Исповед

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Немаш ПОВИК???
А што рече Исус одете низ целиот свет и ширете го евангелието. Ти да не сакаш Исус да се симне и да ти каже??
..а мене ограничениот, све ми се чини дека Христос таа заповед им ја даде на Апостолите, а не мене. Мене ме нема во евангелијата, разбираш.
Дај ми цитат Библиски, каде е запишано дека Он токму МЕНЕ ме повика на проповедање на Неговата добра вест.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не знам зошто се фокусирате на тоа дали мора да има свештеник или не. Сепак, штом иниситирате...

Како што сами не се крштеваме и венчаваме, така не може ни сами да се исповедаме.
Едноставно, се раѓа потреба во нас да пронајдеме човек, кој ќе посведочи и ќе посредува помеѓу нас и Бога. А, свештеникот е токму тоа. Продолжение на Божјата воља и медијатор во комуникацијата помеѓу нас, грешниците и Севишниот. Истото влече корени уште од Апостолите кои ја примиле мудроста на Светиот Дух.
И не гледам посебна причина се преиспитување на таквото правило во православната Света Тајна.

Ако сепак чувствувате недоверие во конкретниот свештеник, побарајте друг за ваш духовен отец. А, верувајте,ќе најдете таков.
Како што за физичките болести бараме соодветен лекар кој ќе не упати во лекувањето на телото, така бареме и духовен "лекар" за смртната болест на духот, односно гревот.
Тоа е така во Православието, и јас, на пример, го прифаќам како правилно и логично.

Сепак, останува фактот дека најголемиот пат на исповедтта и покајанието треба да го изодиме сами. Односно,само нашето искрено каење и желба за промена може да ни помогнат. Доколку тоа не го направиме сосема искрено, тогаш свештеникот не ни е од особена корист. Затоа што нема тој, туку ние сами ќе застанеме пред Господовиот Суд, каде што ќе одговараме за наште постапки.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
..а мене ограничениот, све ми се чини дека Христос таа заповед им ја даде на Апостолите, а не мене. Мене ме нема во евангелијата, разбираш.
Дај ми цитат Библиски, каде е запишано дека Он токму МЕНЕ ме повика на проповедање на Неговата добра вест.
Е Мики..Исаја бил еден од подобрите пророци и еден од моите омилени баш заради ваквите стихови..
Ерусалиме, на твоите ѕидови поставив стражари: ни дење ни ноќе не смеат да замолчат. О вие кои Го споменувате Господа, нема почивка за вас!
Мислам дека е доволно јасен стихот...нема потреба од објаснување..
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
... Ама мене сеуште ме нема во стихот....
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не знам зошто се фокусирате на тоа дали мора да има свештеник или не. Сепак, штом иниситирате...

Како што сами не се крштеваме и венчаваме, така не може ни сами да се исповедаме.
Едноставно, се раѓа потреба во нас да пронајдеме човек, кој ќе посведочи и ќе посредува помеѓу нас и Бога. А, свештеникот е токму тоа. Продолжение на Божјата воља и медијатор во комуникацијата помеѓу нас, грешниците и Севишниот. Истото влече корени уште од Апостолите кои ја примиле мудроста на Светиот Дух.
И не гледам посебна причина се преиспитување на таквото правило во православната Света Тајна.

Ако сепак чувствувате недоверие во конкретниот свештеник, побарајте друг за ваш духовен отец. А, верувајте,ќе најдете таков.
Како што за физичките болести бараме соодветен лекар кој ќе не упати во лекувањето на телото, така бареме и духовен "лекар" за смртната болест на духот, односно гревот.
Тоа е така во Православието, и јас, на пример, го прифаќам како правилно и логично.

Сепак, останува фактот дека најголемиот пат на исповедтта и покајанието треба да го изодиме сами. Односно,само нашето искрено каење и желба за промена може да ни помогнат. Доколку тоа не го направиме сосема искрено, тогаш свештеникот не ни е од особена корист. Затоа што нема тој, туку ние сами ќе застанеме пред Господовиот Суд, каде што ќе одговараме за наште постапки.
Свештеникот нема улога да ни биде „од корист„: едноставно, свешеникот, било кој да е, има и власт и должност да исповеда било кого, кој смета дека има потреба од исповедање на своите гревови.
А покајникот е тој кој е должен да ги исповеда и да се покае за своите гревови, а не да бара некаква мотивација за исповедање од свештеникот. Но, како што веки Св. Јован Златоуст, во вечерните молитви: „...Господи, дај ми помисла за исповедање на гревовите мои...„ така треба и да постапи покајникот. Во секој случај, и исповедникот и покајникот имаат свој дел и удел во Светата Тајна покајание, при која е незамисливо да бидат еден без друг.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Со оглед на тоа дека не се чувствувам Бог знае колку религиозен... (feel the irony, ha?)

Сметам дека покајанието за кое се зборуваше во првиот пост (пред да премине во дебата за светеници) е важно но само во случај кога навистина доаѓаме до точка каде имаме што да си кажеме на себе. Тоа да не биде миг, по трагична случка каде наеднаш сме најголеми верници, туку себеспознание по кое сме решени да го одиме патот кој ни се гледа правилен.
Дури и покајанието низ зборови според мене не игра никаква улога. Чувството е важно, а како што би рекле верниците, Бог е во сите нас, тогаш со самата помисла ние веќе сме се исповедале и покајале. Ништо не значи кажувањето некому дека ни е жал, дека бла бла. Важни се делата понатаму.

Не ми кажувај дека ме сакаш... покажи ми!!!! :coffee:
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2

Многу убаво кажано, тоа е најбитното, ама не заборавај дека покајаните гревови некој треба да ти ги разреши во името на Господ. Не заборавај дека како што сме имале храброст да ги направиме лошите дела, така треба да имаме храброст и да ги исповедаме. Лесно е да се исповедаш пред Бог, без помош на свештеник, затоа што не Го гледаме и немаме срам за направените гревови, додека пак, пред свештеник не фаќа срам и друг пат кога ќе сакаме да направиме некоја глупост, ќе размислиме два пати.

Покајание и исповед, без разрешна молитва од свештеник се пола пат на промена на животот кон позитивно. Мора да се има духовен отец, кој ќе може со своите духовни очи да погледне во нашата болна душа и да ни го даде потребното лекарство за исцеление.

Христос посреди нас!
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Никогаш официјално пред свештеник се немем исповедано ама тоа си го правам вака по форуми хехехе.Мое лично мислење е дека не мора да биде присутен свештеник за исповед едноставно слушајте ги луѓето надвор за што разговараат па ќе видите дека секојдневно се исповедуваат едни на други.Еднаш еден таксист ми рече дека бил како поп,едноставно скоро сите негови муштерии му ги кажувале проблемите,маките,гревовите па овај морал да ги слуша.
 
Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Со оглед на тоа дека не се чувствувам Бог знае колку религиозен... (feel the irony, ha?)

Сметам дека покајанието за кое се зборуваше во првиот пост (пред да премине во дебата за светеници) е важно но само во случај кога навистина доаѓаме до точка каде имаме што да си кажеме на себе. Тоа да не биде миг, по трагична случка каде наеднаш сме најголеми верници, туку себеспознание по кое сме решени да го одиме патот кој ни се гледа правилен.
Дури и покајанието низ зборови според мене не игра никаква улога. Чувството е важно, а како што би рекле верниците, Бог е во сите нас, тогаш со самата помисла ние веќе сме се исповедале и покајале. Ништо не значи кажувањето некому дека ни е жал, дека бла бла. Важни се делата понатаму.

Не ми кажувај дека ме сакаш... покажи ми!!!! :coffee:
Се согласувам со болдираново, но дали навистина така се однесуваме и дали почитуваме кога некој така се однесува со нас??? Или само знаеме како треба и ќе кажеме како треба, ама ние пак ќе си тераме по свое.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Никогаш официјално пред свештеник се немем исповедано ама тоа си го правам вака по форуми хехехе.Мое лично мислење е дека не мора да биде присутен свештеник за исповед едноставно слушајте ги луѓето надвор за што разговараат па ќе видите дека секојдневно се исповедуваат едни на други.Еднаш еден таксист ми рече дека бил како поп,едноставно скоро сите негови муштерии му ги кажувале проблемите,маките,гревовите па овај морал да ги слуша.
Па и јас тоа ти го велам - ти можеш да се исповедаш на кого сакаш, но работата е дали тој на кој ќе се исповедаш може да ти ги разреши гревовите.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Па и јас тоа ти го велам - ти можеш да се исповедаш на кого сакаш, но работата е дали тој на кој ќе се исповедаш може да ти ги разреши гревовите.
А кој може освен Бог?
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Kao ciraci mu trebaat a? breee... ne veruvam!:nenene:
На апостолите Бог им дал власт да разрешуваат гревови, а не на сите верници.

Матеј 18: 18
„Вистина ви велам: се што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.

Матеј 16: 19
И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.

Јован 20:23
На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.

А апостолите преку ракоположување таа власт ја пренеле и на други.

Дела 20: 28
Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.

1 Тимотеј 5: 22
Раце на никого не полагај пребрзо,

2 Тимотеј 1: 6
Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце.

Тит 1: 5
Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал

Инаку, која е логиката на ракоположувањето и поставувањето на епископи?
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Значи свештениците се богови на земјата според Маран Ата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom