одиме:
Повикување на авторитет
Повикувањата на авторитети цитираат истакнати jавни фигури за да поддржат одредена идеја, аргумент, или делување.
Тврдења
Тврдењата се позитивни изјави презентирани како факти. Тие имплицираат ,дека тоа што е изјавено е очевиден факт и нема потреба од понатамошно докажување. Тврдењата можат, но не мора да бидат вистинити.
Принцип на стадо и неизбежна победа
Ваквите изјави имаат за цел да jа убедат публиката да преземе одредена акција коjа „ Сите други веќе jа преземаат“ т.е. „Да и се придружи на толпата“. Оваа техника jа засилува човековата природна потреба да се биде од страната на победникот. Исто така, оваа техника се користи за да jа убеди публиката , дека програмата е експресија на незапирливо масовно движење и дека е во нивен интерес да и се придружат. „Неизбежната победа“ ги повикува оние кои што се уште не се дел од толпата, да се придружат на оние кои се на патот кон сигурна победа. Додека пак оние што веќе, или половично се наоѓаат таму се охрабруваат, дека останувањето на тоj курс е најдобрата можна акција.
Постигнување не согласување
Оваа техника се користи за да се натера публиката на несогласување со одредена акција или идеја, по пат на сугерирање, дека таа идеја е популарна каj омразените, презрените и групите од кои што таа публика се плаши. Според тоа, доколку групата што поддржувала одреден политички смер е доведена до верување дека несакани, превртливи, или неморални луѓе го поддржуваат истиот, членовите од групата може да одлучат да jа сменат позицијата.
Блескави генерализации
Претставуваат интензивно емоционални и трогателни зборови. Тие се толку блиску асоцирани со високо вреднувани концепти и верувања што со себе носат убедување без никаква придружна информациjа или расудување. Тие апелираат на такви емоции како љубов кон татковината, домот, желбата за мир, слобода, слава, почести и сл. Тие бараат одобрување без испитување на разумот. Иако зборовите и фразите се неjасни, двосмислени и им сугерираат различни нешта на различни луѓе, нивната конотациjа е секогаш поволна: „Концептите и програмите на пропагаторите се секогаш добри, посакувани, виртуозни“.
Генерализациите можат да jа зголемат или намалат ефективноста со промена на условите. Поради тоа тие мора да бидат одговарачки на тековните услови. Фразите кои што разбудуваат приjатни асоциjации во одреден период, може да предизвикуваат неприjатни и непосакуваниконотации во друг временски период, особено доколку нивната референтна рамка се промени.
Особините на оваа пропагандна техника се:
Двосмисленост. – Генерализациите се намерно двосмислени за публиката да може да изведува свои заклучоци. Намерата е да се повлиjае врз публиката со користење на недефинирани фрази, без анализирање на нивната валидност и без обиди за детерминирање на нивната разумност или примена.
Рационализациjа. –Индивидуалци или групи може да користат погодни генерализации за да рационализираат спорни делувања или верувања. За да ги оправдаат таквите акции или верувања, често се користат двосмислени, но приjатни фрази.
Упростување.- Поволните генерализации се користат за да произаведат прости одговори на комплексните социjални, политички, економски, или воени проблеми.
.
Oбичен човек
Овој пристап се обидува да jа убеди публиката дека позицијата на пропагаторот го рефлектира вообичаеното мислење на луѓето. Тоj е дизајниран за да jа добие довербата на публиката по пат на комуницирање на нејзин вообичаен начин и стил. Пропагаторите користат секојдневен јазик, однесување и облека (очи во очи и во аудиовизуелните комуникации) во обидите да jа идентификуваат својата точка на гледање со онаа на просечниот човек. На овој начин пропагаторот може да jа добие довербата од личностите кои се навредуваат од, или се недоверливи кон непознат интелектуален говор, зборови, или однесувања.
Публиката може да се убеди да ги идентификува своите интереси со оние на пропагаторот со:
Презентирање на војниците како обични луѓе - Пропагаторот сака да направи непријателот да се почувствува како да се бори против војници кои се „Чесни, обични луѓе“, многу слични на него; ова се користи и за контра теми кои го обојуваат противникот како „Крволочен“ убиец.
Презентирање на цивилите како обични луѓе. - Овој инструмент исто може да помогне да се убеди непријателот дека спротивставената нација не е составена од арогантни, неморални, измамнички, агресивни, кавгаџиски луѓе, туку од луѓе како и нив самите, коишто сакаат да живеат во мир.
Хуманизирање на лидерите - Оваа техника отсликува почовечки портрет на сопствените и пријателските воени и цивилни лидери. Ги хуманизира така што публиката гледа на нив како слични човечки суштества, или порадо, како љубезни, мудри, татковски фигури.
Категории на техниката обичен народ:
Наречjе или сленг. Ова е современиот јазик на специфичен регион или специфична група на луѓе, коj е вообичаено зборуван или пишуван и вклучува песни, идиоми и шеги. Тековниот сленг на специфичната целна публика мора да се користи за поуспешно спроведување на пропагандата.
Дијалект. Дијалектот претставува отстапување во изговорот граматиката и вокабуларот од нормите на одреден регион или нација. Kога се користи дијалект, потребна е перфектност од страна на пропагаторот. Најдобро е оваа техника да се остави на оние кои што го говорат дијалектот, бидејќи оние кои израснале со тоj дијалект се најдобри негови корисници во пропагандните обраќања.
Грешки. Правилниот изговор, jасните изјави и предавањата оставаат впечаток на вештачка ситуација. За да се остави впечаток на спонтаност се користи намерно двоумење помеѓу фразите, заплеткување, или погрешно изговарање на зборовите. Доколку не се претера се добива ефект на искреност. Грешки во пишан материјал можат да се прават само кога такви се вообичаени за членовите од групата коjа го чита материјалот. Генерално, грешките би требало да бидат ограничени на обичен говор.
Домашни зборови. Овие се една форма на „Доблесни зборови“, кои се користат во секојдневниот живот на просечниот човек. Тоа се познати зборови како „Дом“, „Семејство“, „Деца“, „Соседство“, или други културни еквиваленти. Тие евоцираат поволен емоционален одговор и помагаат да се пренесат симпатиите на публиката врз пропагаторот. Задомените зборови нашироко се користени, за да предизвикаат носталгија. Но, мора да се внимава, таквите пораки кои се адресирани на непријателските трупи, да не се случи да го имаат истиот ефект и врз пријателските сили. Доколку на пропагандата или на пропагаторот му недостасува неутралност, може да се предизвика назадување или од во празно. Публиката може да се навреди сфаќајќи ги како обиди за исмевање на нивниот јазик, обичаи, или на нив самите.
Трансфер
Ова е техника на проектирање позитивни или негативни квалитети (пофалби или осуди) од еден (ентитет, објект, личност, вредност, индивидуа, група, организација, нација и сл.) на друг, со цел вториот да се направи по прифатлив или да се оцрни. Оваа техника генерално се користи за префрлање на вината од едната страна на конфликтот на друга. Трансферот предизвикува емоционален одговор, коj стимулира идентификување на целта со препознатливи авторитети.
Најмало од сите зла
Ова е техника коjа дава на знаење дека преземената акција можеби не е посакувана, но дека секоја друга алтернатива би довела до далеку по несакани последици. Оваа техника генерално се користи за да jа објасни потребата од жртви или пак да ги оправда на изглед непријатните акции кои jа лутат целната публика или ги намалуваат личните слободи. Често користено во оваа техника е проектирањето на вината за непријатните и рестриктивни услови на непријателот
Етикетирање (обраќање со погрдни имиња)
Оваа техника се обидува да ги зголеми предрасудите каj публиката со етикетирање на објектот на пропагандната кампања како нешто од што целната публика се плаши, се гади, го мрази или го смета за несакано.
Типови на етикетирање:
Директно етикетирање се користи кога публиката е сочувствителна или неутрална. Тоа е прост, директен напад на опонентот или опозиционата идеја.
Индиректното пак етикетирање, се користи кога директното би предизвикало антагонизам каj публиката. Тоа е вид на напад коj се наоѓа помеѓу директно етикетирање и инсинуација. Овде се најкарактеристични сарказмот и исмевањето.
Во етикетирањето се користат карикатури, илустрации и монтажни фотографии, и често се со фатален ефект.
Несакани својства на етикетирањето: Во својата екстремна форма, етикетирањето може да индицира дека пропагаторот изгубил чувство за пропорција или е неспособен да конструира позитивна кампања.
Покажување со прст кон непријателот
Ова е форма на упростување во коjа комплексна ситуација е редуцирана до точка каде што „Непријателот“ недвосмислено е идентификуван. На пример, претседателот на државата Х е присилен да декларира вонредна состојба, со цел да го заштити мирољубивиот народ на својата држава од бруталната, неиспровоцирана агресија на лидерите од државата Y.