Иконите

Чудата кои ги чинат иконите, ни оддаелку не се надворешни: оној кој се излечил од неизлечива болест, кој имал деца после години чекање на нив, се чуда од внатрешна природа и токму тоа ги дели чудата Божји од чудата демонски.

Кога кажуваш дека иконите лекуваат луге,тогаш треба да кажеш кои се тие слики па секој што е болен да оди да ги допре и да се излечи.
 
...ја забораваш верата. Без неа, ниедна икона нема да ти помогне. Но, во секој случај, слушај го Христовиот совет, па ако сакај нешто да најдеш, треба и да бараш.
 
...ја забораваш верата. Без неа, ниедна икона нема да ти помогне. Но, во секој случај, слушај го Христовиот совет, па ако сакај нешто да најдеш, треба и да бараш.

Според тебе верата+иконата=исцелување

Библијата кажува друго, јасно пишува дека преку верата се исцелени многу луге.Тоа е факт.
Иконите (сликите) никаде не се спомнати воопшто како исцелителни предмети.
 
Библијата кажува друго, јасно пишува дека преку верата се исцелени многу луге.Тоа е факт.
Иконите (сликите) никаде не се спомнати воопшто како исцелителни предмети.

Дека има исцелителни икони, тоа е факт, факт со докази, реалност, затоа нема смисла веќе да се буниш за тоа.
А дека и преку предмети имало исцеленија и во Библијата, ќе треба да се навратиш на Дела Апостолски каде јасно е кажано дека верниците едвај чекале св.ап.Павле да помине, та само неговата СЕНКА барем малку да ги осени и да се исцелат, а истото го пишува и за убрусите од испотената снага на св.ап. Павле.

Господ рекол дека неговите следбеници ќе вршат чудеса (за што има примери во Библијата), е ако е така, зошто тоа да не се продолжува до ден денеска преку иконите на кои се изобразени тие Негови следбеници?
 
Ако има исцелителни икони тогаш треба преку нив да се исцелуваат сите кој ке се допрат до нив, за жал такво нешто не се случило освен неколку православни монтажи и преданија дека такви чуда се случиле.
Господ им дал моќ на апостолите да исцелуваат ама во името на Исус Христос и тоа е точно запишано.
Ке повторам (да бидеме на темата) никаде не пишува дека преку слики ке има исцеление.
 
Кој ќе се исцели оставам на Бог да одлучи, а ти ако сакаш суди Му Нему. Сепак, многу зависи од нашата вера, но понекогаш Бог допушта и на неверници да им се случи чудо за да поверуваат.

А и не се бламирај себеси со тврдењето за монтажи и глупости, затоа што тоа ден денеска се случува... факт, реалност, дете, почни да живееш на земјата.

Во чие име имаат сила иконите? Да не случајно во името на попот? Дај пиши бре нешто паметно.

А каде пишува дека преку слики ќе нема исцеленија? Значи ако никаде не пишува дека ќе има исцеленија преку икони, но и никаде не пишува дека ќе нема исцеленија преку икони, тогаш тоа прашање останува отворено, и единствено Преданието кое се пренесувало од генерација на генерација (она Предание вие што го немате) може да ја разреши дилемата.
 
Дефинитивно сите гледаат дека немаш библиска подршка за иконите.
 
Немаш аргументи?:uvo: ехххх, колку ве боли за тоа Свето Предание...

Јас аргументи имам.Има ли поголем аргумент од Библијата, ама ти остана да се убедуваш самата себе дека иконите можеби и се оправдани во некој верски часопис, па си докажуваш на самата себе дека си во право.
 
Каде ти се аргументите? Не ги гледам... а не ги гледам ни на тема крштение. Ајде, чекам одговор на поставеното прашање. Или се фати во стапица, та сега бегаш?
 
Каде ти се аргументите? Не ги гледам... а не ги гледам ни на тема крштение. Ајде, чекам одговор на поставеното прашање. Или се фати во стапица, та сега бегаш?

Незнам дали ме разбираш?Веројатно не како што не го разбираш Новиот Завет или го немаш ни прочитано.

Се бараат аргументи да докажеш дека треба да се присутни иконите во животот на христијаните.

Ти треба да го аргументираш нивното присуство не јас!
 
Зборот икона доаѓа од грчкиот збор εἰκών (еикōн), што значи лик, образ, слика. Господ го создал човекот според своја икона (лик, образ, слика), но не во материјална, односно надворешна, туку во духовна смисла. Значи, Господ е првообразот, а ние сме создадени според Неговата икона (лик, образ). Но, со паѓањето во грев, ние го валкаме тој образ, таа икона. Затоа, само оној кој ќе си го очисти срцето од страстите и ќе го просветли својот ум, само тој го стекнува оној чист образ кој Бог на почеток им го даде на првите луѓе. А таа цел ја имаат постигнато светителите – тие се оние луѓе кои се вратиле кон првобитната состојба која Бог ја дал на Адам и Ева, односно таквите луѓе станале богови по благодат.

Затоа св.Василиј Велики ќе рече: “Почитувањето упатено на иконата, допира до првообразот”.

За православните, иконата е цртано Евангелие. На неа се прикажани сите настани од Библијата. Само брз поглед да се фрли, на пример, на иконата на св.Јован Крстител, јасно ни станува дека тој бил обезглавен и главата му била ставена на чинија, дека живеел во пистина, дека бил облечен во облека од камилски влакна и појас од кожа околу слабините, и по крилјата кои му се нацртани разбираме дека тој е оној ангел кој бил испратен пред лицето на Господа, за да го приготви Неговиот пат. Иконите се средства преку кои се буди нашата внатрешна духовна состојба. Само кога ќе ја погледнам иконата на св.Јован Крстител, мене веднаш ми текнува колку ревносно тој Го следел Господ и дека заради Неговото име и пострадал, и ми доаѓаат покајнички мисли.
Порано, тоа на сите ни е познато, луѓето не се школувале како што денеска тоа се прави. Тие не можеле да го читаат Светото Писмо, но преку иконите ја дознавале неговата содржина.

Еверејството (јудеизмот) никогаш не употребувало икони. Во светилиштето на Соломоновиот храм одозгора на ковчегот имало два херувима (2Мојс.37:7-9; 3Цар. 8:7) и херувими зашиени на скинијата (завесата) од десет платништа (2Мојс.26:1,26:8;) и по ѕидовите на храмот издлабени ликови на херувими (3Цар.6:29;). Но, Евреите никогаш не им се поклонувале на тие херувими ниту ги целивале, ниту каделе пред нив, ниту свеќи им палеле. И во просториите за собирање никогаш немале никаков лик.

Дури и еврејството (јудаизмот) употребувале икони, изобрази на настани и луѓе од Стариот Завет. За тоа сведочи синагогата во Дура Еуропос во Сирија која била уништена во средината на 3-ти век од страна на Персијците.

Синагога Дура Еуропос, Сирија

Побожен Евреин ја бакнува Мезуза-та(тоа е мало кутивче во кое стои парче пергамент, на кој се ставени цитати од Тората – 5 Мојсеева 6:4-9 и 11:13-21) која стои на довратиникот, го бакнува својот молитвен шал пред да го стави, го бакнува тефилин-от (две поврзани мали црни кутивчиња кои секое утро од недела до петок треба да ги носат), ја бакнуваат Тората пред да ја читаат во синагога.

Палестинскиот Талмуд (во Abodah Zarah 48д) го содржи ова: "Во деновите на Rabbi Jochanan човекот започна да црта слики на ѕидовите, и тој не ги спречи" и "Во деновите на Rabbi Abbun човекот почна да прави мозаични дизајни, и тој не ги спречи".

Храмот Господов бил изграден од двор, прв дел наречен Свјатаја каде свештениците вршеле служба Божја и каделе, и втор дел наречен Свјатаја Свјатих каде се наоѓала златната кадилница и еднаш годишно влегувал првосвештеникот за да покади. Во вториот дел бил Ковчегот на заветот и кога првосвештеникот кадел, нормално дека ги кадел и Херувимите кои се наоѓале над Ковчегот.

Левит16, 12 А потоа да земе кадилница, полна со разгорен јаглен од жртвеникот, што е пред Господ, и да ги наполни рацете со иситнето миризливо кадиво, и тоа да го внесе зад завесата; 13 и да го стави кадивото врз огнот пред Господ; и димот од кадивото ќе го покрие очистилиштето, што е над ковчегот на заветот, за да не умре.

А кога свештениците извршувале служба во Свјатаја делот, бидејќи…

Езекил 41, 18 беа направени херувими и палми: палма меѓу двата херувима и кај секој херувим - по две лица. 19 Од едната страна кон палмата имаше свртено човечко лице, а од другата страна кон палмата - лице лавовско: така беше направено по целиот храм наоколу. 20 Од подот до врвот на вратата имаше направено херувими и палми, а исто и по ѕидовите на храмот.

3 Царства 6, 28 Тој ги обложи херувимите со злато. 29 И по сите ѕидови на храмот наоколу издлаби ликови на херувими, палми и расцутени цветови, однатре и однадвор. 31 За влез во Светињата над светињите тој направи врата од маслиново дрво со петоаголни спојки. 32 На двете половини на вратата од маслиновото дрво тој издлаби херувими, палми и расцутени цвеќиња и ги обложи со злато; ги покри со злато и херувимите и палмите.

…значи дека ги каделе и сите изобразби низ ѕидовите.

И во Библијата е кажано дека Евреите се поклонувале на скинијата…

Исход 33, 10 И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на скинијата; и сиот народ стануваше, и секој се поклонуваше пред влезот на својот шатор.

Левит 9, 24 и се јави оган од Господ и ги изгоре на жртвеникот жртвата сепаленица, и лојот; а народот, кога го виде тоа, викна од радост и падна ничкум на земјата.

Броеви 20, 6 Тогаш Мојсеј и Арон се повлекоа од народот, кон влезот од скинијата на собранието, и паднаа ничкум, и им се јави славата Господова.

…а познато ни е дека на скинијата биле извезани херувими

Исход 36, 8 Тогаш сите вешти луѓе, кои се обврзаа да ја направат скинијата, приготвија десет платништа од пресукан лен и од сина, пурпурна и црвена волна и на нив направија уметнички извезени херувими.

Самиот Господ дал заповед и за светилници, а тие биле ставени пред завесата која ја одделувала Свјатаја Свјатих од Свјатаја, а на таа завеса, како што веќе наведов, биле извезени Херувими.

Исход 25, 31 И направи светилник од чисто злато;

Левит 24, 1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2 „Заповедај им на синовите израилски да земат чисто маслиново масло, исцедено за светење, та светлото да гори секогаш 3 пред завесата во скинијата на собранието, а ќе го пали Арон (и синовите негови) постојано пред Господ од вечерта, дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши. 4 На чист светилник распоредете ги светилата кои ќе горат постојано пред Господ;

Броеви 8, 1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2 „Јави му на Арон и кажи му: кога ги палиш кандилцата, отспреди на светилникот треба да горат седум кандилца.

До тристата година по Христа и христијаните не употребувале никакви ликови во црквите. Пред крајот на четвртиот век почнале да се украсуваат црквите со некои изобразби на историски личности од Библијата. Ама се уште не правеле икони.

Ова е сосема погрешно, бидејќи и пред 300-тата година имало фрески по катакомбите, меѓу кои и фрески од Пресвета Богородица. Тие можат да се видат и до ден денеска низ Римските катакомби. Особено позната е катакомбата на Присцила. Овој линк ќе ве одведе до христијанските фрески по катакомбите.

Фрески од катакомби

А познато е дека првите икони ги има нацртано св.ап. Лука. Еден негов примерок е зачуван во манастирот Кико на Кипар.

Икона нацртана од св.ап. Лука (обложена е со сребро за да се зачува, а и од почит)
 
Сето ова напишано доста обемно, мегутоа не кажува дека имало разни исцелителни икони.

Извезените херувими биле украси никој не се поклонувал пред нив.
 
Извезените херувими биле украси никој не се поклонувал пред нив.

Аууу, сега и слеп се правиш???? Ај прочитај дали се поклонуивале или не, дали ги каделе или не.... Читај убаво!

п.с. а можеш да си го отвориш и линкот со фреските од синагогата во Сирија, интересно е да ги разгледаш.
 
З

А познато е дека првите икони ги има нацртано св.ап. Лука. Еден негов примерок е зачуван во манастирот Кико на Кипар.

Икона нацртана од св.ап. Лука (обложена е со сребро за да се зачува, а и од почит)
Како е познато..по некој пишан документ? Или према некое предание..Како тоа лично еден апостол ја занемарува втората заповед.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom