Човече, до вчера на интернет читавме дека постои IPTV, нормално дека повеќе (во овој момент само) ќе е распространет дримбоксот

За прескапо и премалку не се согласуваме... Цената е 500 денари за IPTV а канали има преку 70, повеќе од некои (сите?) кабелски телевизии. Плус, ова е во тешка почетна фаза, очекувам да има големи промени во иднина во број на канали и нивен квалитет.
Интернетот е ограничен на 150 гига, точно. Јас го имам Comfort+ 2 месеца и досега максимум стигнав до 120 гига трансфер со симнување на филмови. Сега кога ќе имам 70 канали мислам дека многу помалку ќе симнувам и филмови. А телефонските разговори се ограничени на 100 часа месечно. 100 часа месечно се преку 4 дена, нон-стоп разговарање. Ако си толку заљубен во слушалката посети психолог.
Јас во овие 2 месеца немав проблем со наплатата на разговорите. Последната сметка ми е во износ од 2450 денари, со некои екстра услуги како додатен број, прикажување на број на повикувач, такви некои ситници. Инаку таман испаѓа сметката колку што ветиле.