Јас ако те убијам, дали Бранко ќе те врати од мртвите? Нема. Веќе те закопале. Не кењај, некои работи не може да се повратат. Поготово кога се усрани од самиот почеток. Да не се направеше таа грешка (која се повеќе сум убеден дека е намерна, платена и тн...) немаше да ја има оваа сапуница наречена „преговори“.
Па не ќе е баш така.
Македоија денес, е во многу поповолна ситуација од фамозниот 13-ти септември 1995 година, во финансиски и било каков друг смисол.
1995 година, со никаков буџет, со никакви стратешки пријатели, со недооформени институции и со ембарго.....и немаше кој знае каков избор....така да беше приморана во име на зачленување во европските и светските организации (без кои не можеше да се развие во една нормална држава), да прифати преговори со грците.
Денес, барем десет пати сме помоќни од тогаш, а Груевски има огромна политичка моќ за да стави крај на преговорите. Па после може и знамиња да враќа, и пред карти на голема Македонија да се слика....и да прави што му душа сака.
Но, прашањето ккое се поставуваше 1995 година, се поставува и денес.
Дали Македонија има алтернатива на ЕУ и НАТО.
Тоа е најбитното прашање кое провејува веќе 13 години, а на кое барем до сега, никој не дал издржан одговор.