Не те мислев за толку глуп или наивен, незнам кое од двете.
Пази, “мала доработка“.. ти кај живееш, па по твоја волја ќе се обликува предлогот.
Она што не си го сфатил од предлогот на Нимиз над кој се пењавиш цело време:
Многу пати имам напоменато дека нецивилизираните зборови, не зборуват за оној кон кого се упатени, туку за оној кој неосновано ги упатува.
Али од друга страна па може да те разберам. Ти и твоите истомисленици на форумов (меѓу кои има и исклучоци) сте тренди деца, и само го следите актуелниот вокабулар на партијата чиви интереси ги застапувате.
Па нека ти биде.
Зборот ми беше само дека имам разбирање за таквиот речник... па така да можеш слободно да продолжиш....
....а јас во иднина, не би се задржувал на таквите провокации, се разбира додека не се помине границата и на невкусното.
Вака.
Пред да прејдеме на рециклирање на точките (за што ни јас ни ти не сме компетентни), прво би со осврнал на она што вчера го тврдев, а тоа е дека предлогот Република Македонија (Скопје), беше најдоброто можно решение за компромис, во кој Македонија би изгубила најмалку во споредба со минатите, а како што гледам и идните предлози.
За почеток би цитирал еден текст од "Вест", напишан на 3/28/2008.
################################################
ЦРВЕНКОВСКИ И ГРУЕВСКИ ПРЕД ИСТОРИСКА ШАНСА ЗА ПРЕСВРТ ВО СПОРОТ СО ГРЦИЈА
Сепак, Македонија.
Македонскиот државен врв има
историска шанса за пресврт во спорот за името со Грција, по последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц. Тој во вторникот, на последната рунда преговори во Њујорк го предложи името Република Македонија (Скопје) за меѓународна употреба,
со акцент дека не се загрозува националниот идентитет бидејќи термините "македонски" и "Македонија" не потпаѓаат под ничиј ексклузивитет.
И
експерти и дипломати кои го следат проблемот сметаат дека ова е
убедливо најприфатливо решение за Македонија
зашто се задржува уставното име и не се менува ни Уставот ниту пасошите.
Сите тие потсетуваат на еволуцијата на спорот со името и сметаат дека фактот што основа на конечниот предлог е името
Република Македонија е голема придобивка.
"Што и да е одговорот на Грција, без разлика на нејзиниот став,
Македонија мора да го зададе решителниот удари да ја преземе играта", велат дипломатски извори и додаваат:
"Не смеете да си дозволите грешка, оти ако ова пропадне, сами ќе се закопате".
[Така и бидна]
Тие потенцираат дека сега, пред самитот на НАТО каде што се очекува покана за членство,
најважно е да се менаџираат внатрешните односи во земјата и да се постигне вистинско единство во државниот врв.[Што ќе каже дека предлогот треба да се прифати со концензус од сите релевантни политички фактори во државата, и тоа пред самитот за да има можност Американската администрација да делува и на другата страна за прифаќање, а не Никола во Букурешт на Буш да му шепне на увце, арно бе....прифаќам...кажи им]
"Грците се преиграа со заканите за вето. Да не се преигра и Груевски со заканите дека ќе ги прекине преговорите и со играњето на карта на популизам", велат дипломатите.
[Така и бидна, по втор пат]
Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски вчеравечер се сретнаа во претседателскиот кабинет за да го разгледаат уште еднаш предлогот на Нимиц кој го донесе преговарачот Никола Димитров.[Првиот излезе со став, вториот како и до тогаш.....мислеше дека мудро молчи]Дипломатите укажуваат на тоа дека САД се убедени оти со овој предлог би требало да се постигне бараниот компромис со кој ќе се спречи грчкото вето за Македонија во НАТО.
"Сметајте го ова за последен предлог на САД. Вие прифатете го, а сето останато оставете ни го нам. [Обрни внимание на ова]
Ова е тест и за Македонија и за Грција колку им веруваат на САД", додаваат дипломатски извори.
Новиот последен предлог за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, кој посредникот Метју Нимиц им го достави на двете страни, е модифицирана двојна формула. Овој предлог содржи:
- Име за домашна употреба останува Република Македонија (што значи дека не се менува Уставот и пасошите и не се задира во националниот идентитет).
- Меѓународното име да биде англиска транскрипција на уставното име со главниот град во заграда.
- У
потребата на поимите македонски и Македонија не е ограничена и не подлежи на ексклузивитет на ниту една од двете страни согласно меѓународната правна практика.
- На земјите што досега ја признале земјава под уставното име, ќе им биде укажано да го користат меѓународното име,
но нема да бидат обврзани на тоа, туку ќе биде оставено самите да решат кое име ќе го користат.
- Македонија да не се користи како официјално име на која било држава.
- Обврска на двете страни за добрососедски односи.
- Поддршка од Грција за влезот на земјава во ЕУ и НАТО.
- Преиспитување на одлуките за преименување на аеродромот во Скопје.
Еволуција на проблемот за името.
Во Лисабонската декаларација за признавање на земјава донесена во јуни 1992 името Македонија никаде го нема. Грција и инсистираше дека не може да прифати друга земја со име Македонија и бараше зборот Македонија да не се содржи во името на нашата земја. Тогашната Европска Заедница (ЕЗ) тоа го прифати со лисабонската декаларација.
Во декемви 1992, за време на претседателствоот на Велика Британија со ЕЗ, Робин О'Нил, кој беше европретставник за решавање на проблемот со признавање на Република Македонија, го предложи името Република Македонија (Скопје), што прво го одби Грција а веднаш потоа го одби и македонскиот парламент.
Потоа беше донесена Единбуршката декларација која ја анулира Лисабонската декаларација и го предаде проблемот за признавање на Република Македонија од земјите членки на ЕУ во ОН.
Во април 1993 е донесена резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН со која земјата е примена во Обединетите Нации со привременото име Поранешна Југословенска Република Македонија.
###################################################
Вчера тврдев, а денес после гуглањето од еден час, сум уверен дека овој предлог НЕ СМЕЕШЕ да се пропушти заради нечии суети, туку во најголем дел требаше да се прифати, заради иднината на државава. Тоа го рекоа скоро сите релевантни фактори кои се повикани да дадат мислење по ова проблематика, само ставот на најповиканиот изостана....барем во времето кога беше најпотребен.
Молчењето не секогаш е злато....тоа и се потврди.
Џабе од кога помина цела ситуација за некаков напредок, најповиканиот прифати, а со тоа докажа колку е несериозен кога се работи за такви сериозни прашања и моменти.