Иконите

Еден е посредникот помеѓу Бог и луѓето а тоа е Господ Исус Христос мене не ми треба друг посредник јас имам жив посредник на небото.

Да, Еден е посредникот Кој беше пратен од Отецот за да не повика на покајание. Од Неговото вознесение, како посредници помеѓу Христа Бога и родот човечки, се јавуваат мајката Божја, Апостолите и сите богоугодници.

Да додека биле живи

Да, сеуште се живи и ни случајно не „спијат„.

За да видиме кој на кој Бог служи дали на ЖИВ БОГ или на насликан Дедо Боже со бела долга коса и долга бела брада.

Знам на кој Бог Му служам. И сигурно не е со бела брада и бела коса.
 
За да видиме кој на кој Бог служи дали на ЖИВ БОГ или на насликан Дедо Боже со бела долга коса и долга бела брада.
Нешто околу болдираното..Бог нема внуци и внуки..само синови и ќерки...За да го наследите неговото Царство е потребно да бидете син или ќерка..ако ви е дедо ќе се појават разни вујни и чичковци и отиде јабана наследството...:wink:..Луѓето преку иконите се дрзнале да му дадат лик, иако истите се појавиле толку векови после Христос..па не е ни чудо што Горги Колозов во македонски народни приказни е Бог..
 
..за сезоната есен/зима, 2008/2009 г.
 
Зошто Исус на различни икони е нацртан различно?
Дали е тоа знак дека сликарите си цртале по нивната бујна фантазија или пак станува збор за два Исуса?
 
Христос е второто лице на Света Троица Кој на видлив начин им се јавил на луѓето. Не е дрзнување да се даде лик, туку е едноставно претставување на тој лик кој веќе бил даден со воплотувањето.
 
ikonite se izmisleni od lugeto i nema potreba da jas se klanjam pred nekoja ikona koga go imam svetiot duh i se sto mi e potrebno mi go dava On
 
"Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика (на грчки: икона) на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш"
(2 Мојсеева 20:4-5 , Библијата)
 
Најчесто, најголема полемика се ствара околу втората Божја заповед. Но за да се сфати суштината што сака Бог да каже преку тоа, ќе ја пастирам и првата заповед, бидејќи втората доаѓа како нејзина последователност.

Исход 20, 2 „Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството. 3 Немој да имаш други богови освен Мене! 4 Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;5 немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас сум Господ, Бог твој; Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено, ако тие Ме мразат;

Во овие стихови јасно се вели дека се забранува да се прави идол, друго божество кое ќе се почитува и ќе се стави на местото на Бог. А со оглед на тоа што православните христијани не ги обожаваат иконите и светителите, значи дека не се ни идолопоклоници.

Господ понатаму Самиот појаснува дека навистина со оваа заповед мисли на туѓи божества, идоли, кои се во врска со бесовите.

Исход 20, 23 Не правете си сами сребрени богови, ниту златни богови не правете сами за себе.

Исход 22, 20 Кој принесува жртва на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби.

Исход 23, 13 Пазете го сето она, што ви го кажав. Не спомнувајте ги имињата на туѓите богови; ова да не се чуе од устата ваша.

Исход 23, 23 Кога ангелот Мој ќе појде пред тебе и те одведе кај Аморејците, Хитијците, Перизијците, Хананците, (Гергесејците), Евејците и Јевусијците, и кога ќе ги истребам (од пред вашето лице): 24 немој да им се поклонуваш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку скрши ги и спомениците нивни уништи ги.

Исход 34, 13 туку жртвениците нивни урнете ги, и спомениците нивни скршете ги; и светите дрвја нивни исечете ги (и нивните излеани Богови изгорете ги во оган). 14 Зашто ти не треба да се поклонуваш на други богови освен на Господ (Бог), бидејќи името Негово е ревниво; Тој е Бог ревнител. 15 Не стапувај во сојуз со жителите на таа земја, та кога ќе се оддаваат на блуд за своите богови и им принесуваат жртва, да не те поканат и тебе да јадеш од нивните жртви. 16 И не земај од ќерките нивни жени за своите синови (и не давај ги своите ќерки за нивните синови), та да не би и ќерките нивни, вршејќи блуд за боговите свои, да ги натераат и синовите твои на блуд за боговите нивни. 17 Не прави за себе лиени богови!

Броеви 25, 1 Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав; 2 и тие го покануваа народот да присуствува на принесувањето жртви на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се поклонуваше на боговите нивни.3 И му се приклони Израил на Ваал Фегор. И се разгоре гневот Господов против Израил.
 
Мараната, втората Божја заповед забранува правење на идоли, но посебно забранува и правење на СЛИКИ како дел од нашето обожавање на Бог.

"Не ќе си правиш идол, ниту некаква слика (на грчки: икона) на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш"
(2 Мојсеева 20:4-5 , Библијата)

Значи Библијата ги осудува идолопоклонците, но посебно ги осудува и ИКОНОПОКЛОНЦИТЕ - што јасно може да се види од Втората Божја Заповед.
 
Не заборавај дека Бог ја створил првата икона (лик, образ)

Битие 1:26 Потоа рече Бог: "Да создадеме *човек според Нашиот образ (на грчки: икона) и подобие како што сме Ние, кој ќе биде +господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите - над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!"

Веќе требаше да ти стане јасно дека Бог забранил да ставаш некој друг пред Него, да обожаваш некој друг човек или предмет!

И мислам дека е редно веќе да престанеш во туѓо име да тврдиш дека некој иконите си ги сфаќа како идоли. Православните христијани го обожаваат САМО Бог, а светителите кои станале богови по благодат ги почитуваат поради „достигнување на мерата на полната везраст Христова“.
 
Мараната, втората Божја заповед забранува правење на идоли, но посебно забранува и правење на СЛИКИ како дел од нашето обожавање на Бог.

"Не ќе си правиш идол, ниту некаква слика (на грчки: икона) на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш"
(2 Мојсеева 20:4-5 , Библијата)

Значи Библијата ги осудува идолопоклонците, но посебно ги осудува и ИКОНОПОКЛОНЦИТЕ - што јасно може да се види од Втората Божја Заповед.

Чудна работа, мајката...
А ти е „идолопоклоници„ по некаков автоматизам се , секако, православните...

Ако православните се идолопоклоници и ја прекршуваат волјата Божја, изразена во втората Божја заповед, тоа би значело дека православните не Му служат на вистинскиот Бог, туку на некој идол („на местото од,,). Тој идол или би бил тешка измислица па би било апсурд да му се служи на идолот/измислицата, или пак, во најлош случај, тој идол би бил лукавиот, па ќе испадне дека нема поголеми слуги сатанини од православните верници. Од друга страна пак, ако православните се толку западнати во идолопоклонство и служење на демоните, тогаш, таквото нивно однесување би имало и видливи демонски влијанија и последици врз православните од таквите влијанија. Искуствата го покажуваат токму спротивното: чудата кои ги чинат иконите, под влијание од благодатта Божја, невозможно да се оквалификуваат како чуда на злото, пошто не доаѓаат од демонт/демоните, туку од Самиот Творец. Така, јасно е кои се чудата демонски: астрологија, магијата, принесувањето крвни жртви, предвидување на иднината, „канализирање„ на демонската енергија, контакти со „духовите„ од мртвите, видовитост, биоенергија и сл, или со еден збор, тоа се чуда од „надворешен„ карактер/природа. Чудата кои ги чинат иконите, ни оддаелку не се надворешни: оној кој се излечил од неизлечива болест, кој имал деца после години чекање на нив, се чуда од внатрешна природа и токму тоа ги дели чудата Божји од чудата демонски.

Апсурд е да се каже дека иконите се идолопоклнонство, и покрај сите постови кои се напишани на форумов на таа тема.
 
Зошто Исус на различни икони е нацртан различно?
Дали е тоа знак дека сликарите си цртале по нивната бујна фантазија или пак станува збор за два Исуса?

Исус на СИТЕ икони е насликан идентично. Разликата доаѓа од сликарските стилови кои ги користеле иконописците/фрескописците од различни времиња, но секако и од нивниот различен личен ракопис. Две личности немаат ист потпис...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom