Да може и тоа да е темата ама јас сакам да посочам дека вие сте во непријателските редови. И тоа му доаѓа како дел од стратегија за одбрана.
Пропагатор.
Ај да не носиш неосновани заклучоци, ќе направам мала ретроспектива на напишаното.
Во
првиот мој пост од темата, јас само посочив на омаловажувањата и навредите од страна на Heidrich, кон еден друг член на форумот. Без никакви зли намери и без никакви позадини.
Веќе во следната реплика го добив следниот одговор:
-
Добро.Груевски е крив.Ке победите на изборите.
Што нема врска ниту со она што јас го посочив, ниту со Груевски и Шекеринска.
И покрај провокацијата упатена кон мене,
се обидов да укажам дека ова не е некој стручен воен колегиум на кој ќе се линчува секој кој ќе изнесе некој поразличен аргумент или информација, туку обична дискусија во која секој има право да си го каже она што го мисли (па по цена и да греши), а притоа од лапсуз, и самиот наведов неточна информација.
Во следниот пост веќе
бев наречен гркоњубец и предавник, на кој не можев а да не
одговорам со ист тон.
Но господинот не застана таму,
па продолжи во неговиот стил, по што
на културен начин му објаснив (во вториот дел од постот) дека неговите невкусни шеги со кои сака да докаже дека некој е предавник, најмалку треба да ги упатува кон оној што на дело ја има докажано својата љубов спрема државата.
Затоа и го наведов примерот со потценувањето и преценувањето.
Затоа би те замолил да носиш заклучоци, исклучиво врз база на реално согледување.
А во иднина да не се дојде до ситуација како ова, потребно е само мало подигање на нивото на толеранција во дискусиите.
Мислам дека без разлика на политичката наклонетост или ненаклонетост, сите ние само сакаме да придонесеме за подобра иднина на државата која ни значи се'.