Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.655
Поени од реакции
9.901
Реми и пораз со Романците Првата проверка на македонската машка ракометна репрезентација предводена од новиот селектор Љубомир Савевски заврши со реми и со пораз во контролниот двомеч со селекцијата на Романија. Некомплетната македонска селекција во која освен интернационалците, недостигаат и неколку домашни првотимци, на првиот меч загуби од Романија со 25-27, а вчера играше нерешено 27-27. Дејан Пецаковски со шест гола и Филип Лазаров со пет гола беа најефикасни играчи во нашиот состав на вчерашниот меч.
- Ова беше една суперуспешна акција за нашата репрезентација. Играа сите ракометари што беа во составот, задоволен сум од прикажаната игра и од сериозниот пристап на сите играчи. Одигравме тимски и, што е многу важно пред квалификациите, во два дена одигравме два силни меча и успеавме да го задржиме ритамот иако и на двата меча игравме одбрана 3-2-1, која бара голем напор.Сите одиграа максимално ангажирано, помладите репрезентативци сериозно се наметнуваат со својата игра и сигурно ќе имам „главоболки“ во позитивна смисла во изборот на потесниот состав - истакна селекторот Љубомир Савевски по вториот меч.
Во рамките на подготовките пред настапот во јануарските квалификации за СП 2011 во Шведска, селекциите на Македонија и на Романија ќе одиграат уште еден контролен двомеч на 28 и на 29 декември во Скопје. На вторите два меча со Романија, македонската репрезентација би требало да настапи во комплетен состав. Доколку биде се во ред со повредите, на репрезентативниот состав по враќањето во Скопје треба да му се приклучат Наумче Мојсоски, Петар Ангелов, Ванчо Димовски, Раде Стојановиќ и Борко Ристовски, кој минатата недела имал покачена температура и не отпатува со репрезентацијата во Романија. Деновиве на располагање на селекторот Савевски треба да му бидат и интернационалците Кире Лазаров, Влатко Митков, Аце Јоноски, Левко Наумовски и Лазе Мајнов. Според првичните најави, ќе задоцни само Владимир Темелков, кој поради обврските во Германија на националниот тим ќе му се приклучи на почетокот на јануари.
Квалификациските мечеви за СП 2011, со Литванија и со Турција, македонските ракометари ги играат на 15 и на 16 јануари во Адана. Првопласираната репрезентација во групата ќе игра во јунскиот бараж за СП 2011 во Шведска.
----------
Ете го бе брат:toe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.664
Поени од реакции
70.802
Јас колку што знам стојанович дефинитивно и рекол збогум на репрезентацијата:toe:
Греша си. Стојановиќ е повреден и затоа не игра:wink: Повредата ја обнови на мечот Вардар-Бешикташ во септември:nesvest:
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Греша си. Стојановиќ е повреден и затоа не игра:wink: Повредата ја обнови на мечот Вардар-Бешикташ во септември:nesvest:
Ок ок значи јас грешно сум прочитал низ веснициве:)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.664
Поени од реакции
70.802
Ок ок значи јас грешно сум прочитал низ веснициве:)
Стојановиќ беше во конфликт со претходниот тренер Темелковски. Знаеме каква фама се дигна за време на светското во Хрватска. Сега кога кормиларот е сменет нема причина (освен повредата :() за да не игра за Македонија:pipi:
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Стојановиќ беше во конфликт со претходниот тренер Темелковски. Знаеме каква фама се дигна за време на светското во Хрватска. Сега кога кормиларот е сменет нема причина (освен повредата :() за да не игра за Македонија:pipi:
Абе да ок се за се тоа, ама некаде низ веснициве прочитав дека Савевски го повикал Стојановиќ во репрезентацијата, ама овој му рекол дека тоа е завршена приказна за него:toe:
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Би било супер доколку Стојановиќ пак би играл за репрезентацијата. На времето беше наш најдобар лев бек, па се надевам дека пак може да биде истото. :helou:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.664
Поени од реакции
70.802
Абе да ок се за се тоа, ама некаде низ веснициве прочитав дека Савевски го повикал Стојановиќ во репрезентацијата, ама овој му рекол дека тоа е завршена приказна за него:toe:
Само шпекулација:wink:

Би било супер доколку Стојановиќ пак би играл за репрезентацијата. На времето беше наш најдобар лев бек, па се надевам дека пак може да биде истото. :helou:
Да би било супер, но Стојановиќ не е истиот во моментов. Паднат е во форма и ќе му треба доста време да се врати на старите патеки. Оваа сезона за него е скоро помината. Очекувам врвот на неговото играше да го поврати дури во следната сезона. Но сепак ако се опорави од повредата до почетокот на квалификациите би бил одличен избор на нашиот селектор:wink:
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.655
Поени од реакции
9.901
Да да,со Јоноски и со Пецаковски како подршка ќе имаме одлични леви бекови

Само да не го глеам Ф.Л :nesum:
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.455
Поени од реакции
1.798
Да да,со Јоноски и со Пецаковски како подршка ќе имаме одлични леви бекови

Само да не го глеам Ф.Л :nesum:

Токму така.Лицето Ф.Л е труп кој има испод 50% реализација.Може и Ангеловски да се повика во репрезентација-добар е за асистенции.
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.655
Поени од реакции
9.901
Бранко Ангеловски добар е за централен бек,ко подршка за Мојсовски и Миркуловски
десно ги имаме Кире,Мајнов,Митков
страшна бековска тројка мислам дека ќе имаме,со кого било од овие
плус Темелков,Левов или тој младиот од металург на десно крило пикери,Димовски,Ѓоргоновски,е сеа тенки сме на лево крило,Алушевски само :(
 
Имаме доста јак тим дефинитивно. Нуспех во Турција би бил страшен удар:( Инаку десно го имаме и младиот Георгиевски од Металург (според мене еден играч кој ќе прерасне во фантастично крило) а лево покрај Алушевски товарот ќе го носи и Макалоски. На пикерската позиција добро ќе се вклопи и третиот пикер на Металург Столе Стоилов:smir:
 
K

kaiser soze

Гостин
На пикерската позиција сме дефицитарни.Ѓоргоновски откажа бидејќи имаше оперативен зафат,па нема да игра во Турција.Димовски според тоа што го видов на последните негови натпревари,е целосно надвор од форма.Се чувствуваат последиците од повредата,која сеуште не му е залечена во целост,па ќе треба време и за него да се врати во полна натпреварувачка форма.Тука повикани се Наумоски од португалскиот тим Брага,а и Стоилов и Маркоски.Мислам дека тука Савески направи грешка што не го повика Павловски,кој моментно е најдобар пивот во нашата лига.
Инаку на другите позиции релативно добро стоиме,па кога ќе пристигнат `странците` мислам дека тимот ќе биде многу посилен.
Патем речено,мала исправка за Темелков,кој настапува во најдобрата
германска лига,а не во втората по ранг.Веќе во среда неговиот тим игра со силниот Кил.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Хммм... не би рекол дека сме дефицитарни на позиција пивот. Имаме одлични пивоти, посебно доста напредува Столе Стоилов, а и Димовски кај и да е ќе се врати во форма. Единствениот проблем е левото крило, ни Алушевски не е тоа што беше, сепак годините си го прават своето. Имаме досега најсилен состав, па се надевам дека нема да си дозволат луксуз да не настапат на уште едно големо натпреварување :)
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.655
Поени од реакции
9.901
Дефинитивно
ако не успеат да ги пројдат овие квалификации,тогаш сигурно вината нема да биде ни кај селектор,ни кај федерација
Играчите ќе треба,и ќе мора да ја снесат целата одговорност:toe:
али верувам дека ќе ги пројдеме,пошто знам дека овие играчи сите играле,и ќе играат со срце за Македонија :)
 
K

kaiser soze

Гостин
Хммм... не би рекол дека сме дефицитарни на позиција пивот. Имаме одлични пивоти, посебно доста напредува Столе Стоилов, а и Димовски кај и да е ќе се врати во форма. Единствениот проблем е левото крило, ни Алушевски не е тоа што беше, сепак годините си го прават своето. Имаме досега најсилен состав, па се надевам дека нема да си дозволат луксуз да не настапат на уште едно големо натпреварување :)
Ок,можеби со тие што ни се на располагање би поминале во Турција,ама за понатаму,за евентуален бараж,ни требаат најдобрите.Не можеме да екпериментираме со Маркоски и Стоилов.Димовки е несомнено најдобриот наш пикер после ерата на Игор Котевски,тоа е секако така,ама на последниот меч на Металург на кој бев присутен,се уверив дека не е нималку во неговата препознатлива форма.Во каква линија ќе оди,тоа е прашање.
Што се однесува до лево крилната позиција,и јас се согласувам дека и таму сме помалку ослабени,со оглед на возраста на Алушовски.На Макалоски не можеме да се ослониме секако.Незнам која би била солуцијата на Савевски за таа позиција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom