Послабата или посилната страна?

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Кога се наоѓате помеѓу две спротивставени страни, на која најчесто застанувате? На послабата или посилната?
Позади кого најчесто знаете да застанете, позади тој кој е нападнат или тој кој напаѓа? Позади страната која е помалку бројна или таа другата?
Дали се случува махинално вашата определба да ве води секогаш или без оглед на се` вие секогаш застанувате само на таа страна која се поистоветува со вашите ставови и мислења?
Да ви наведам неколку примери со кои ќе ја доловам поентата на моето прашање.
Кога има тема на форумов на која има жестока дискусија со спротивставени страни ... на која најчесто застанувате и кого најчесто браните, ако може така да се каже?

Кога гледате некој спортски натпревар со друштво ... за кого навивате доколку не игра вашиот тим? Застанувате на страна на навивачите за послабиот тим или на другата?
Кога пред вас се случува оговарање или сеирење на некоја трета личност ... ја браните и се спротивставувате на останатите или се сплотувате со групата и го правите истото што и тие?
Итн итн итн ...:pipi:
1.Тука без оглед на бројноста, застанувам на таа што го брани мојот став.
2.Е тука, од внатре ме тера за послабиот.Исто и кога играм на пример фудбал.Вечно од кај послабите.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Секогаш на таа со која моите ставови се поклопуваат па макар на спротивната би стоеле 200 души а со мене да се 20 па и 2, и така цел живот морав и морам да одбирам страни... како одеше она животот е вечна борба... епа некогаш добивам битки некогаш ги губам ама жално е што некогаш победува мнозинството иако не е во право... топла и се е можно.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Кога се наоѓате помеѓу две спротивставени страни, на која најчесто застанувате? На послабата или посилната?
Позади кого најчесто знаете да застанете, позади тој кој е нападнат или тој кој напаѓа? Позади страната која е помалку бројна или таа другата?
Дали се случува махинално вашата определба да ве води секогаш или без оглед на се` вие секогаш застанувате само на таа страна која се поистоветува со вашите ставови и мислења?
Да ви наведам неколку примери со кои ќе ја доловам поентата на моето прашање.
Кога има тема на форумов на која има жестока дискусија со спротивставени страни ... на која најчесто застанувате и кого најчесто браните, ако може така да се каже?
Кога гледате некој спортски натпревар со друштво ... за кого навивате доколку не игра вашиот тим? Застанувате на страна на навивачите за послабиот тим или на другата?
Кога пред вас се случува оговарање или сеирење на некоја трета личност ... ја браните и се спротивставувате на останатите или се сплотувате со групата и го правите истото што и тие?
Итн итн итн ...:pipi:
Застанувам на страната на оние чие мислење се совпаѓа со моето..На спортски натпревар обично на страната на подобрите:wink:,,во друштво,,зависи од ситуацијата и од моето мислење за таа трета личност,,и секако секогаш на страната на оние кои го застапуваат истиот став како мојот,,нормално... Во секој случај,,се обидувам да бидам праведна,,но добро сите некогаш може и да згрешиме нели?:pipi:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Процедурално...
Зашто се ставате на спортски натпревар на страната на подобриот :toe: секогаш сум се прашувал...сите сакаме да победиме во нешто но не ми е јасно дали мора по секоја цена да навиваме за подобриот :toe: сепак победата на послабиот е некако послатка :vozbud:
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Кога се наоѓате помеѓу две спротивставени страни, на која најчесто застанувате? На послабата или посилната?
Позади кого најчесто знаете да застанете, позади тој кој е нападнат или тој кој напаѓа? Позади страната која е помалку бројна или таа другата?
Дали се случува махинално вашата определба да ве води секогаш или без оглед на се` вие секогаш застанувате само на таа страна која се поистоветува со вашите ставови и мислења?
Секогаш застанувам на онаа страна која има слични или исти мислења ко моите,без разлика дали е нападната или напаѓа,без разлика дали е помалку бројна или повеќе бројна.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Кога се наоѓате помеѓу две спротивставени страни, на која најчесто застанувате? На послабата или посилната?
Секогаш застанувам на страната која што според мое мислење е во право.Значи на онаа чии размислувања се совпаѓаат со моите.
Позади кого најчесто знаете да застанете, позади тој кој е нападнат или тој кој напаѓа?
Зависи од ситуацијата.Ако си го барал тој што е нападнат застанувам на страната на тој што напаѓа.Ако нема причина за напаѓање или не е во право тој што напаѓа(според мене)застанувам на страната на нападнатиот и остро би го бранела.
Позади страната која е помалку бројна или таа другата?
Ми се случило да бидам од помалу бројната страна иако не биле некогаш во право заради сожалување или па денот ми се погодил да се инатам.А иначе најчесто на страната на таа што сметам дека е во право:toe:
Дали се случува махинално вашата определба да ве води секогаш или без оглед на се` вие секогаш застанувате само на таа страна која се поистоветува со вашите ставови и мислења?
Секогаш ја согледувам ситуацијата и ја бирам страната според моите сфакања,ставови, мислења.Ако не се поистовети со моите размислувања нема причина да застанам на таа страна.Пресудно е тоа
Кога има тема на форумов на која има жестока дискусија со спротивставени страни ... на која најчесто застанувате и кого најчесто браните, ако може така да се каже?
Најчесто кажувам свое мислење и не бранам никого.Меѓутоа ако забележам дека некого почнуваат да навредуваат и прават сеир на него онака без усул тогаш може да се случи да застанам на негова страна да го бранам.
Кога гледате некој спортски натпревар со друштво ... за кого навивате доколку не игра вашиот тим? Застанувате на страна на навивачите за послабиот тим или на другата?
На страната на тој тим што подобро игра, значи тој што победува:wink:
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
Не зборев за такви ситуации.Зборам на пример кога некој што мисли дека е фраер од зезанција ќе земе да вреѓа и да се исмева на некој што е мирен,само затоа што така му текнало.Тоа неможам да го гледам и да го поднесувам.

А доколку се работи за дискусија,за расправија застанувам на страната кој мислам дека има право.
и јас исто застанувам на послабата страна
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Кога има две страни што се тепаат, пукам сеир или го викам братучед ми:kesa: Шала на страна, во расправии најчесто глеам расправијата да ја сведам на дебатирање без карање и после ја бранам страната чие мислење се поистоветува со моето. Без разлика дали некоја страна е послаба, дали ми се другарки, роднини или фаци у маало, јас секогаш ја заземам страната со мислење како моето. Човек што ја зазема страната на посилниот (кога не е во право) е човек што нема мислење или нема мозок. Не би можела воопшто да се расправам и да докажувам нешто ако тоа е спротивно со она што вистински го мислам.:toe: А ако некогаш има закачковци, што своето его го полнат така што навредуваат други, често знам да застанам во одбрана на послабата страна од проста причина што секој има маани и ако веќе некој има потреба да исмејува некој друг, треба да осети малку исмевање и на своја кожа, а јас некогаш баш знам да имам остар јазик.

Све о свему, секогаш сум ги почитувала сите ставови и луѓето што имаат став и секогаш сакам да дискутирам на разно разни теми без разлика дали сум на слаба или силна страна. Јес да слабата страна, со мене во неа не е више слаба.:smir:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
230
Поени од реакции
9
:coffee:Pa bi probala da ja otkrijam pravata strana(zaso ne sekogas poslabata e vo pravo) ako ne uspeam e toagas i dvete strani so mene ke si imaat rabota:vozbud:.Se salam pa sigurno vo sredina kade sto ke probam da im ukazam deka nemaat potreba od bilo kakva kavga ili slicno:toe:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.580
Поени од реакции
1.885
секогаш сум на онаа страна на која мислам дека треба да бидам
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Дивајн напиша:
Кога гледате некој спортски натпревар со друштво ... за кого навивате доколку не игра вашиот тим? Застанувате на страна на навивачите за послабиот тим или на другата?
Два-три пати сум се нашла во ситуација да треба да си навивам за да не ми е досадно. Јас бидејќи немам тим и не гледам спортски натпревари, ако некогаш случајно се најдам во друштвото додека си гледаат некоја утакмица, секогаш си навивам за оние за кои што никој не навива или за оние за кои што ќе ме замолат тие од друштвото да навивам (бидејќи секогаш тимот за кој што навивам - губи и така сите сме си среќни:pipi:).

Дивајн напиша:
Дали се случува махинално вашата определба да ве води секогаш или без оглед на се` вие секогаш застанувате само на таа страна која се поистоветува со вашите ставови и мислења?
Страна не сум држела само затоа што му било потребно на некој друг такво нешто. Може да се случи некој индиректно да ми укаже на тоа дека му е потребно моето замешување, но тоа би го направила само доколку и јас сум си го мислела истото, доколку сум на ист став. Се разбира, тука мислам на посериозни ситуации, не на зафрканции и шегувања во друштво.
На форумов никогаш не сум застанала на нечија страна или да бранам некого, никогаш сум немала таква намера. Ако влезам во пожестока дискусија, тоа ќе биде затоа што не се согласувам со презентираните мислења.
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
На послабата скоро секогаш, и да не е во право не трпам неправда, барем рамноправни да бидат силите во спорот
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Мене некој кога ме малтетира ме прашува слаба дали сум, јака...? Не. Дури и кога не си го барам. Према томе, исти к ми се сите. Некогаш сум од кај тие што се чаталат, по некој си нелогичен терк на нештата, ако се препознаам во ситуацијата, некогаш од кај тие на кои им` се чаталат. Зависи од расположение.

Јбг, од најлошите сум. Џубре. :icon_lol:
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Најчесто застанувам на страната за која мислам дека се во право и која има слични мислења со моите, без разлика дали се повеќе или помалку бројни.

За натпреварот сеедно ми е на која страна ќе застанам, ипак не играат моите :)

А за тоа со нападнатиот и напаѓачот, како што кажав претходно, застанувам на страната за која сметам дека е во право.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom