Меси: Роналдо ја заслужува Златната Топка
Аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси вели дека играчот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо наполно ја заслужува Златната Топка.
Ѕвездата на Барса верува дека неговиот голем конкурент Кристијано Роналдо е тој што ја заслужува Златната Топка и додава дека ќе гласа тукму за асот на Јунајтед.
Ваквата став на Меси доаѓа веднаш по изјавата на освојувачот на оваа престижна награда од минатата година, Кака, кој вчера изјави дека Роналдо наполно го заслужува наградата.
“Јас ќе го дадам мојот глас за Роналдо.” – рече Меси. “Тој ги освои двата најважни трофеи во сезоната, Премиер Лигата и Лигата на Шампионите.”
“Тој ја заслужува Златната Топка.”
Меси исто така имаше и пофални зборови за неговиот поранешен играч Роналдињо и вели дека Бразилецот е најдобар во светот.
“Роналдињо е најдобриот играч во светот, и кога играш со најдобриот се останато е лесно.”
Меси во моментот се наоаѓа во инзворедна форма и веќе има седум погодока во Ла Лига, и вели дека нема да го промени стилот на игра.
“Не верувам дека ќе го променам многу мојот стил на игра. Ги пробувам истите работи и пробувам некои нови кога морам.”