Woofer
I'm a very neat monster.
- Член од
- 21 април 2010
- Мислења
- 854
- Поени од реакции
- 325
Го видов твојов пост и си реков ај да ја ѕирнам серијава... После првата епизода неможев да се одвојам од ТВ, браво значи имаш зеленко од менеModern Family
Modern Family e американска ситком серија која ги раскажува приказните на три семејства низ најкомичните делови од нивниот живот. Phil и Claire се дел од традиционално америкаско семејство кое се соочува со секојдневни проблеми како и секое друго семејство, заедно со нивните три деца Haley, Alex и Luke. Jay и Gloria се штотуку венчана двојка, но проблемот е што Jay е два пати постар од Gloria и често наидува на разни коментари. Тие заедно се грижат за Manny детето на Gloria од првиот барк кое делува на малку посозреано за неговите години. Cameron и Mitchell се геј двојка која штотуку посвојува бебе од Виетнам (Lilly) и се соочуваат со нов предизвик. Низ урнебесни ситуации се претставени новите промени на овие три семејства, а како овие три семејства се поврзани ќе дознаете од кога ќе го изгледате пилотот.
Мое лично мислење е дека серијава е една од најдобрите комедии што се појавиле во последнава декада. Серијата изобилува со извонреден и паметен хумор (сличен на оној во Аrrested Development) и нешто што најмногу ми се допаѓа е тоа што нема laugh track. Снимена е во mockumentary стил (како The Office) што дава можност за подобро запознавање со ликовите. Има одлична екипа oд докажани актери Julie Bowen (Ed, Boston legal), Jesse Tyler Ferguson (The Class), Ed O`Niel (Married with children) како и други нови таленти. Дури и децата се повеќе од талентирани. Серијата наиде на одлични критики, според некои прогласена за најдобра нова серија, а според некои веднаш култна поради нејзината оригиналност.
Премиерата беше гледана од 12.6 милиони американци и веднаш е обновена за втора сезона која почнува во септември 2010.
Серијата за нејзината прва сезона е номинирана за 14 Emmy награди меѓу кои и три во категоријата за најдобра машка споредна улога, две во категоријата најдобра женска споредна улога и во категоријата најдобра серија. Мodern Family е серија што дефинитивно не смее да се пропушти
Оцена: 9,5/10
BTW за тие што се заинтересирани има и македонски превод за околу 20 епизоди (вкупно се 24) за линк пишете ПП