Ливерпул ни го треснаа поштено, ...........имам забелешка кај Ферги кој за првпат сезонава ја утна тактиката.
Не требаше да почне со Андерсон во средина, .......... Можеби да не беше онаа глупост на Немања, немаше вака да заврши утакмицава, но што е тоа е. ............Овој пораз можеби дојде и во прав момент за да се спуштиме на земја и да се освестат фудбалерите дека ПЛ е можеби наша, но ке мора ад ги испотат газовите за неа.
Ред е и јас да прокоментирам, да не испадни дека пишувам само кога победуваме. Премногу коментари после натпреварот (се намачив да ги дочитам
), и гледам некои и прв пат пишуваат само за да се ситат и провоцираат. Ама ако, му се паднало, денес е нивни ден за ситење. И ние имаме еден ден кој не е наш ден и не сакаме да се повтори никогаш повеќе. Ете тоа е денешниот. Ќе бидам искрен премногу ми е тешко, и не можам да се изначудам како можеше денес да биде еден од најтешките денови во последните 17 години. Не дека прв пат губиме, но толкав пораз на Олд Трафорд Манчестер нема доживеано цели 17 години. Не ми е толку мака за бодовите (ионака имаме голема предност и не верувам дека ќе ја прокоцкаме), туку ми е мака што некој ќе се сити на тоа. Фановите на Ливерпул не се ситат туку се радуваат. Ако, нека се радуваат, имаат право на тоа, и јас јавно овде ќе им честитам за денешната победа. Проблемот ми е не со оние што се радуваат, туку со оние што се ситат, а тоа се фановите од другите клубови. Ќе бидам реален (а мора и сите да бидете реални) и ќе кажам дека денес Ливерпул си победи од 2 причини.
Првата причина е затоа што денес беше нивниот ден и се им одеше од рака, а втората е дека Манчестер имаше претерано лош ден, ден кога ништо не одеше од рака, а напротив се случуваше од лошо-полошо. Како да бевме проколнати. Не би рекол дека лошо играше Манчестер. Ве молам правете разлика, што е лошо играње, а што е лош ден и лоша среќа, цело време да играш, се бориш, се трудиш а паралелно на тоа те снаоѓа и влегуваш од несреќа во несреќа.
Да бидам појасен со ова не сакам да кажам дека Ливерпул на среќа победи како што тоа го стори со Реал Мадрид со помош на судиите. Сметам дека денес Ливерпул немаше никаква помош од судијата. Се си беше регуларно, и пеналите, и црвениот картон, наполно со се, се сложувам. Напротив виновна (за се што ни се случуваше денес), е нашата несреќа и можеби без сомнение лошиот ден на Намања Видиќ. Немојте, срамота е да го напаѓате Видиќ и да кажувате дека од денес ќе го сметате за слаб и лош играч. И Видиќ е човек кој може да згреши и да има катастрофален ден. Проблемот е тоа што, како можеше тој ден да биде денес на дерби со Ливерпул. И јас мислам дега Ферги (за прв пат) потфрли тактички. Кога виде дека на Видиќ не му е денот денес, требаше веднаш да реагира на полувреме. Тука беше Еванс. Сер Алекс е искусен и тој многу добро сваќа дека и Видиќ е сепак човек кој може да има лош ден, но не знам зошто не реагираше навреме на полувреме. Грешка беше и со Андерсон, во право сте дека човекот беше повреден и требаше да го стратова на некој друг натпревар. Храбро постапи со трите измени, но требаше порано кога виде дека не штима работата. И Руни беше под психолошки притисок, заради изјавите пред мечот, добро играше но беше деконцентриран и нервозен. Неколку добри шанси Евра ги запусти, заради неколегијалност, итн. А и Ван Дер Сар за последните два гола "му служеше на ѓаволот", ама тоа е тоа. Сепак како што реков главниот проблем беше лошиот ден кога ништо не одеше од рака (наспроти добриот ден на Ливерпул), и не барајте кривица во судијата, овој пат можеби за прв пат оваа сезона Ливерпул победи без помош и подарок од судијата, па затоа спортски треба да го прифатиме тоа. Добро е што можеби поразот ќе ги спушти на земја Манчестер, и да се надеваме дека лошата негативна енергија и (не)среќа ќе исчезне и дека ќе си продолжиме по старите патеки. Иако поразени, сепак ние сме и натаму горди што сме
И ЌЕ БИДЕМЕ фанови на Мачестер Јунајтед
И ВО ДОБРО И ВО ЛОШО.