Не знам зошто се фокусирате на тоа дали мора да има свештеник или не. Сепак, штом иниситирате...
Како што сами не се крштеваме и венчаваме, така не може ни сами да се исповедаме.
Едноставно, се раѓа потреба во нас да пронајдеме човек, кој ќе посведочи и ќе посредува помеѓу нас и Бога. А, свештеникот е токму тоа. Продолжение на Божјата воља и медијатор во комуникацијата помеѓу нас, грешниците и Севишниот. Истото влече корени уште од Апостолите кои ја примиле мудроста на Светиот Дух.
И не гледам посебна причина се преиспитување на таквото правило во православната Света Тајна.
Ако сепак чувствувате недоверие во конкретниот свештеник, побарајте друг за ваш духовен отец. А, верувајте,ќе најдете таков.
Како што за физичките болести бараме соодветен лекар кој ќе не упати во лекувањето на телото, така бареме и духовен "лекар" за смртната болест на духот, односно гревот.
Тоа е така во Православието, и јас, на пример, го прифаќам како правилно и логично.
Сепак, останува фактот дека најголемиот пат на исповедтта и покајанието треба да го изодиме сами. Односно,само нашето искрено каење и желба за промена може да ни помогнат. Доколку тоа не го направиме сосема искрено, тогаш свештеникот не ни е од особена корист. Затоа што нема тој, туку ние сами ќе застанеме пред Господовиот Суд, каде што ќе одговараме за наште постапки.