Fringe
Чекав да помине барем одреден број епизоди за конечно да прокоментирам. Секоја среда сабајле веќе се чувствува таа еуфорија
.
Можам да и' дадам сличен, скоро ист рејтинг како Heroes, Prison Break, Lost. Додека со нетрпение очекував нешто ново од наведениве три серии, сега и Fringe набрзо влезе во моите топ 10 омилени серии на сите времиња
.
Со ликовите уште се запознаваме колку толку, но сигурно би ја издвоил Olivia Dunham (Anna Torv). Незнам од каде ја нашле, ама дефинитивно има некоја привлечност.
Dr. Walter Bishop - сите епизоди воглавно се сведуваат некако на него, тој е мозокот на "операцијата", сепак добро изглумен лик во секој случај. Мора во секоја серија да има некој фрик.
Peter Bishop - на моменти ме нервира со неговата тврдоглавост и оние реплики од типот "I have 190 IQ". Како и да е, тој е посилната страна на серијалот.
Кога ќе се слушне позвучно име како Џеј Џеј Абрамс, публиката одма се асоцира со Изгубени. Абрамс на неверојатен начин и овој пат се покажа добро
. Се гледа дека претендира мистеријата, поради која и го гледам серијалов.
Ретко кога научно фантастичен трилер да има толку добри почетоци и притоа да не дојде до монотоното од епизода на епизода.
Некаде на интернет прочитав многу лоши критики. Но јас ја сакам серијава.
И морам да и' дадам висока оцена, затоа што Fringe си доби нов фан