superstarpizza
Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Се изгуби достоинството во фудбалот!!!! Се игра фудбал само таму кај шо има некој мафијаш пари за перење, а не се инвестира таму кај шо има илјадници шо не спијаат за фудбал!!!
Се дури е така нема квалитетно првенство!!!
- Брату, ТВ правата треба да ги добие некоја Телевизија бесплатно, само да се популаризира фудбалот...То е позната маркетинг стратегија!!!
- За втора лига со 20 клуба или две втори лиги од по 10 клуба немаме квалитет!!! Треба МАЛА но СИЛНА ВТОРА ЛИГА!!!
- Стадионите во СК, ПП, БТ, ТЕ и СР да се нашминкаат, а во Охрид, Штип, Велес да се направат!!!
Мора да има и вечерни натпревари, оти тие ќе придонесат за подигнување на заинтересираноста и атрактивноста, значи Рефлектори да се наместат на поголемите стадиони
Брат се те разбирам, ама финтата е да се стегне фудбалот во клубовите, да се дојде до некој степен на професионализам, и некои други работи па тек тогаш може а размислуваме за ТВ права!

Ова ти е добра идеја но многу тешко остварлива.Од сите клубови ке треба да се одберат најдобрите тоа е добро но има една многу лоша страна.Во таа репрезентација ке играат деца на големци,членови на ФФМ,пријатели со Харалампие итн. а оние добрите ке си останат дома и ке си гледаат фудбал на ТВ.
Епа истото ке биде и со клубовите !!!!
Башка ако така размислуваме тогаш, зошто разговараме тука, треба да се стави ПОДИТНО клуч на Македонскиот фудбал затоа што кај нас се така се работи!

Зафрканција на страна публиката многу често ако е многубројна придонесува натпреварот да има посебен жар.Не ретко се случува добрата атмосфера создадена од навивачите и публиката да решава натпревари бидејки незе нема да и биди сеедно дали нејзиниот тим губи или победува.Фудбал без публика за мене е како друг спорт и со такви натпревари немаме и никогаш нема да имаме напредок.Поздрав Македонец!