ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
А, како Серпико го замислуваш тоа?Без апокалиптични сценарија.
Шкотите не ословуваа како Македонци, иако во моментов за ФИФА сме фиромци. Get the point? Духот е неуморлив, вољата е непокорена, милениуми. Ничија манипулација со некакви придавки и додавки нека не ве тера на размислување дека некој може да не избрише, асимилира, уништи - АКО сите државјани на МАКЕДОНИЈА сме заедно и работиме тимски, НИЕ ќе бидеме тие за кои ќе викаат: Карванот Кој Врви! Ама стратегијата треба да е појасна, конкретно на Ада ќе и се обратам, бидејќи не се сите 20 годишни "прлиња" како нас, и некого можеби оправдано го фаќа страв дека времето ќе му мине во земја со сива економија, неизвесна и небезбедна иднина - токму затоа, треба да се види јасен чекор, воља и водство кое нема со ефтини приказни да се обиде да замачка очи, туку ќе покаже и докаже дека ако треба да се "страда" е спремно да страда заедно со нас, обичните - кои ним им плаќаме сметки за вода и им даваме право и одговорност да носат одлуки за сите нас.
Кларификација и визија, тоа да го видиме: на сите полиња. Национално, економско, интегративно, културно. А не скапи кампањи за одвлекување на вниманието на народот и создавање хумус за манипулација за best and worst case scenario.
Така ли е МАКЕДОНЧИШТА?
Мислам и јасен план за економска иднина и енергична борба за идентитет сега и тука?
Зарем треба да се купува национална свесност од народот, со економски планови и ветувања за полн стомак?
Таа ли е паралелата?