Дали некој македонски филм некогаш ќе добие оскар?

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Како на пример?
Господарот на прстените враќањето на кралот-11 оскари;
Заљубениот Шекспир-7 оскари;
Чикаго-6 оскари.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Милчо Манчевски е човек со фикс идеи , доколку тој стигне до доволно голем буџет , верувам дека ќе направи masterpiece кој би бил повеќе од доволен за да добие оскар . Сенки беше , точно , просечен . Не ме сваќајте погрешно , приказната беше просечна , а глумците , режисерот и останатите одлично си ја завршија работата.:)
 

Sacansi*

Oh, crystal ball!
Член од
4 април 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
68
Да. Зошто да не?
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.433
Поени од реакции
25.347
Збогум на 20тиот век.
Тој филм кога го гледам мислам дека сум луд. Мноооогу забегано јако филмче.
А Пред Дождот е ремек дело, како го нарекуваат - балканскиот Палп Фикшн.
:cuc:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Милчо Манчевски е човек со фикс идеи , доколку тој стигне до доволно голем буџет , верувам дека ќе направи masterpiece кој би бил повеќе од доволен за да добие оскар . Сенки беше , точно , просечен . Не ме сваќајте погрешно , приказната беше просечна , а глумците , режисерот и останатите одлично си ја завршија работата.:)
Приказната беше 100-та копија, комбинација од Шесто Сетило ( i see dead people....), еротските филмови што ги даваат после 12 по кабелските телевизии и туристички видео спотови од нашите прекрасни предели...

Пред Дождот требаше да го добие оскарот не за друго туку затоа што филмот на Михалков беше лош, но него му компензираа затоа што го оштетија предходно кога заслужи да победи. Милчо се најде во таа ситуација однапред изгубен.

Но, штом можело еднаш да се дојде до таму, зошто да не може и пак. Треба добра приказна, добар буџет, Милчо или некој друг, може да направи нешто добро. Она што ме чуди е што никој од нашите не се обидува да направи нешто од фантастични историски приказни кои ги имаме, а од кои со добар буџет може да се направи вистински историски спектакл.

Наместо тоа, со ретки исклучоци, се плеткаме на тема сиромаштија и рурални средини, за да може секој странец да добие впечаток дека сме попропаднати одколку што навистина сме...
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Освен добар филм потребни се и еден куп други ствари, ама зошто да не?! Имаме добар потенцијал, квалитетни глумци, сценаристи, навистина не гледам причина зошто еден ден да не успее некој македонски филм.
Постов може да звучи некако премногу идеалистички но јас верувам дека ако се створи добра екипа може да се освои оскар.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
зошто па да не па имаме талентирани режисери случки колку да сакаш во историјата и моментално.само да се избегни еротиката бидејќи децата ги гледаат македонските филмови само заради тоа :pos2::pos2: но иначе можеме барем до номинација да дојдеме само треба буџет и добро сценарио и ако се има пари и некој ефект
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.250
Oбично не се смеам во 6:30 am ама овојпат ќе направам исклучок. :)
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Да, ама не е уште снимен :)
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.761
Поени од реакции
1.049
Што сте запнале толку за тој Оскар...според мене филмските фестивали ( и нивните главни награди ) во Кан , Венеција и Берлин , се далеку поквалитетни и пореспектабилни од Оскарот. За мене е многу поголемо достигнување тоа што Пред дождот доби Златен лав во Венеција отколку да добиеше Оскар. Во последниве 15-20 години Оскарот е чиста политика ( со ретки исклучоци ). На пример еден Палп фикшн не доби Оскар , филм кој е на мојата вечна топ 10 листа ,а добија Оскар некои глупости како Вљубениот Шекспир или Чикаго на пример. Но затоа Палп фикшн доби Златна палма во Кан . Има уште многу примери преку кои може да се илустрира некомпетентноста и исполитизираноста на филмската академија која го дава Оскарот , но ме мрзи да пишувам сега :) . Зарем не ве чуди како е можно една величина од типот на Алфред Хичкок никогаш да не добие Оскар?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.494
Освен добар филм потребни се и еден куп други ствари, ама зошто да не?! Имаме добар потенцијал, квалитетни глумци, сценаристи, навистина не гледам причина зошто еден ден да не успее некој македонски филм.
Постов може да звучи некако премногу идеалистички но јас верувам дека ако се створи добра екипа може да се освои оскар.
Кои квалиетни глумци? М? од старите ли? па неможеш колку и да се добри да ги форсираш нив у нови филмови ако ме разбираш...годините си го прават своето за жал. А за новиве да не чујам, врска немаат!

Едит, немој само да ми кажеш дека типот од Сенки, Борче Нацев, или пак Весна Станојевска се добри глумци ! :)
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Искрено речено темава е убиј боже ! Наместо да се засекираме што правиме по 3 филма во година, и толку дали се, овде се пука надалеку, ко да единствен проблем е што не сме добиле оскар. Да, Милчо направи супер филм со кој освои куп награди, еден Златен Лав не е за потценување ама за жал една птица не го прави јатото.Сепак квантитетот носи и квалитет.
 
Член од
23 март 2010
Мислења
199
Поени од реакции
62
Да ќе добие добие ако се направи добро сценарио. Доста е веќе од тоа филмови во кои македонскиот народ пати. Па аман веќе дај нека направат нешто посаглам :). Не дека не се добри досега македонските филмови ама мислам дека е редно да се направи некоја поинаква приказна.
Ама потешко дека ќе добие оскар некој македноски филм. Па и не се снима во последниве 10-тина години и баш нешто. На прсти се бројат филмовите. Баш штета :(
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
па нели филмот на Милчо Манчевски “Пред дождот„ доби Оскар?! :raz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom