Не мислам само на песните на Next Time, туку на сите од Plan B продукција, дека ко шо гледам овде ја напаѓате целата продукција. И не мислам на буквално скокање:smir:
Бидејќи јас ги исплукав План Б , јас ќе ти одговорам.
Ако не си свесна , постои во македонија Андерграунд сцена .
Андерграунд сцената е составена од сите оние лица кој ги гледаш на улица и кој по нешто се разликуваат од останатите копи-пејст фаци.
Андерграунд сцената е составена од луѓе кој слободно можат да плукаат по фаци како Јован Јованов , Елвир Мекич , Некст Тајм и сл. бидејќи сватиле што е всушност музиката.
Музиката која што се свири во андерграунд сцената е направена за душа , за душата на слушателите и за душата на изведувачот. Во андерграунд сцената не се форсира поимот „кеш“ . Најголемата исплата на бендот за нивниот труд е насмевката од публика , или пак шутките кој се изведуваат на нивната изведба во живо.
Тоа се луѓе кој живеат за да свират , за да прават музика.
План Б продукција се луѓе кој прават музика за да живеат.. Полни со пари.
И пак , постојат луѓе како ти самата (не го сваќа како навреда) која што ги слуша. И пак , постојат луѓе кој веруваат дека тие „хуманитарни“ концерти мејнстрим бендовите ги прават бидејќи сакаат да направат добро дело. На тие начини тие мејнстрим бендови/поединци се обидуваат да се рекламираат себеси.
Бесплатна реклама.
За нели , повеќе продаван албум.
Повеќе продаван албум = повеќе пари.
Повеќе пари = повеќе албуми .
И се така се врти во круг .
И после за повеќе албуми бидејќи се нели , неталентирани и некреативни , мораат да крадат семплови од други изведувачи. А тоа се случува моментално со План Б продукцијата.
И тоа не крадат од некој си ЧКЉ странски поп изведувачи , туку крадат од „квалитетни“ артисти како Лил Вејн , Ријана , Бритни итн. итн.
Па сега ти види колку навистина вредат тие луѓе.
Колку навистина вреди да се слушаат.