Едноминутно молчење за сестрата на БерлускониЕкипите на Милан и Вердер ќе имаат едноминутно молчење вечерва на "Сан Сиро" во дуелот од Купот на УЕФА откако утрово почина сестрата на претседателот Силвио Берлускони, Марија Антоанета.Умрела сестрата на Берлускони и вечер ќе има едноминутно молчење.RIP.

Фудбалерите на Милан ќе носат црни ленти на рацете во знак на почит кон починатата која е помала сестра на Берлускони и почина на 65-годишна возраст.
Официјалната веб страница на клубот го изрази своето сочувство кон семејството Берлускони.
"Сите во Милан заедно со директорот и персоналот сакаме да му изразиме сочувство на нашиот претседател и неговото семејство по загубата на Марија Антоанета Берлускони".
"Истата мисла оди на семејството Берлускони и од фановите на Милан".
Росоњерите се надеваат да се концентрираат на вечерашниот натпревар. Александре Пато најверојатно ќе биде стартер, но Роналдињо беше изоставен поради повреда.