jas nesum od strumica.a bi sakal da gi prasam strumicani?na cie mesto e izgraden global?dali mestoto ima sopstvenici? dali e cisto se zakonski?dali gradeznoto zemjiste nema spor.stoe problem so denacionalizacijata na sopstvenicite? dali e nadomestena , dali tie sopstvenici imaat del od global (mislam soodvetna kvadratura nadomestena).daj kazete nesto povekje ? vaka neznaeme kolku e kriv kolku e prav.i za sto se krivici?
Posho neznajs za sho se raboti procitaj ovde ili ako sakash pokasno na utrinski vesnik :
Кривичниот совет одредил притвор за Заев за да не го повторел делото
На решението на Кривичниот совет се чекаше цели шест часа за да се обелодени дека има притвор за сите осомничени
Љубиша Станковиќ
Судскиот совет на скопскиот кривичен суд смета дека постои реална оправданост за определување мерка притвор за струмичкиот градоначалник Зоран Заев, бидејќи проценил дека постои реална можност тој и неговите соработници да го повторат делото или, пак, да влијаат врз сведоците во постапката.
Ваквиот став на Кривичен совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 за одбраната на шестмината осомничени е крајно несериозен, бидејќи Заев и другите осомничени во изминатите десетина дена покажаа дека со ништо не ја попречиле истрагата, а обезбедена е и целокупната потребна документација која се однесува на новоизградениот Трговски центар „Глобал“ во Струмица.
Цели шест часа расправаше тричлениот Кривичен совет за да одлучи да ги укине превентивните мерки што ги изрече Истражниот судија и да му одреди 30-дневен притвор на струмичкиот градоначалник Зоран Заев на четворица негови соработници и на инвеститорот на „Глобал“.
Во решението што го донесоа судиите Лидија Неделкова, Горан Бошевски и Весна Димишкова само неколку минути пред рокот предвиден за донесување одлука на три и пол отчукани страници стои дека е основана жалбата на Јавно обвинителство. Советот проценил дека „во доволна мера не се ценети околностите во врска со обвинетите и начинот на сторување на делата“, односно дека „постојат околности кои укажуваат дека истрагата ќе биде попречена од страна на обвинетите со влијание врз сведоците, но и помеѓу самите обвинети како соучесници, како и тоа дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат делото обвинетите“.
Кривичниот совет проценил дека во истрагата што е започната не биле преземени поголемиот дел од предложените дејства, дека истражниот судија не ги распитал сведоците кои ги предложило Јавното обвинителство, а обвинетите не биле распрашани на сите околности. За Кривичниот совет е проблем и тоа што дури петмина од шестемина осомничени се вработени во Општина Струмица и дека од нивните сегашни функции кои ги извршуваат можат да го повторат делото.
„Во изминатите денови се потврди дека никој од осомничените не се обиде да се даде во бегство. Сите беа кооперативни и соработуваа со судските органи, онака како што и беше наложено од истражниот судија, но е нејасно како замислува Кривичниот совет дека тие ќе го повторат делото? Можеби со изградба на уште еден трговски центар? И сега сум на мислење, а тоа го наведов и во одговорот на жалбата на Обвинителството, дека истражниот судија постапил крајно професионално, стручно и објективно и дека неговата одлука е заснована на законски одредби“, изјави бранителот Љубомир Михајловски.
а донесувањето на решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му претходеа многу настани кои се одиграа за многу кратко време. Најпрво Јавното обвинителство ја поднесе жалбата на само 15-ина минути пред истекот на рокот, а веќе во 16 часот, во петокот, јавниот обвинител на Македонија Љупчо Шврговски ја разреши од должност заменичката на обвинителот, која постапуваше во овој случај. Советот, по приемот на жалбата, но и одговорот на жалбата, не се состана, туку го стори тоа во саботата во доцните попладневни часови, но и тогаш не беше донесено никакво решение. Конечната одлука дојде во неделата, по шест часа расправа, но таа не беше јавно соопштена, а налогот за притворање на градоначалникот и потпретседател на СДСМ Зоран Заев им беше предаден на вработени во МВР кои, пак, истата вечер пристапија кон реализирање на налогот.
Зоран Заев од прексиноќа е на издржување на 30-дневниот притвор, но други детали кои се поврзуваат со неговото притворање не се соопштуваат, бидејќи новопоставената директорка на Истражниот затвор „Скопје“ Сузана Гавриловиќ одлучи да не дава никакви изјави.