Чекав да се смират страстите за да пишам едно мое мислење во врска со денешниов натпревар. Ќе ги изнесам причините поради кои никогаш не одам на стадион да гледам македонски фудбал, а бидејќи сум навивач на Вардар, ги гледам неговите натпревари на телевизија со стиснато копчето MUTE.
Далеку сме од вистински фанови и навивачи. Навивањето и транспарентите не личеа ама баш на ништо. Тој со Абрамович како прво немаше ама никаква смисла и кога го видов не знаев дали да плачам или да се смеам, а тој со Скопје село е најдолното што може да се смисли. Плукаме по нашите работи наместо да ги цениме. Што ако се Битолчани? Скопје е македонско, не е на Скопјани, а колку што знам, тие не се од Марс паднати. Кај нас се случува најголемиот можен парадокс - денес фудбалерите на противничкиот тим се сељачишта, педери, пички, што уште не, а утре кога играат за репрезентација се херои. Како може така?
Не ни чини навивањето и поддршката. Ако си навивач на Пелистер на пример, ќе си пееш песни и ќе скандираш за поддршка на Пелистер, ќе нацрташ и ќе напишеш убави транспаренти со кои ќе го величиш клубот, а нема да одиш да напнуваш гласни жици и да трошиш нерви на другиот клуб. Гледај си во својот двор, си има луѓе кои дошле на стадионот за противниците.