Послабата или посилната страна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Кога се наоѓате помеѓу две спротивставени страни, на која најчесто застанувате? На послабата или посилната?
Позади кого најчесто знаете да застанете, позади тој кој е нападнат или тој кој напаѓа? Позади страната која е помалку бројна или таа другата?
Дали се случува махинално вашата определба да ве води секогаш или без оглед на се` вие секогаш застанувате само на таа страна која се поистоветува со вашите ставови и мислења?
Да ви наведам неколку примери со кои ќе ја доловам поентата на моето прашање.
Кога има тема на форумов на која има жестока дискусија со спротивставени страни ... на која најчесто застанувате и кого најчесто браните, ако може така да се каже?
Кога гледате некој спортски натпревар со друштво ... за кого навивате доколку не игра вашиот тим? Застанувате на страна на навивачите за послабиот тим или на другата?
Кога пред вас се случува оговарање или сеирење на некоја трета личност ... ја браните и се спротивставувате на останатите или се сплотувате со групата и го правите истото што и тие?
Итн итн итн ...:pipi:
 
Секогаш сум на страната на тој што е во право (или барем мислам дека е во право).
Ако реметат некој на било кој начин, го бранам реметениот.
Послаб и појак, одам од кај послабиот.
Кога играат 2 тима, тогаш за подобрите (не за посреќните).

Имам особина секогаш да ги бранам луѓето, да бидам на нивна страна, да помагам... тоа е :smir:
 
Многу мразам неправди,многу мразам кога напаѓаат слаба личност,личност која самата не може да се брани.Сум била во ситуација да ме напаѓаат,а да знаат дека нема да им вратам,зашто сум мирна и не сум доволно популарна.Неколку години подоцна,веќе се имам изградено и не дозволувам никој да ми писне,ама затоа и не доволувам да навредуваат или напаѓаат некој за кој знам дека ќе си ќути. Избувнувам,не можам да се контролирам затоа што знам какво е чувството и не сакам некој друг да проаѓа низ истото.
Најлесно е да застанеш зад некој што е силен и никој не му може ништо.Застанувам зад онаа страна каде што е правдата и зад онаа страна каде што верувам дека е во право.
Некогаш сум била зад мнозинството,некогаш зад малцинството.Ама неможам да седнам и да преќутувам нешто што сметам дека е неправедно.
На форумов го изразувам своето мислење и го подржувам и доколку има расправија,го поддржувам она мислење кое е најблиску до моето,но се разбира дека нема да поддржам мој истомисленик ако се служи со погрдни зборови.

Кога гледате некој спортски натпревар со друштво ... за кого навивате доколку не игра вашиот тим? Застанувате на страна на навивачите за послабиот тим или на другата?

Неутрална сум.:)

Кога пред вас се случува оговарање или сеирење на некоја трета личност ... ја браните и се спротивставувате на останатите или се сплотувате со групата и го правите истото што и тие?

Зависи од личноста која се оговара или сеири.Има личности кои се однесуваат како принцези,арогантно,а немаат три чисти - тие и заслужуваат сеир.
Но,доколку се работи за личност која ја знам и чиј карактер добро го познавам,а оговарањето е во спротивност од тоа што е таа личност,тогаш ја бранам.
Реална сум.
Не дека сум светица и не оговарам,ама барем знам каде се границите на сеирот и никогаш не оговарам злобно со цел да наштетам некому.
 
Обично застанувам зад оној кој го застапува моето мислење, но има едно „меѓутоа“. Застапник сум на една животна философија која се заснова на обид секогаш да наоѓаш мек начин на соопштување на вистината, па макар таа била и болна. Никогаш не знаеш каква е личноста на која сакаш да и` соопштиш лоша вест и затоа треба да одбереш благост во соопштувањето.

Уште кога бев во градинка, основно...ми било жал за отфрлените. Сум ги дружела, и секогаш сум ги учела да бидат достоинствени. Така е останато до ден-денешен. Никогаш, ама никогаш не се смејам со слабостите на другите луѓе, и обично застанувам зад послабите и зад маргиналците. Можеби затоа што јас сум доволно силна сама по себе, а потреба од застанување на иста страна со мнозинството имаат оние понесигурните во себе, оние на кои им треба да бидат дел од групата.
 
Многу мразам неправди,многу мразам кога напаѓаат слаба личност,личност која самата не може да се брани. не доволувам да навредуваат или напаѓаат некој за кој знам дека ќе си ќути. Најлесно е да застанеш зад некој што е силен и никој не му може ништо.Застанувам зад онаа страна каде што е правдата и зад онаа страна каде што верувам дека е во право.
Контрадикторна си. Прво, застануваш позади послабите, па потоа застануваш кај правдата.

Зошто мислиш дека по дифолт слабите се во право? Зошто мислиш дека некој ако е силен по дифолт не е во право?
 
Се сеќавам еднаш во младоста моја порочна, се враќам дома покасно навечер и во една уличка гледам - двајца тепаат еден. тие големи развиени а тој некако слаб и нежен.
Не можев да се воздржам и скокнав.... го столчивме од ќотек тројцата!
 
Контрадикторна си. Прво, застануваш позади послабите, па потоа застануваш кај правдата.

Зошто мислиш дека по дифолт слабите се во право? Зошто мислиш дека некој ако е силен по дифолт не е во право?

Не зборев за такви ситуации.Зборам на пример кога некој што мисли дека е фраер од зезанција ќе земе да вреѓа и да се исмева на некој што е мирен,само затоа што така му текнало.Тоа неможам да го гледам и да го поднесувам.

А доколку се работи за дискусија,за расправија застанувам на страната кој мислам дека има право.
 
Same here :smir:
 
Ако не сум вмешана во ситуацијата,не се интересирам ич ни кој е појак ни кој е послаб,не заземам страни,подеднакво сум на двете.
Ако сум замешана сум на моја страна нормално :)
На форумов,сум на страната што го застапува моето мислење,не е важно дали е појака или послаба.
При оговарање или сеирење,пошто оговарам стрикно со одбрани личности и оговарам стрикно одбрани личности,значи личности кои ги познавам,не непознати,секогаш сум на оговарачката страна,ако некој оговара пред мене некоја личност,зависно од личноста ако заслужува ја бранам,ако не не ја оговарам,мудро си молчам.
А на фудбалски натпревар,ако не игра мојот тим не го гледам :),што значи сепак се враќам на првото,ако не сум вмешана во ситуацијата не завземам страни,ако сум вмешана сум на мојата.
 
Кога се наоѓам помеѓу две спротивставени страни застанувам на онаа страна со која имаме слични размислувања и ставови.

Кога одредена група напаѓа поединец кој е слаб и не може сам да се одбрани застанувам на негова страна без разлика дали е во право или не е во право со таа разлика што тогаш го бранам поединецот а не неговите ставови.

Кога гледам некој натпревар ако не игра мојот тим навивам за тие што водат.

Кога има дискусија на форумов, не бранам никого, само се изјаснувам и не завземам ничија страна туку дејствувам како поединец.

Кога се оговара некоја особа-ако ми е особата драга ја бранам ако не се приклучувам на групата оговарачи.

И така :))) ...
 
Не зборев за такви ситуации.Зборам на пример кога некој што мисли дека е фраер од зезанција ќе земе да вреѓа и да се исмева на некој што е мирен,само затоа што така му текнало.Тоа неможам да го гледам и да го поднесувам.

А доколку се работи за дискусија,за расправија застанувам на страната кој мислам дека има право.
Епа дообјасни. Пошто има копиљаци на пример кои се слаби, ама се закачковци и злобни. И најлезет се за тепање, си го бараат со боринче.
 
Епа дообјасни. Пошто има копиљаци на пример кои се слаби, ама се закачковци и злобни. И најлезет се за тепање, си го бараат со боринче.

Ау знам за кои збориш.Имав такви во маало.Се закачаат,ќе си добијат ќотек и после идат и ги викаат родителите.:)

Но не,мојата поента беше кога послабите се нападнати без причина зашто на некому му било досадно.
 
Застанувам на страната за која што мислам сека има право,без разлика дали позади мене има илјада луѓе или сум сам :toe: исто е и со фудбалки меч...буквално во се...некогаш сум бил сам против сите но сум ја бранел својата теорија,а некогаш сум бил со толпата :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom