Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Линк за преку нет да се слуша пренос? Тој на сајтот на ффм не работи...
Одлично работи јас на него слушам :)
EDIT: Сега е off air :kesa: Ни на радио веќе неможеме да слушаме....
 
Еве сега е ок кај мене... :)

Во Автокоманда сред лето теренот е катастрофа, а не пак кога ќе заврне... Зборот "трева" за овој стадион е мисловна именка :)
 
Уште неколку минути до крајот. Тоа што теренот е очаен е наша предност во моментот, бидејќи полесно се браниме. Скопје е подобар противник, ги има шансите, и чиста среќа што резултатот е 0-0. Пиратине се вратиле на трибините :pos:
 
Колку само натпревари ги изгубивме во последни 5 минути сезонава, штета...

Сепак, толкави ни се силите во моментов...
 
Тоа е тоа...
Дали последна или пееста минута, пораз чист како солза.
Си отишол на гостување кај противник по твоја мерка, и одиш да земеш барем бод, а му дозволуваш на противникот да напаѓа цело време. Ништо не одиграле нашиве според тоа што слушав на радио. Ти ебам тоа тренерот глуп. Не дека имаме којзнае каков тим, ама и ја да бев тренер ќе освоев повеќе бодови од овој глупаков. Не е само среќата во прашање, толкаво е и знаењето на тренерот.
Ееее губиме од тим кој што ако не ја шутнеа Победа немаше да мрдне од втора лига. Освен Кировски другиве играчи им се гола вода, и капитенот им излезе уште во прво полувреме и пак не совладаа. Срамотилаци, и сега и да се спасиме ќе ми биде срам што ваква екипа останала во лигата.
Изгубивме од директниот конкурент и само се закопавме на претпоследната позиција. И дефинитвно тие три бода земени поради неодењето во Турново ќе не коштаат втоара лига...
 
Колку се само зелени и незрели играчиве. Еден куп утакмици ги изгубија во последни 5 минути. Ама не се ни они криви, што се фрлени прерано во оган, ради неспособноста на некои други (читај: Сетинов) да платат 10 илјади евра за укинување на забраната за трансфери. Вака Вардар е приморани да игра со деца од 17-18 години и 2-3 поискусни од третолигашки калибар (читај: капитенот Чаки и Крема стар Коле Трипуновски) зашто ништо друго не остана. Добро е и нив што ги имаме, зашто во спротивно не знам со кого ќе игравме оваа есен. Вардар е дојден до ситуација да не знае како да го состави првиот тим, доколку му недостасуваат двајца играчи. Така да, резултатите се само логично продолжение на случувањата во клубот од летото па до сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom