Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоооо Браво за Милано...ајде да ја стигнеме македонија ама тешко ќе биде ...хаха
 
Вардар 2 - 4 Милано :tapp:

Леле каква мизерија... комити го напуштиле стадионот пред време :)
 
1 МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Оваа тема ке биди за сите случувања и за сите клубови шо се во првата македонска фудбалска лига
Администратори модератори ако не ви чини темава канта иначе ко побарав ваква тема немаше ако не знајте шо







НЕМА ПАРИ, НЕМА КВАЛИТЕТ, НЕМА ДА ИМА ФУДБАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

ПРВАТА ЛИГА Е ПРЕД КОЛАПС!!!

*Клубови "паразити", фудбалери на улица, а ФФМ без стратегија како да го спаси шампионатот



Каде оди овој фудбал во Македонија!? Тоа е прашањето на кое одговор барат сите љубители на овој спорт во земјава. Што се случува со Вардар, Пелистер, Победа...Шкендија!? Со клубовите кои треба да бидат носители на домашниот шампионат, со клубови кои зад себе имаа огромна војска на навивачи, традиција и титули. Нема пари во домашниот фудбал и со тоа с$ е кажано. Без пари нема квалитет, нема интерес и ќе нема фудбал. Нема ниту најави дека утре ќе биде подобро, дека некој ќе го спаси домашниот шампионат од колапс. Да потсетиме дека лани ни се случи Башкими па Македонија беше единствената земја во Европа која немаше доволен број прволигаши. Кој ќе биде во улогата на Башкими оваа сезона!? Најавите се дека тоа ќе се случи со Милано, можеби Слога Југомагнат, Победа.... И не треба да се чудиме доколку некој се откаже предвреме. Речиси 60% од екипите немаат финансии со кои можат да го издржат претстојниот шампионат. Не располагаат со доволен фонд пари со кои ќе можат да ги исплатат сите клупски трошоци како плати за фудбалери и тренери, патувања, пари за официјалните лица. Вистината е дека само 6 клубови можат да "закрпат" финансии кои се доволни да се преживее една сезона а со оглед на тоа што другите клубови се големи "паразити" тоа значи дека и со малку пари во однос на европските норми може да се стигне до место во евро-куповите па и до титула. Во Македонија имаме фудбал без пари. Во ова наша лига само неколку клубови можат да платат договор за фудбалер, а сите други екипи едвај собират финансии за плата. Тоа е бедната и жална слика за еден спорт кој во сите држави е во експанзија а кај нас полека но сигурно умира. Не е далеку денот кога ќе се прогласи тотален аматеризам и кога ќе следи "распад систем" на прволигашкото друштво. Кога еден Вардар го допре дното, што станува со другите. Покрај нашиот најтрофеен клуб драматично е и во Милано, Победа, Тетекс, Слога Југомагнат... па и Пелистер. Како ли ќе ја преживеат овие клубови претстојната сезона!? Тешко на тие кои се на функции во споменатите клубови и тешко на тие фудбалери кои од играњето фудбал хранат фамилии и деца. Во фудбалот повеќе не постојат експерименти. Овој спорт сега постои само за клубовите кои имат пари. Финансиската сметка е таа која не признава традиции, навивачи, пријатели... Во фудбалот кој има пари тој ќе игра, но, за жал, кај нас од година во година има с$ помалку пари, има с$ помалку квалитет, навивачи и трансфери. Колапсот кој следи може да биде потрес од високи размери за нашиот фудбал затоа што и во овој момент се потребни години и години за да се врати квалитетот кој го имавме барем пред 7-8 години.
ФФМ!!! Тоа е институцијата која треба да биде сервис на клубовите, тренерите, фудбалерите.... Тоа треба да биде, но, за жал, кај нас во оваа институција ништо не функционира. Токму таму, во таа "куќа на фудбалот" лежат причините за ова што ни се случува сега. Таму нема кадар со капацитет да стави крај на проблемите по клубовите и да се застане на патот кој води во бездна. Непочитувањето на правилниците, казните, но и битката за делегатските гласови го носи фудбалот во долг тунел каде не се гледа светлината. На ваков начин не може да функционира елитното друштво во земјава. ФФМ е таа која треба да пресече и да донесе одлука со која ќе се знае кој може да игра фудбал, кој клуб треба да биде професионален. Тоа е вистината од која многумина кои се на функции бегаат и се кријат. Замислете само дека во ланскиот шампионат ФФМ имаше само една средба со прволигашите, и тоа на почетокот од сезоната. Така ќе биде и во оваа нова сезона. Никој од ФФМ не ни се обидува да излезе на крај со реалната слика по клубовите. Аматерската работа во "куќата на фудбалот" е и една од причините поради кои многу спонзори кои даваат пари по клубовите ги откажаа своите пари за фудбалските екипи. Има многу примери, а ФФМ не успеа да ја отвори вратата за други фирми кои би донеле свежина на фудбалската карта во Македонија. Во земјава нема клуб кој во наредните години би можел да го постигне оној успех на Вардар и Работнички од пред неколку сезони и да биде на чекор од Лигата на шампионите. Еве сега претстојат новите евро-предизвици на нашите екипи и нивните резултати ќе бидат доволен доказ околу тоа до каде и колку можеме. Успех ќе биде да се мине првата пречка, а за понатаму и да не зборуваме. За нас сега велесили се клубови од третолигашките земји како Кипар, Белорусија, Азербејџан...
Но одговорот е јасен и едноставен. Ако некој покаже заби во земјава и размислува фудбалски, прва жртва би била прилепска Победа. А кога е Победа во прашање тука не важат законите. Тука се знае. Клубот може да "мести" натпревари, да не ги исплаќа играчите и тренерите....и пак да игра во елитата. ФФМ с$ уште не ни ја разгледа можноста за префрлање на прилепчани во понизок ранг по одлуката на УЕФА за суспензија на клубот од Прилеп за местенката со Пјуник. Тоа мораше да се случи, но некој веќе направи ждрепка, некој намерно ги игнорираше сите тие казни од УЕФА. Затоа додека се работи на овој начин ќе нема клупски а како што тргнало ниту репрезентативен фудбал во нашава држава. Посебна приказна е Законот за спорт, но тој го немаше и пред 10 години, но барем тогаш имаше подобар фудбал и повеќе пари отколку сега. Тоа не може да биде оправдување. Фактите се тие, а иднината е црна.
И. Д. Ивановски

Котизацијата е спасот на лигата
ФФМ не треба да измисли "топла вода". Треба да се види како сето тоа функционира во некои други земји. Фудбал ќе играат тие кои имаат пари или оние екипи кои ќе платат одредена котизација пред стартот на шампионатот. Тоа ќе биде и првиот сигнал кон намалување на бројот на екипите во Првата лига. Кратењето на лигата на 10 клубови сега станува една неопходна работа со оглед на тоа дека немаме клубови кои според своите финансии би можеле да бидат конкурентни со другите клубови. За нашите клубови и цифра од 100.000 евра како котизација би било премногу со оглед на тоа дека некои клубови сега едвај можат да соберат и 50.000 евра. Кога би ги погледале случувањата во Европа па и во соседството 100.000 евра се пари кои ги заработува еден просечен фудбалер во Бугарија и оние елитните во Албанија. Кај нас најскапиот играч вреди околу 25.000 евра.

Металург со најголем буџет
Тимот кој пред две години се врати во елитата а летово преку бараж се спаси од испаѓање е со најголем буџет од сите екипи во прволигашкото друштво. Металург зад себе има моќен спонзор и клуб кој во сезоната која следи треба да ита кон титулата со оглед на тоа дека нема да има голема конкуренција. Клубот од "Автокоманда" летово најдобро пазареше и го спаси преодниот рок и добро им плати на оние фудбалери кои беа во врвот на нашот фудбал. Сепак, на овој наш фудбал му се потребни многу повеќе спонзори од типот на "Макстил". Голем проблем е тоа што повеќе пари не дава еден Трифун Костовски па и Бајруш Сејдиу. Нема ривалитет, а без тоа нема квалитет и тензии.

Парите со кои располагат клубовите
Металург 500.000 евра
Ренова 300.000 евра
Работнички 300.000 евра
Македонија Ѓ.П 400.000 евра
Хоризонт Т. 100.000 евра
Силекс 100.000 евра
Вардар 30.000 евра
Победа 20.000 евра
Милано 75.000 евра (Од УЕФА)
Пелистер 30.000 евра
Слога Ј. 20.000 евра
Тетекс 50.000 евра
 
Ренова загуби кај Динамо Минск со 2-1.

Водеа со 0-1,но во 2 полувреме примија 2 гола.
 
Ренова загуби кај Динамо Минск со 2-1.

Водеа со 0-1,но во 2 полувреме примија 2 гола.

Првиот од пенал го примиле:tapp:

ја видов водеме во 80 минути се израдував,пуштам за 5 минути 2-1:pos2:
 
Под Хитно треба да се превземат некои чекори...

1. Прва лига со 10 клуба
2. Втора лига со 10 клуба
3. Воведување котизација
4. Прволигашки фудбал да се игра само на терени со соодветни услови
5. Задолжително формирање Фан клубови за сите прволигаши
6. Снимање на сите натпревари
7. ФФМ да води кампања за популаризирање на МАК фудбалот
8. Задолжителен ТВ преглед од секое коло
9. .......
10. .....

ајде други размислувања....

Првиот од пенал го примиле:tapp:

ја видов водеме во 80 минути се израдував,пуштам за 5 минути 2-1:pos2:

Од 2 во 1?!?!?!?!?Сега да поведиме ХАЈКА против Ренова, како против ПОБЕДА:kesa:.
 
Неможе 2 лига да биде со 10 клуба не заебавај :toe: . Првата ајде секако се согласувам да се намали :helou: Милано гарант се откажува , ќе чекаат да им дадат пари од УЕФА , управата да си ги земе и Милано станува Историја :toe:. Немаат ни играчи со што да играат во Европа а нема да биде чудно и ако ги наместат утакмиците во Европа .:toe:
 
НЕМА ПАРИ, НЕМА КВАЛИТЕТ, НЕМА ДА ИМА ФУДБАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

ПРВАТА ЛИГА Е ПРЕД КОЛАПС!!!

*Клубови "паразити", фудбалери на улица, а ФФМ без стратегија како да го спаси шампионатот

Каде оди овој фудбал во Македонија!?

Но одговорот е јасен и едноставен. Ако некој покаже заби во земјава и размислува фудбалски, прва жртва би била прилепска Победа. А кога е Победа во прашање тука не важат законите. Тука се знае. Клубот може да "мести" натпревари, да не ги исплаќа играчите и тренерите....и пак да игра во елитата. ФФМ с$ уште не ни ја разгледа можноста за префрлање на прилепчани во понизок ранг по одлуката на УЕФА за суспензија на клубот од Прилеп за местенката со Пјуник. Тоа мораше да се случи, но некој веќе направи ждрепка, некој намерно ги игнорираше сите тие казни од УЕФА.

Овој спорт сега постои само за клубовите кои имат пари. Финансиската сметка е таа која не признава традиции, навивачи...

И. Д. Ивановски



Металург со најголем буџет
Металург зад себе има моќен спонзор и клуб кој во сезоната која следи треба да ита кон титулата со оглед на тоа дека нема да има голема конкуренција.

Нема ривалитет, а без тоа нема квалитет и тензии.

Парите со кои располагат клубовите
Металург 500.000 евра
Ренова 300.000 евра
Работнички 300.000 евра
Македонија Ѓ.П 400.000 евра
Хоризонт Т. 100.000 евра
Силекс 100.000 евра
Вардар 30.000 евра
Победа 20.000 евра
Милано 75.000 евра (Од УЕФА)
Пелистер 30.000 евра
Слога Ј. 20.000 евра
Тетекс 50.000 евра

Мамата да му е*ам на овие од Спорт!!!! Да ни јада ку*о на сите ПРИЛЕПЧАНИ!!!! Само ПОБЕДА му е в'уста!!! Која жрепка бе??? МОРЕ ИДИОТИ!!!!!!

Мамата да му е*ам јас на Хари, ама доста ни го јадите ку*о на нас Прилепчаниве!!!!

А за кој квалитет че прајме муабет ако ги нема ПОБЕДА, ВАРДАР, ПЕЛИСТЕР, БРЕГАЛНИЦА, БЕЛАСИЦА ...?????

Со Металург до квалитет че стасаме????? Во Прилеп за БАРАЖОТ имаше 11 навивачи на Металург (само татковците од првотимците), а Брегалница имаше мнооогу појче!!! Квалитетна лига без публика НЕМОЖИ ДА ИМА!!!! НЕМА НИКАДЕ ВО СВЕТОВ!!!!!

СВАТЕТЕ ДЕКА ФУДБАЛОТ ОТСЕКОГАШ СЕ ИГРАЛ ПРЕД СЕ ЗА ПУБЛИКАТА!!!!!

Во Македонија се се извиличи и затоа пропаѓа фудбалов. Кај има квалитетна лига во Европа кај шо има селски клубови без публика бе???? НИКАДЕ!!!
 
Под Хитно треба да се превземат некои чекори...

1. Прва лига со 10 клуба
2. Втора лига со 10 клуба
3. Воведување котизација
4. Прволигашки фудбал да се игра само на терени со соодветни услови
5. Задолжително формирање Фан клубови за сите прволигаши
6. Снимање на сите натпревари
7. ФФМ да води кампања за популаризирање на МАК фудбалот
8. Задолжителен ТВ преглед од секое коло
9. .......
10. .....

ајде други размислувања....

друго еве вчера на а2 како шо кажа стерјов да се дај заштитен темин кога се игра мак лига т.е телевизиите да не можат да пренесват странски првенства на програмата во тој термин нема да биди лошо така да се напрај можи ке се зголеми посетеноста на утакмиците друго паметно шо кажаја вчера беше то шо и сите ни го знајме за почеток колку толку да се продат за една сезона тв правата колку да почни работата барем од тие пари да се покрие нешо за опрема или судии и квота за странци мора под итно и секоја година да се намалва по еден играч и да падни негде до кај 3-4 странци во клубот или слично за друго ко ке ми текни ке пишам:salut:
 
Мамата да му е*ам на овие од Спорт!!!! Да ни јада ку*о на сите ПРИЛЕПЧАНИ!!!! Само ПОБЕДА му е в'уста!!! Која жрепка бе??? МОРЕ ИДИОТИ!!!!!!

Мамата да му е*ам јас на Хари, ама доста ни го јадите ку*о на нас Прилепчаниве!!!!

А за кој квалитет че прајме муабет ако ги нема ПОБЕДА, ВАРДАР, ПЕЛИСТЕР, БРЕГАЛНИЦА, БЕЛАСИЦА ...?????

Со Металург до квалитет че стасаме????? Во Прилеп за БАРАЖОТ имаше 11 навивачи на Металург (само татковците од првотимците), а Брегалница имаше мнооогу појче!!! Квалитетна лига без публика НЕМОЖИ ДА ИМА!!!! НЕМА НИКАДЕ ВО СВЕТОВ!!!!!

СВАТЕТЕ ДЕКА ФУДБАЛОТ ОТСЕКОГАШ СЕ ИГРАЛ ПРЕД СЕ ЗА ПУБЛИКАТА!!!!!

Во Македонија се се извиличи и затоа пропаѓа фудбалов. Кај има квалитетна лига во Европа кај шо има селски клубови без публика бе???? НИКАДЕ!!!
Полека бе брат :toe: и мене ми беше тешко кога Јуве го префрлија во вора лига заради местење,но тоа е,ако местеле ред е да ги казнат...ждрепката се мисли на новата сезона односно Победа останува во прва лига што за мене не е фер,но тоа е што е :toe:...инаку да ти кажам за навивачите,Работнички има вкупно 7 (седум) навивачи па играше со Болтон,навивачите се репер но доколку има некој тим може и без навивачи да зема титули...и за крај лига со 10 клуба е оптимум да,котизација да и конечно и најважно одделување на домашното првенство од ФФМ,т.е. долгоочекуваното и никогаш не оствареното здружение на прволигаши :tapp:
 
Џабе и Хари да е АУТ.Кој и да е дое ќе сака да дрпне ќе види пари и ајде ќе крадеме.Мора и тој да краде ако не краде ако не е нивни чоек не може ни да дојде до претседател тоа ти се све избрани луѓе лиглиња,потрчковци...што ќе го слушаат Хари и некој такви што го стаиле за да краде за нив,така да не се надевајте многу.:smir:

Исто ти е како у политика,лижат гз за да ги пикнат после у ФФМ,ќе дигааат рака за нив ќе го даваат гзот за ич и то,исто како со Иванов потрчко на Гујо:smir:
 
Гледам тука сте почнале за Македонското Првенство!!!

Како прво за оние кои ги спомнуваат Телевизиски Права или нешто слично, малку не се согласувам тука, пошто сме далеку, пошто куката не се гради од покривот, туку од темелите па нагоре.
Значи, за некој да купува телевизиски права, треба тој да има некоја корист од тоа, а шо корист ке има ?????....
Луѓе немаме квалитет во фудбалот, немаме професионализам, а вие спомнувате Телевизиски Права!!!:toe: Во нашава лига зборам за Прва и Втора, клубовите не може да опстојат. ФФМ изиграва кој да е Крикетска Федерација а не Фудбалска.

Човече замисли, лани дури ЕДНАШ седнале на иста маса со прволигашите и нивните претставници, и тоа само од Прва Лига, и тоа на почетокот од сезоната.

Зар има нешто понатаму да спомнувам за нив, оние во КРИКЕТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА на МАКЕДОНИЈА!

Според мене, ова е дел од некои работи шо треба да се направат!
(за некои точки ке се поклопам со Македонец)

1. Прва Лига да оди на 10 клуба!
Значи од коа ке се намали на 10 клуба, да не се оди како што сите шо викаат и пишуваат со ГАРАНТ за финансиите во клубот.
НЕ. Тоа би била автоматска СМРТ на 90% од клубовите.
Ја мислам дека треба да со оди со ГАРАНТ за ФИНАНСИИ но од обратната страна, значи да од ФФМ има гарантирано финансиски инекции во клубовите. Еден чекор би биле Судиите, т.е тиа да бидат народски кажано ЗА БЕЗ ПАРИ.
Кај нас Судиите ти се ко СТОПАНСКА БАНКА, прво ПЛАТИ ПА КЛАТИ, а ако не платиш на време може Бунгуров да измисли и Камати да се плакаат на Судиската организација.



2. Втора Лига да биде поделена на ИСТОК и ЗАПАД, а ако неможе така да се издржи тогаш да се размислува за 10 клуба, но автоматски на тоа да би се додале повеке ТРЕТИ лиги!


3. ПодИТНО да се направи Здружение на Прволигаши и Второлигаши!!!
Со тоа тие таму би одлучувале за сите проблеми на релација ФФМ => Фудбалски Клубови.


4. Судиската Организација конечно да се оддели од ФФМ.
Значи да нема никакви додирни точки со истата. Таа самата да си одредува судии, самата да прима судии, и итн итн..... самата!:toe:


5. ФФМ конечно да почне да ги троши оние пари за стадиони на каде шо им е местото, а тоа е во ИНФРАСТРУКТУРА на Фудбалските стадиони во ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!


6.Секоја година да се организираат турнири во Младинските категории на ниво на сл. кажано Балканска Лига.
Значи да се направи договор со сите Балкански Федерации во регионот да секоја година се прави Младинско Балканско Првенство во сите младински категории! Зборот ми е не на клубско ниво туку РЕПРЕЗЕНТАТИВНО!!!! (многу важна точка според мене)


7. Да се даваат наградни финансиски суми за освоените места во Лигата.
пр. За 1 место 50000 евра за 2 место 25000 евра итн итн... (ова секако е пример не мора да бидат тие суми)


Имам уште многу идеи за тоа како може да се бутка напред Македонскиот Фудбал, но овие мислам дека се најбитни сега за сега!:toe:
 
навивачите се репер но доколку има некој тим може и без навивачи да зема титули...

Се изгуби достоинството во фудбалот!!!! Се игра фудбал само таму кај шо има некој мафијаш пари за перење, а не се инвестира таму кај шо има илјадници шо не спијаат за фудбал!!!
Се дури е така нема квалитетно првенство!!!

Гледам тука сте почнале за Македонското Првенство!!!

Како прво за оние кои ги спомнуваат Телевизиски Права или нешто слично, малку не се согласувам тука, пошто сме далеку, пошто куката не се гради од покривот, туку од темелите па нагоре.
Значи, за некој да купува телевизиски права, треба тој да има некоја корист од тоа, а шо корист ке има ?????....
Луѓе немаме квалитет во фудбалот, немаме професионализам, а вие спомнувате Телевизиски Права!!!:toe: Во нашава лига зборам за Прва и Втора, клубовите не може да опстојат. ФФМ изиграва кој да е Крикетска Федерација а не Фудбалска.

Човече замисли, лани дури ЕДНАШ седнале на иста маса со прволигашите и нивните претставници, и тоа само од Прва Лига, и тоа на почетокот од сезоната.

Зар има нешто понатаму да спомнувам за нив, оние во КРИКЕТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА на МАКЕДОНИЈА!

Според мене, ова е дел од некои работи шо треба да се направат!
(за некои точки ке се поклопам со Македонец)

1. Прва Лига да оди на 10 клуба!
Значи од коа ке се намали на 10 клуба, да не се оди како што сите шо викаат и пишуваат со ГАРАНТ за финансиите во клубот.
НЕ. Тоа би била автоматска СМРТ на 90% од клубовите.
Ја мислам дека треба да со оди со ГАРАНТ за ФИНАНСИИ но од обратната страна, значи да од ФФМ има гарантирано финансиски инекции во клубовите. Еден чекор би биле Судиите, т.е тиа да бидат народски кажано ЗА БЕЗ ПАРИ.
Кај нас Судиите ти се ко СТОПАНСКА БАНКА, прво ПЛАТИ ПА КЛАТИ, а ако не платиш на време може Бунгуров да измисли и Камати да се плакаат на Судиската организација.



2. Втора Лига да биде поделена на ИСТОК и ЗАПАД, а ако неможе така да се издржи тогаш да се размислува за 10 клуба, но автоматски на тоа да би се додале повеке ТРЕТИ лиги!


3. ПодИТНО да се направи Здружение на Прволигаши и Второлигаши!!!
Со тоа тие таму би одлучувале за сите проблеми на релација ФФМ => Фудбалски Клубови.


4. Судиската Организација конечно да се оддели од ФФМ.
Значи да нема никакви додирни точки со истата. Таа самата да си одредува судии, самата да прима судии, и итн итн..... самата!:toe:


5. ФФМ конечно да почне да ги троши оние пари за стадиони на каде шо им е местото, а тоа е во ИНФРАСТРУКТУРА на Фудбалските стадиони во ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!


6.Секоја година да се организираат турнири во Младинските категории на ниво на сл. кажано Балканска Лига.
Значи да се направи договор со сите Балкански Федерации во регионот да секоја година се прави Младинско Балканско Првенство во сите младински категории! Зборот ми е не на клубско ниво туку РЕПРЕЗЕНТАТИВНО!!!! (многу важна точка според мене)


7. Да се даваат наградни финансиски суми за освоените места во Лигата.
пр. За 1 место 50000 евра за 2 место 25000 евра итн итн... (ова секако е пример не мора да бидат тие суми)


Имам уште многу идеи за тоа како може да се бутка напред Македонскиот Фудбал, но овие мислам дека се најбитни сега за сега!:toe:

- Брату, ТВ правата треба да ги добие некоја Телевизија бесплатно, само да се популаризира фудбалот...То е позната маркетинг стратегија!!!

- За втора лига со 20 клуба или две втори лиги од по 10 клуба немаме квалитет!!! Треба МАЛА но СИЛНА ВТОРА ЛИГА!!!

- Стадионите во СК, ПП, БТ, ТЕ и СР да се нашминкаат, а во Охрид, Штип, Велес да се направат!!!
Мора да има и вечерни натпревари, оти тие ќе придонесат за подигнување на заинтересираноста и атрактивноста, значи Рефлектори да се наместат на поголемите стадиони



 
6.Секоја година да се организираат турнири во Младинските категории на ниво на сл. кажано Балканска Лига.
Значи да се направи договор со сите Балкански Федерации во регионот да секоја година се прави Младинско Балканско Првенство во сите младински категории! Зборот ми е не на клубско ниво туку РЕПРЕЗЕНТАТИВНО!!!! (многу важна точка според мене)
Ова ти е добра идеја но многу тешко остварлива.Од сите клубови ке треба да се одберат најдобрите тоа е добро но има една многу лоша страна.Во таа репрезентација ке играат деца на големци,членови на ФФМ,пријатели со Харалампие итн. а оние добрите ке си останат дома и ке си гледаат фудбал на ТВ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom