Иконите

Апостолот имал дар Божји за сликање/цртање.
 
Апостолот имал дар Божји за сликање/цртање.
Не прашував јас за таленти туку за кршење на заповедите..Или пак некој успеал од неговиот талент да направи идолопоклонство?
 
А тоа што Апостолот имал и дар (Божји) за лекување (бил лекар) и тоа е идолопоклонство? Како можеш да кажеш дека „некој„ од Апостолот направил идолопоклоник, само затоа што го исцртал Ликот Божји? Кој е тој „некој„ кој од Апостолот би направил идолопоклоник?
 
А тоа што Апостолот имал и дар (Божји) за лекување (бил лекар) и тоа е идолопоклонство? Како можеш да кажеш дека „некој„ од Апостолот направил идолопоклоник, само затоа што го исцртал Ликот Божји? Кој е тој „некој„ кој од Апостолот би направил идолопкклоник?
Види во Библијата го нема ова...
Тешко му на оној, кој вели на дел од дрво: ‘Разбуди се!’ На немиот камен: ‘Стани!’ Тој ли ќе поучува? Ете, тој е опточен и со злато и со сребро, но никаков здив нема во него.
...за лекувањето ама гледаш за идолите го има..Инаку дури сум и скептичен дека Лука воопшто е татко на иконите..
 
Да,да..„...се што не е запишано во Писмото, не е вистинито...„ (и тн).

Уште еден пример: Апостолот Јаков ја има составено литургијата, која и ден-денес се служи од свештенството во православните храмови, во празничните денови. Занчи ли тоа дека и во овој случај, некој од Апостолите е „идлопоклоник„ , а православните се „идолопоклиници„ иако ги користат и се повикуваат на Апостолските дарови и дела?
 
Апостол Јаков има напишано литургија....не сакам да звучам вака..ама би требало да следи..и тогаш мрморецот ја виткаше чоколадата..:smir:
Знам што ќе кажеш...го нема во Библијата..ама го има во книги кои се вековно искуство...светите оци..и така...различни сме дефинитивно..се повикуваме на Исуса..ама..некои и на преданијата..
 
Како е познато..по некој пишан документ? Или према некое предание..Како тоа лично еден апостол ја занемарува втората заповед.

Маркус, читај ми го мојот коментар на 3-та страна, многу добро е објаснето што сака да каже Господ со втората заповед.

Читај, може че ти се разјаснат некои работи. Еве ти линкче
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=29503&page=3

А што се однесува до Светото Предание, ќе прифатам да поверувам дека нема Свето Предание ако ми дадеш толкување, или да ми покажеш каде во Стариот Завет ја има оваа случка

Јуда 1, 9 А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече *Господ да ти забрани!*

А да не збориме за тоа што сеуште немам добиено одговор од брат Ев како тој си ги толкува стиховите: ако те соблазнува левото око, извади го... па мислам дека би можел ти тоа да го направиш.
 
Уште ли дискутирате за иконите? Јас не знам што тука има толку за дискусија. Библискиот став е многу јасен:
- Иконите се забранети со 2-та Божја заповед.
- Исус не користел икони.
- Апостолите не користеле икони.
- Исус не поучувал ништо за иконите.
- Апостолите исто така не поучувале ништо за иконите.
- Единствена икона што е спомната во Новиот Завет е "Иконата на Ѕверот" :)

Заклучок:
- Следбениците на Христос и апсотолите не употребуваат икони.
 
Уште ли дискутирате за иконите? Јас не знам што тука има толку за дискусија. Библискиот став е многу јасен:
- Иконите се забранети со 2-та Божја заповед.
- Исус не користел икони.
- Апостолите не користеле икони.
- Исус не поучувал ништо за иконите.
- Апостолите исто така не поучувале ништо за иконите.
- Единствена икона што е спомната во Новиот Завет е "Иконата на Ѕверот" :)

Заклучок:
- Следбениците на Христос и апсотолите не употребуваат икони.

хахаха, пак демагогија само за да го избегнеш одговорот на Јуда 1,9 и што значи да си го извадиш окото ако те соблазнува. Ајде, чекам веќе со месеци за тој одговор...

п.с. тоа се многу битни работи за потврда на се она за што вие „изворните“ се буните.
 
Чорбаджи, а што ште кажеш за думите на св. јован Дамаскин

"... след като Бог се е јавил телом и е живјал сред хората, аз мога да изобразја това, което е видимо в Бога. Аз не почитам материјата, но почитам с'здателја на материјата, Којто е станал материја зарад мен, Којто е приел живот в пл'т и Којто чрез материјата е постигнал моето спасение".

Както ште да е. Този в'прос е решен оште в далечнија "Догмат за иконопочитанието на триста шестдесет и седемте свети отци на Седмија вселенски с'бор в Никеја (787 г.)"
 
nedev, не ме интересираат думите на Јован Дамаскин. Јас сум Христијанин, а не Дамаскијанин. Вие созерцавајте си на неговите думи, а јас ќе останам верен на изворното евангелие проповедано од Христос и Апостолите запишано и канонизирано во Свеото и Боговдахновено Писмо - Библијата!
 
Во однос на иконите:науката (обично психологија на религијата,како дисциплина)ги вбројува иконите во фетишизам,исто како и тотемите и секој друг предмет кон кој чувствуваш идолопоклонство.

Има една анегдота:некаде во Русија во некое село фатило силна бурја,која го уништила скоро цело село и нанела бројни материјални штети на селаните.
И некој човек,додека траела бурјата,непрестанно се молел пред икона,но сепак невремето поминало,а зад себе оставило пустош.
Човекот откако ја увидел Божјата казна,се изнервирал и ја скршил иконата на која се молел.
По бројни денови се покајал за сторената постапка и решил да се исповеда и му кажал на месниот поп за сторениот грев.
А,попот му рекол:,,Не се бој,чедо Божје,иконата не може да те чуе,таа е сепак слика,а Бог не е во сликата.Бог е насекаде околу нас.Иконата е само идолопоклонство,,


Јас реално,не се согласувам сепак со горенаведеното,од причини што чудотворни икони има насекаде и навистина помагаат и исцелуваат(прости ми Боже,ако напишав нешто погрешно)


Иначе,што се однесува до иконата како ,,идолопоклонство,,
т.е.фетишизам и тоа дека Бог е насекаде околу нас,во забуна ме става и наводното постоење на ,,Евангелие според Христос,,во кое наводно стоело:

,,Јас не се наоѓам само во некакви градби од дрво и камен,,
,,Допри го дрвото и ќе ме најдеш Мене,,
,,Крени го каменот и пак ќе ме најдеш Мене,,

Наводно ова Евангелие стоело скриено некаде во архивите на Ватикан,додека Православната Црква сосема го отфрла и го демантира неговото постоење.

Колку е ова вистина,нека каже лице,што е постручно од мене.
 
nedev, не ме интересираат думите на Јован Дамаскин. Јас сум Христијанин, а не Дамаскијанин. Вие созерцавајте си на неговите думи, а јас ќе останам верен на изворното евангелие проповедано од Христос и Апостолите запишано и канонизирано во Свеото и Боговдахновено Писмо - Библијата!

Чорбаджи, едно прашане? Дано да не ме разбереш криво, но да не стане грешка. Как да го разбирам това: "Јас сум Христијанин" в смис'л Христијанин и Православен едно и сушто ли е? Или си от протестантите?
Прашането ми не е провокација. Опитвам се да разбера отк'де идват тези твои мисли.
 
Јас реално,не се согласувам сепак со горенаведеното,од причини што чудотворни икони има насекаде и навистина помагаат и исцелуваат(прости ми Боже,ако напишав нешто погрешно)


Иначе,што се однесува до иконата како ,,идолопоклонство,,
т.е.фетишизам и тоа дека Бог е насекаде околу нас,во забуна ме става и наводното постоење на ,,Евангелие според Христос,,во кое наводно стоело:

,,Јас не се наоѓам само во некакви градби од дрво и камен,,
,,Допри го дрвото и ќе ме најдеш Мене,,
,,Крени го каменот и пак ќе ме најдеш Мене,,

Наводно ова Евангелие стоело скриено некаде во архивите на Ватикан,додека Православната Црква сосема го отфрла и го демантира неговото постоење.

Колку е ова вистина,нека каже лице,што е постручно од мене.

Иконата не е идолопоклонство. На иконата се претставени луѓе кои го обожиле својот живот и станале богови по благодат. Тие го имаат Бога во себе, како што вели Господ во Евангелието дека Неговите верни треба да станат едно со Него, како што е тој Едно со Отецот.Тие луѓе се достојни и смели пред Бога да се молат за нас, затоа ние бараме од нив тие молитвено да не застапуваат.

За појаснување, читај ги моите коментари на страна 3 и 4

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=29503&page=3
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=29503&page=4

А што се однесува до Евангелие според Христа, тоа е апокриф, односно книга на која не може да и се докаже веродостојноста на авторот, затоа и не е вметната во канонизираната Библија од страна на Светите Отци.
Но точно е тоа дека Бог е насекаде. Тоа го пишува и во Библијата - Бог не живее во ракотворни градби. Но поентата е што сака со тоа да се каже? Зарем Бог е контрадикторен Сам на Себе? Од една страна вели дека не живее во ракотворни градби, а од друга страна заповеда да се градат храмови (Соломоновиот на пр.). Поентата е дека треба секогаш да имаме на ум дека Бог е околу нас и да не грешиме. Во секое камче, во секое дрвце, во секое цвеќенце можеме да го „видиме“ Бог, односно, да ги видиме Неговите сила и живот кои се манифестираат во околината што ја гледаме. Затоа и е речено - Господ се грижи за секое врапче и за секој клас, секоја тревка. Во тоа можеме и да го „видиме“.

Но, затоа пак треба да се собираме во храмот Божји во Негово име, односно, да бидеме една Црква = собран народ околу својот епископ на Светата Евхаристија, за што и ни дал заповед.
 
А што се однесува до Евангелие според Христа, тоа е апокриф, односно книга на која не може да и се докаже веродостојноста на авторот, затоа и не е вметната во канонизираната Библија од страна на Светите Отци.
Господ се грижи за секое врапче и за секој клас, секоја тревка. Во тоа можеме и да го „видиме“.
.


Се е ОК,но сепак,значи постои тоа,,Евангелие според Христа,,?

Нели?

И имам уште едно прашање до тебе(со извинување до модераторот за оф-топикот):
-Дали Лазар,откако бил вратен од мртвите благодарение на Христос,дали постои некаде напис,каде Лазар го објаснува задгробниот живот?
Прашувам,затоашто некои луѓе тврдат дека откако допреле до ,,тамошниот,,живот,почувствувале таков страв, што се оддале на строги пости и одданост кон Бога се до крајот на животот.

-Не знам дали имаш гледано документарец,каде во едно место во Русија,каде што се работело на проект за ископување на нафта или гас,работниците на тоз проект достигнале длабочина во земјата од 14км.и ненадејно започнале да се слушаат морбидни гласови од под земја.

Јас го гледав тој документарец и доколку истиот не е монтажа,гласовите се навистина морничави и не би го препорачал на сите да го гледаат.
Едноставно се слушаат илјадници гласови(писоци) и еден глас преовладува над сите нив.



Исто така не знам колку знаеш за наводното откривање на Ноевата арка,на планина Арарат,во денешна Турција?
Јас го имам гледано тоа чудо,навистина е застрашувачко.
Според некои тврдења,Сталин пуштил свои војски на тоа место и наредил наводната Ноева арка да биде уништена,но сепак не успеал да ја уништи докрај.


Дали си информиран за нешто од ова?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom