Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Некој доказ дека е наместен натпреварот!? Тоа што си од Прилеп (градот на местењето) не мора да значи и дека ја кажуваш вистината... Лесно е да кажеш дека е наместен, а многу потешко да докажеш. И јас можам да кажам дека на полувреме некој анонимен човек близок до Пелистер нудел пари за да изгуби Вардар, па сакаш ти верувај, сакаш не... 90% од форумов знаевте дека Вардар ќе го освои купот, дека ги купил сите натпревари од купот, сега знаете дека со Пелистер е купена, што е следно се прашувам, можеби и трети ќе завршиме на крај од сезона...

Da ne bidime smesni, za da se namesti natprevar treba soglasnost od 2 ekipi.Vo eden takov slucaj se najde i Vardar protiv Pobeda.Znaci i pokraj kaznata od Lozana, da tvrdis deka samo "Прилеп (градот на местењето) " e mnooogu smesno!

--- надополнето ---

Абе мисир еден, ти ли најде да кажуваш за поткупување!? Хари и Ацуле ви ја однесоа Победа до пропаст, па не гледам дека им фали влакно на главата во родниот град. Што е најстрашно, си основаа нов клуб како ништо да не било. Кај сте да реагирате!?
Послаб тим сме имале од Пелистер!? Не знам од кај го заклучи ова искрено! Точно е дека сме слаби, ама барем нив не е проблем оваа сезона да ги добиеме.
П.С. Брацо не знам што барал во Битола. Тоа ти кажуваш! Го виде со свои очи или пак некои рекла-казала муабети пренесуваш. Можда бил во шопинг да земе некоја роба на екстра снижување. Сега и во Битола има трговски, не е како во почетокот на 90-тите кога мораа да доаѓаат на шопинг во Скопје :icon_lol:

Ispusteni se skoro site fudbalski brendovi vo drzavava i na nikoj ne mu fali nisto, a ne samo na acule i hari!
 
Влатче, еден од ретките си кои ги ценам во фан клубот на Победа, но верувај дека не е потребна согласност од двете екипи за местење на натпревар... Да ги молиш противничките играчи да ти дадат гол, да не напаѓаш, да правиш лизгачки стартови 3 метри од играчот, ваква беше играта на Победа против Левадија и Пјуник. :) Претходниот пост беше наменет за таа конзервата која од вчера прати фудбал, а денес е експерт за истиот тој фудбал. Вардар против Победа беше сосема друг случај на местење, односно Вардар изгина на терен се со цел да не изгуби од Работнички, а на Победа и ги поклони бодовите на домашен терен, а со тоа и титулата, а за возврат го доби купот.

Знаеш колку луѓе на форумов беа убедени дека Вардар ќе го освои купот оваа година и дека ги "купил" сите натпревари!? После тоа истите тврдеа дека бил купен натпреварот со Тиквеш во Кавадарци, ама кавадарчани изиграле со срце и победиле 4:0. Последниот "изум" е дека Вардар го купил натпреварот со Пелистер, и пази сега, најсмешното е што за тоа е крив Брацо, а не оние т.н. фудбалери на Пелистер кои наводно ги земале тие пари. Јас признавам дека Вардар има мизерен и очаен тим, но очигледно е дека некои луѓе на форумов не можат да го сфатат тоа, не можат да разберат како може Пелистер да изгуби од еден ваков тим, па затоа цела држава им е крива.

Поздрав Влатче, се гледаме или наредната сезона или пак за 2 години :)
 
Таа кладилницата ве уби, секое изненадување се тврди дека е наместено. Конзерва ти да не ја договараше со Брацо во името на битолчани пошто те гледам многу речит и снаодлив тип си :pos2::pos2::pos2:
 
Победи срцето на Вардар
D0F6EB9CE22BFE44980B866260776500.jpg

"Среќен сум што играчите се надминаа себеси, пред сe од психолошки аспект. Ова е нивен триумф, кој дава 'крила' дека за Вардар, по средувањето на состојбата, нема да има зима", вели Ѓорги Тодоровски
Вардар по повеќе од три години успеа да ја однесе победата од "Тумбе кафе" и тоа благодарение, како што вели шефот на стручниот штаб Ѓорги Тодоровски, единствено на фудбалерите кои издигнувајќи се над сите проблеми стигнаа до тримфот кој за "црвено-црните" не значи само голи три бода, но и многу повеќе кога е во прашање пресметката со Пелистер.
Без разлика во каква резултатска ситуација се наоѓаат и двата клуба, за "вардарци" победата против "зелените" носи огромно задоволство кое беше нескриено и на вчерашниот тренинг...


Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=AB895BE52C92414E9CEE7613407E0644

--- надополнето ---

Читав денеска дека се очекува да ни бидат вратени оние одземени 3 бода, колку е точно не знам, ама знам дека со тие бодови шансите за опстанок многу ќе се зголемат, а со тоа и гневот кај познавачите на фудбалот од Битола...
 
Браво за тој што го врати, секоја чест. Иако нашиве не ни требало да помислат да го загубат највредниот трофеј од нашата историја!
Секоја чест али бивало у кутија за чевли?:pos2:
 
Секоја чест али бивало у кутија за чевли?:pos2:

Знаејќи во каков организациски хаос беше клубот минативе години, ништо чудно и во кутија за чевли да го зел. :pos2:
Пак викам секоја чест, изгледа е некој кој што го сака клубот, инаку можеше слободно да го претопи или да го продаде на некој колекционер.
 
Како би обезбедил Коце сала, кога него приоритет му се коцките на плоштад, жичарите до Водно и интернетот во автобусите кои за волја на вистината немаат светло, прокиснуваат при росење, а да не збориме што се случува кога "убаво" ќе заврне...
 
Како би обезбедил Коце сала, кога него приоритет му се коцките на плоштад, жичарите до Водно и интернетот во автобусите кои за волја на вистината немаат светло, прокиснуваат при росење, а да не збориме што се случува кога "убаво" ќе заврне...
Не се чуди Коце што нема слух за работите а башка и нема поима од фудбал и спорт така да не е он кривецот...Сите т.н. Легенди се откажани од клубот и ги нема нигде да се појават да видиме дали се живи ... Кај е Панчев да им фрли на децата 5 фудбала да има со што да тренираат децата ??? Кај е Најдовски, Рингов итн итн што име имаат направено преку клубот да му помогнат коа му е најтешко а не да се правда Панчев ќе влезам во нашиов фудбал во подобри времиња. Деца има немаат со што да трениираат а имаат голема желба, 10 пара копачки и фудбали што се за едно дете да му дадеш бе а толку пари има направено ??? Пууууу јаз'к затоа кај нас нема фудбал никогаш да има ... Себични смрдлиња и безкичмењаци пу ... (Извинете што забегав малце со моабетов)
 
Не се чуди Коце што нема слух за работите...Клубот коа ќе заличи на клуб и кога ќе се средат сите работи тогаш може да се дискутира за вакви работи сега е залудно да се слават поранешни успеси кога нема иднина... Сите т.н. Легенди се откажани од клубот и ги нема нигде да се појават да видиме дали се живи ... Кај е Панчев да им фрли на децата 5 фудбала да има со што да тренираат децата ??? Кај е Најдовски, Рингов итн итн што име имаат направено преку клубот да му помогнат коа му е најтешко а не да се правда Панчев ќе влезам во нашиов фудбал во подобри времиња. Деца има немаат со што да трениираат а имаат голема желба, 10 пара копачки и фудбали што се за едно дете да му дадеш бе а толку пари има направено ??? Пууууу јаз'к затоа кај нас нема фудбал никогаш да има ... Себични смрдлиња и безкичмењаци пу ... (Извинете што забегав малце со моабетов)

Работата е на некој клуб (во случајов на Вардар) да му се помогне кога му е НАЈТЕШКО, на таа мака се познаваат јунаците, а не кога Вардар ќе има буџет од неколку милиони евра и кога ќе биде пред вратата на ЛШ... Нормално дека кога Вардар ќе има добри резултати сите од опозиција и позиција ќе се појавуваат на стадион, прес конференции, абе тогаш едноставно очи ќе си извадат кој е поголем вардарец, тогаш и цело Скопје стварно навива за Вардар, Вардар кој сега го пцујат малолетнички маалски групи... Е сега нема пари, а од тоа нема корист ни едната, ни другата партија, па затоа слободно можат да одат во селата од кај што дошле!

Со Сетинов, Гризли, Орце и цела таа компанија на "пајташи" верувај дека ретко кој сака да работи, па така подобро да си седи дома отколку некои ситни профитери да им го оцрнат името (ова се однесува за легендите).
 
Абе комити, како поминавте со навивачите на Шалке.:) Слушам биле во Скопје пред некој ден.
 
Како би обезбедил Коце сала, кога него приоритет му се коцките на плоштад, жичарите до Водно и интернетот во автобусите кои за волја на вистината немаат светло, прокиснуваат при росење, а да не збориме што се случува кога "убаво" ќе заврне...
Другар, не можеш да очекуваш од ропак да напраи нешто вредно за овој град. Тешко на нас со такви ликови. Додека во другите градови од екс-YU им поклонуваа стадиони на своите клубови, Вардар нема ни свои простории и плаќа за користење на стадионот изграден од придонесот на граѓаните за да има сопствен дом. Трофејна сала е најмалку што треба да добие Вардар од оваа држава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom