30 дена притвор за Заев

Статус
Затворена за нови мислења.

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
По првата точка Заев појаснува дека процесот на денационализација е завршен со правосилни судски постапки со кои се отфрлени новите барања за денационализација и дека од 1968 година на предметниот простор е изграден струмичкиот пазар што стои во сите генерални урбанистички планови.

Извор

Кога се спомнуваат правосилните решенија се кажува дека тие се на апелација,ако има жалба до повисок суд постапката продолжува (Врховен или Управен).Во законот за денационализација исто така стои дека се враќа имотот ако е во иста состојба како во моментот на одземање, во овој случај иако во 1968 е изграден струмичкиот пазар во оној момент кога стариот пазар се порушил се створиле услови за реално враќање на недвижноста (т.е. парцелата не е повеке изградена но слободна).Наместо да прекинат со постапките за градење општинските власти продолжиле.
Градоначалникот на Карпош во своето интервју за неделникот Фокус иако се става во одбрана на Заев кажува дека кога тој имал случај со
граѓани кои биле баратели на денационализација тој ги прекинал сите постапки до правосилност на решението.
П.С. Утрински за мене не претставува баш релевантен извор на информации.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Офф мори мајко читам назад и искрено се смеам на коментарите на струмичани.. заев бил добар го изградил најубавиот трговски...

Ок го изградил НАЈУБАВИОТ трговски ... но дали направил криминал при изградбата или не??? моментално е ОБВИНЕТ дека направил... во тек е постапката која на крај ќе заврше со судска пресуда.. и или ќе биде ослободен или ке биде осуден... во зависност од доказите така да ако е он ПРАВ нема потреба да кревате узбуни ќе си презентира докази ќе ги побие обвиненијата и ќе биде ослободен...

и пак ќе нагласам... ЗАЕВ ГО НАПРАВИЛ НАЈУБАВИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР , прашањето е дали на законски начин.... ајт поздрав и не се глупирајте со тоа дека бил добар... најдобар нека е, Законот важи за сите
Иако не сум струмичанец...а знам што претставува Зоки за струмичани, ќе се обидам да ти ја доловам поентата.

Нема никаков проблем оти Заев е осомничен за злоупотреба на службената положба. Тоа ќе се докажува на суд.
Но.
Сомнежот е во тоа што после двете одлуки за бранење од слобода на истражниот судија...и после неразјаснетото промена на обвинителот, власта отиде на третата, добитна варијанта, која се знаеше дека секако ќе резултира со притвор на Заев.

Сомнежот е и во тоа што и покрај исполнувањето на петте услови за бранење од слобода, кривичниот совет со скоро никакви аргументи, одлучи така како што одлучи.

Значи...струмичани, а исто и целата Македонска јавност, не се слепи за да видат што е целта на целата рашамонијада што смислено се направи околу случајот Заев.

Доколку целта беше правично судење, случајот можеше многу убаво да си се одвива во посакуваната насока. МВР да поднесе пријава за злоупотреба на службената должност, Заев да се брани од слобода, бидејќи условите за тоа се исполнети, и случајот да си добие разрешница како што доликува во една демократска држава, без да навлегувам во тоа дали е виновен или не. Да не ја спомнувам презумпцијатата на невиност...да не спомнувам дека истото дело пред неколку месеца, не беше прифатено поради недостаток на докази.

Најголемиот сомнеж, а исто така и прашање е :
Дали некој сака, успешниот градоначалник и кандидат за лидер на опозициониот СДСМ, политички да го елиминира ?
Да не заборавиме дека власта спрема предвремени локални избори.
И Јас би додал уште едно прашање.
Дали доколку (хипотетички), Заев биде ослободен од обвинението, некој не ја злоупотребил својата положба, во цел на политичка пресметка ?
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Иако не сум струмичанец...а знам што .....

Ајде не зафркави Струмичани за Заев и лидер на СДСМ

Сите го чекат Б.Ц да се врати .

Сакам градоначалник што ќе ги почитува законите .

ЗАКОНИ ЗА СИТЕ .

Функција на градоначалоникот е да се грижи за градот.

Куманалец штрајкувал.
Па да не се будали да работат по цел ден на жешко и тие се луѓе.

Инаку ги наршуваат моите интереси.

Значи ако не е Заев , компјутерите во општината не работат, пенакалата, печатите, метлите не метат, камионите не одат.

Прост народ.

За секој одел си има одговорен треба да се гонат оние што предизвикуваат неоснован Бунт.

Една глупа администрација која е цела партиски ориентирана и ја кочи државата со нејзиното не работење и судии станаа.
По цел ден и така само нози прекрстуваат и се чешат , зарем досега работеа?

Во оштината на Струмица дали има 4-ца што си ја вршат работата
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Кога се спомнуваат правосилните решенија се кажува дека тие се на апелација,ако има жалба до повисок суд постапката продолжува (Врховен или Управен).Во законот за денационализација исто така стои дека се враќа имотот ако е во иста состојба како во моментот на одземање, во овој случај иако во 1968 е изграден струмичкиот пазар во оној момент кога стариот пазар се порушил се створиле услови за реално враќање на недвижноста (т.е. парцелата не е повеке изградена но слободна).Наместо да прекинат со постапките за градење општинските власти продолжиле.
Градоначалникот на Карпош во своето интервју за неделникот Фокус иако се става во одбрана на Заев кажува дека кога тој имал случај со
граѓани кои биле баратели на денационализација тој ги прекинал сите постапки до правосилност на решението.
П.С. Утрински за мене не претставува баш релевантен извор на информации.
Во врска со правосилната пресуда, не е наведена од кој суд е, така да деталите сигурно ова недела ќе излезат на виделина.

П.С.
Утрински можеби за тебе не е релевантен извор, но изјавата е цитирана, па барем тоа би требало да биде релевантно.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Ајде не зафркави Струмичани за Заев и лидер на СДСМ
Сите го чекат Б.Ц да се врати .
Сакам градоначалник што ќе ги почитува законите .
ЗАКОНИ ЗА СИТЕ .
Функција на градоначалоникот е да се грижи за градот.
Куманалец штрајкувал.
Па да не се будали да работат по цел ден на жешко и тие се луѓе.
Инаку ги наршуваат моите интереси.
Значи ако не е Заев , компјутерите во општината не работат, пенакалата, печатите, метлите не метат, камионите не одат.
Прост народ.
За секој одел си има одговорен треба да се гонат оние што предизвикуваат неоснован Бунт.
Една глупа администрација која е цела партиски ориентирана и ја кочи државата со нејзиното не работење и судии станаа.
По цел ден и така само нози прекрстуваат и се чешат , зарем досега работеа?
Во оштината на Струмица дали има 4-ца што си ја вршат работата
Многу лошо мислење имаш за своите сограѓани.
Ај побиј го фактот, што го напиша еден струмичанец тука, дека за еден ден се собрани 10 000 потписи, ако се знае дека околу 35 000 струмичани имаат право да се потпишат. Значи паѓа во вода твојата констатација, дека Струмица не го сакат Заев.
Искрено се надевам дека еден ден, здравје и живот, откако ќе го завршиш школувањето, ќе се вратиш во Струмица...ќе си отвориш некој бизнис, и ќе го смениш ставот за глупавите и прости струмичани.

Во врска со болдираното.
По твоја логика, доколку Груевски по некоја случајност отиде во затвор (што искрено не го посакувам, само споредувам), Македонија би требало најнормално да си функционира.
Која логика!
Па што ќе ни е тогаш Премиер ?

P.S.
Инаку сите настани околу ова, се одвиваа толку провидно, што дури и Јас, 24 часа пред да биде донесена одлуката, го предвидов текот на настаните.
 
Член од
30 мај 2008
Мислења
830
Поени од реакции
27
Аххх...Џабе е со некого не иде едноставно...Колку луге имате на маршот бе 50 60 70 100??? Да погодам сите активисти на СДСМ? ДАА!! затоа и почнува од пред штабот на СДСМ...Барем по неочигледно да беше..ајде убави нека му бидат заслужените години во затвор...Па валда и вие ке се свестите ееднаш..поздрав
Za ova se lazes.Na marsot vo Strumica se i tvoite braka VMRO-vci,samo ne sakaat da ti kazat na tebe.Strumica ima pomalku clenovi na SDSM od nekoj drug grad vo Makedonija,a gledas i VMRO-ci placat za dobriot covek Zaev,koj ja vozdigna Strumica na 1vo mesto vo Makedonija.Koj e budala da place za covek koj e lazgo i koj saka da se zbogati od svoite sogragani.Ne sakam da se povtoruvam no Zoran Zaev stana Gradonacalnik veke bogat od svoite pradedovcia,a ne so kriminalni zdelki kako nekoi VMRO-vci.
Toj poradi ljubovta kon svojot grad i kon zalozbite koi sakase da gi doostvari,se otkaza od imunitetot,za da gi odraboti preostanatite meseci na ovaa funkcija.
Nikoj ne vide spektakularni apsenja na Paunovski,Staninov,Daravelski,i dr.a neli mozea i drugite koga bea na vlast toa da go napravat iako bea mnogu pomokni od ovie sega,no zalozbata za demokratsko opstestvo so pocituvanje pred se na individualnite prava i slobodi,i nivnite moralni nacela ne im dozvoluvaa da obvinat nekogo pred da mu se dokaze vinata.Koj e sega sleden?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Многу лошо мислење имаш за своите сограѓани.
Ај побиј го фактот, што го напиша еден струмичанец тука, дека за еден ден се собрани 10 000 потписи, ако се знае дека околу 35 000 струмичани имаат право да се потпишат. Значи паѓа во вода твојата констатација, дека Струмица не го сакат Заев.
Искрено се надевам дека еден ден, здравје и живот, откако ќе го завршиш школувањето, ќе се вратиш во Струмица...ќе си отвориш некој бизнис, и ќе го смениш ставот за глупавите и прости струмичани.

Во врска со болдираното.
По твоја логика, доколку Груевски по некоја случајност отиде во затвор (што искрено не го посакувам, само споредувам), Македонија би требало најнормално да си функционира.
Која логика!
Па што ќе ни е тогаш Премиер ?

P.S.
Инаку сите настани околу ова, се одвиваа толку провидно, што дури и Јас, 24 часа пред да биде донесена одлуката, го предвидов текот на настаните.
Па Македонија најнормално си функционира и без премиер и без председател,еве на пример кога Гвујо беше на “таен“ годишен одмор пред некој ден се си течеше нормално.Значи нема некоја поголема потреба од премиерот,дури и писмата што ги испраќа никој не му ги ни чита,што всушност зборува за неговата маргинализација на меѓународна сцена и полека но сигурно воведување на Заев со меѓународни признанија на истата таа сцена.
Инаку зачудува фактот колку Струмичани си го сакаат сопствениот градоначалник од кого државава направи “маченик“ и му го набилда рејтингот како никому досега,по грешка на “Гвујовата фабрика“ Зоран стана преку ноќ толку популарен колку Гвујо за две-три години во опозиција.Секако превземените популаристички мерки со зголемување на пензии колку инфлацијата овие денови ќе му го вратат малку урнатиот рејтинг на Гвујо,но тоа е само на краток рок и нема да може да се ублажи популарноста на Заев со театралното пинг-понг затварање односно носење-враќање и пак носење во притвор.

П.С.-А,кога му велев на Гвујо да си го смени тимот во сопствената фабрика,тој не обрнуваше внимание,сега го “закопаа“.:smir:
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
СООПШТЕНИЕ ДО МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

,,Отстрелот” на политичките неистомисленици со власта во Република Македонија добива загрижувачки димензии. Обидите за моја политичка елиминација и дискредитација, но и за нарушување на човечкото достоинство, низ разни притисоци, конструкции и закани, траат подолго време, а кулминираа со обвинението за злоупотреба на службена должност при изградбата на градскиот пазар во Струмица.
Јавното обвинителство и МВР ја темелат својата хајка против мене и моите соработници на три главни обвиненија:
1. Непочитување на правото на денационализација
2. Прекршен закон за јавни набавки
3. Објектот е изграден на државно земјиште без согласност на Владата.
Во името на вистината, а во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија фактите го зборуваат следното:
1.Обвинение: не е почитувано право на денационализација !
Лицата кои бараа да им се врати земјиштето на локацијата на сегашниот градски пазар тоа го направија во судски постапки. Процесот заврши со правосилни судски одлуки донесени од основен суд и потврдени на апелационен суд со кои им се отфрлија барањата и тоа на основ на законот за денационализација. На локацијата има дефинирано јавен интерес од 1968 година кога е изграден пазарот во Струмица, а тоа се гледа од Генералните урбанистички планови од тогаш до денес.
2. Обвинение: прекршен закон за јавни набавки !
Општина Струмица нема потрошено ниту еден денар за изградба на овој проект а со тоа и не сме законски обврзани да спроведеме процедура за јавна набавка, но сепак во максимално транспарентна постапка избравме соинвеститор. Општината не набави ништо за потребите на овој проект и тоа може да се види од буџетите на општина Струмица кои се информации од јавен карактер.
3.Обвинение: дека градбата е на државно земјиште без согласност на Влада на Република Македонија !
Според сите позитивни законски прописи во Република Македонија на локација на која има дефинирано објект од јавен интерес може да се гради исклучиво ако земјиштето е во сопственост на Република Македонија, ако на таква локација земјиштето е приватно, прво треба да се изврши експропријација, да се запише во катастар на име на Р. Македонија и дури потоа да се определи кој ќе биде корисник на тоа земјиште а со тоа и кој ќе го гради. Тоа нешто е создадено со решение за експропријација од 1957 година. Од тогаш до денес корисник на тоа земјиште е ЈПКД Комуналец – Струмица, а како корисник има законско право на градба на тоа земјиште согласно генералниот и деталниот план од 1987 година.
Врз основа на овие непобитни факти, сите релевантни институции но и граѓаните на Република Македонија нека ја осознаат вистината и нека ја разрешат дилемата дали има правна основа за сомневање или станува збор за монтиран политички процес, кој за жал по директива и притисок на власта, продолжува понатаму. Власта продолжува со притисокот врз судството.
Шест невини луѓе, сосила се прават виновни. Шест семејства без причина се заложници на агонијата.
Некои луѓе ја погребуваат демократијата во Република Македонија. Ќе бидете ли рамнодушни кон сево ова или не, одлучувате самите. Утре ова може и Вам да Ви се случи.

Зоран Заев
Градоначалник на Општина Струмица

Ете по релевантен извор,сепак е апелација.Уште нешто законот за денационализација е lex specialis односно има приоритет пред другите закони.Правото на приватна сопственост е неприкосновено и е темел на целата западна цивилизација.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Ете по релевантен извор,сепак е апелација.Уште нешто законот за денационализација е lex specialis односно има приоритет пред другите закони.Правото на приватна сопственост е неприкосновено и е темел на целата западна цивилизација.
Исто како индивидуалните права и презумпцијата на невиност...мора да се сложиш.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Многу лошо мислење имаш за своите сограѓани.
Ај побиј го фактот, што го напиша еден струмичанец тука, дека за еден ден се собрани 10 000 потписи, ако се знае дека околу 35 000 струмичани имаат право да се потпишат. Значи паѓа во вода твојата констатација, дека Струмица не го сакат Заев.
Искрено се надевам дека еден ден, здравје и живот, откако ќе го завршиш школувањето, ќе се вратиш во Струмица...ќе си отвориш некој бизнис, и ќе го смениш ставот за глупавите и прости струмичани.

Во врска со болдираното.
По твоја логика, доколку Груевски по некоја случајност отиде во затвор (што искрено не го посакувам, само споредувам), Македонија би требало најнормално да си функционира.
Која логика!
Па што ќе ни е тогаш Премиер ?

P.S.
Инаку сите настани околу ова, се одвиваа толку провидно, што дури и Јас, 24 часа пред да биде донесена одлуката, го предвидов текот на настаните.
10 000 се потпишаа? - Утре посабајле.
Со свои очи видов како некои лица се потпишуваа по 10 пати на местата одделени само неколку метри, без никаква идентификација во рок од 1 саат, а замисли претходно или потоа колку пати се потпишале (со различни имиња секако).
Дури еден идиот се потпиша како Зоран Заев. :)

И уште еднаш ќе ги потврдам Вирус и другите кога велат дека во Струмица живее многу прост народ. Не само обичните луѓе, туку и оние на високи места.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
jas mislam deka pocna da se vodi jalova diskusija po ovaa tema.

ne znam za sto da se diskutira koga skoro site diskutanti se slozuvaat deka ako e nekoj vinoven treba da odgovara. taka da najpametno e sudot da si ja zavrsi rabotata bez pritisoci od niedna strana i toa e toa.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
10 000 се потпишаа? - Утре посабајле.
Со свои очи видов како некои лица се потпишуваа по 10 пати на местата одделени само неколку метри, без никаква идентификација во рок од 1 саат, а замисли претходно или потоа колку пати се потпишале (со различни имиња секако).
Дури еден идиот се потпиша како Зоран Заев. :)

И уште еднаш ќе ги потврдам Вирус и другите кога велат дека во Струмица живее многу прост народ. Не само обичните луѓе, туку и оние на високи места.
Ти можеш да го потврдиш и вирус и касперски и кој сакаш.
Но едно не може да се негира.
Првпат Македонскиот народ, толку масовно и жестоко се става во одбрана на еден политичар.
Тоа би требало да значи нешто...и да плаши некој !?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Темава како што оди...наскоро ќе заигра тука клучот.
Заради непродуктивна, претежно офтопик, дискусија која се состои во партиски препукувања...и ништо повеќе...
Туку, ајде... нека ви е.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Исто како индивидуалните права и презумпцијата на невиност...мора да се сложиш.
А некој му ја оспори презумпцијата на невиност? тој е ОСОМНИЧЕН за злоупотреба на службена должност а никој не рече дека е ВИНОВЕН за тоа, ако мислиш дека неговото приведување е оспорување на презумпцијата на невиност си се заебал... или не ги сваќаш правните поими... :toe:
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Ти можеш да го потврдиш и вирус и касперски и кој сакаш.
Но едно не може да се негира.
Првпат Македонскиот народ, толку масовно и жестоко се става во одбрана на еден политичар.
Тоа би требало да значи нешто...и да плаши некој !?
Струмичкиот народ, односно приврзаниците на СДС, односно простиот народ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom