Мислење од греач на фотеља не е валидно.
Па и да знаеш дека чат-пат (понекогаш) си во право.
Наместо да мрчи сега, требаше да го осети моментот кога Македонија пред Букурешт ја имаше најдобрата можност да го реши спорот, и јасно и недвосмислено да кажат дека шансата и моментот не смејат да се прокоцкат.
Наместо тоа, тој спомнуваше некакво виткање кичми, виткање колена...дрн дрн јариња.
Се' кажа, но најбитното не.
Доколку му беа поважни државните интереси, а не чекањето да Грујо се заплетка во мрежата која самиот си ја плете, требаше да го каже ова.
- Господине Груевски! Народе на Македонија. Ајде еднаш да заиграме со отворени карти. Предлогот кој го имаме на маса, во наредните 10 години...нема да го има. Јас како лидер на најголемата опозициона партија во Македонија, цврсто стојам на ставот дека овој предлог може да биде основа за решение на 15 годишната голгота. Со допрецизирање на овој предлог, Македонците ќе си останат Македонци, јазикот ќе си остане Македонски, а нашите пријателски држави и во иднина ќе можат да не ословуваат како Република Македонија.
Груевски нема храброст да ви го соопшти ова, бидејќи е опседнат од својот рејтинг.
Јас рејтинг немам, па нема ни што да изгубам.
Затоа во име на иднината на Македонија, ја преземам целата одговорност, и ја повикувам целата Македонска јавност и сите релевантни експерти по домашно и меѓународно право, добро да го проанализираме овој предлог, дадеме сугестии за негово допрецизирање, го испратиме до медијаторот пред самитот во Букурешт, и со помош на нашите пријатели дојдеме до конечно решение.
А не после Букурешт ќе виткал кичма.
Кичмата е одамна свиткана. Се чека јунак кој на Македонскиот народ да му го објасни тоа.
Се чека јунак кој ќе му каже дека како Република Македонија во НАТО и ЕУ, во наредните 100 години нема да влеземе.
А не народот да го лаже дека ем целосно ќе си останеме Република Македонија, ем во НАТО и ЕУ ќе влагаме.
Тоа е просто неизводливо....барем за оние кои реално гледаат на работите.
Ете тоа првин требаше да му го каже, како што го викаш грејачот, за да има основа сега да пука врз грујовата тајно донесена одлука за покренување судска постапка, што во превод значи одлагање на евроаспирациите од 3 до 5 години.
Основата сега ја нема.
Работите се такви какви што се.
Во ситуација кога знаеме дека е испуштена најголемата шанса.
Во ситуација кога знаеме дека Македонија во спорот веќе ја нема наклонетоста на Буш, што директно се осеќа преку заострената реторика и барања на грчиштата.
Што друго и преостанува на Македонија, освен да посегне по едниот од двата преостанати механизми, кои беа чувани за лоши времиња.
Што друго му преостанува на Груевски ?
Зарем некој очекува да признае дека од страв поради намалување на фамозниот рејтинг, не го кажал она што требало да го каже.
Или барем некој од нив двајцата да се потрудеше, јасно и недвосмислено да го каже она што 17 години се премолчува.
Нема и НАТО и ЕУ, и Република Македонија за сите.
Има или најдобае можен договор па НАТО и ЕУ.
Или Република Македонија само за нас.
Тоа е вистината.
Инаку лично Јас, во ситуација кога веќе е донесена одлуката, во ситуација кога сите паметњаковичи ги заебаа работите и немаа визија за да погледнат барем 5 години нанапред, давам површна подршка на тужбата, бидејќи мислам дека не е чисто ради дневно политички потреби донесена.
Но не гледам никаква потреба од еуфорија.
Чуму уште сега триумфализам ?
Кога се знае дека и доколку се донесе пресуда во наша полза (што е под знак прашалник), грција пак има можност да не спречи во патот кој го одиме.
Па овие сојузи (НАТО, ЕУ) се измислени токму поради штитењето на интересите на тие што се дел од тој сојуз.
И кога се знае дека и доколку се реши во наша полза, проблемот ФИРОМ и понатаму останува.
И најсе.
Во моментот, под условите кои погоре ги наведов, давам подршка...но го задржувам правото за понатамошна критика во зависност од правецот во кој ќе се одвива процесот, бидејќи моментално сметам дека Груевски трипати измерил а еднаш пресекол, па да се надеваме дека знае што работи.
Ставот за дилетанскиот начин на кој е донесена, сепак останува.