Црвениот картон на Роналдо против Сити не беше поништен туку Роналдо паузираше во Карлинг купот а потоа наредниот натпревар против Сандерленд го играше.
На првиот натпревар против Лузерпул Видич доби два жолти картони а тоа е автоматски црвен картон и го паузираше наредниот натпревар против Челски.
За директен црвен картон се добива суспензија од три натпревари, така да Видич нема да игра против Фулам, Астон Вила и Сандерленд. Но нема што да се нервираме за Видич кога имаме одлична замена- Еванс.
Ова сезона Манчестер Јунајтед собра три титули а има за уште толку да се бори. А Лузерул нека се радуват на три бода против Англискиот, Европскиот и Светскиот шампион Манчестер Јунајтед.
Уште два месеци и приматот “најтрофеен клуб во Англија“ ќе припадне на Манчестер.
Имам една порака за навивачите на Лузерпул: HAVE YOU EVER SEEN GERRARD WIN THE PREMIER LEAGUE?
П.С. Уште осум победи и ќе ја прославиме третата последователна титула во Премиер Лигата.
П.П.С. Ајде денеска и Манчестер Сити нека бидат од корист за Манчестер Јунајтед.