"Билатералните расправии на Балканот, подобро е да се решаваат со политички наместо со правни средства" Рен оди и понатаму, како да не сака да сфати дека постапката во Хаг е за кршење на меѓународни норми во конкретниов случај Времената спогодба, а не за решавање на спорот и вели: "Како Нордиец, а тие по дефиниција не го разбираат Балканот, понекогаш ми е тешко да сфатам дека историските расправии најпрвин се решаваат судски наместо политички".
Цитат од:
http://vecer.com.mk/?ItemID=4CC8710D91C1484EBFF0D494A4F7B6B
Е, ова се вика измрзнат мозок.
Како може да биде политичко прашање моето право на самоиндентификација??
Кога ќе размислам подобро, можеби навистина местото не ни е таму ( во ЕУ ).
Едноставно, се гледа дека постојат големи разлики во начинот на размислување. Потврда за ова наоѓам што нашите надежи, дека во тие организации царува правда, рамноправност, почитување на основните човекови права не се остварија. Напротив, тие со нас се однесуваат како да сме во второ одделение, и за се што незнаеш или не се согласуваш со учителот добиваш казна.

Ако го погледнете однесувањето на Америка, (барем официјално се трудат да изгледаат неутрални) и го споредите со она на нашата браќа по цивилизација (кој рече дека цивилизациски сме припаѓале во Европа???) ќе видите дека навистина "нешто е гнило околу Данска".
Што штити Европската Унија и кои се нејзините цели, кога со своите постапки и некоординираност во надворешната политика се повеќе ја губи смислата за своето постоење?
Не дека сум против членството на Македонија во ЕУ, ама изјавите на европските политичари како однос спрема нас навистина ме иритира. Па, и во овој случај како мислење за македонската одлука за покренување судски спор.