Незнам што сакаш да кажеш... Инаку себеси не се сметам за голем правник, туку..само за правник.
Ако сакаш толкување, еве:
Сфати ја како што е напишана.
Или:
За она под 1.:Ниту бранам некого, ниту напаѓам. Едноставно, појаснувам некои правни постулати.
Под 2: Направеното од страна на градоначалникот (одобрено од Советот) во градот си стои, и никој неможе да негира или да преувеличува. Но, сето тоа е неважно, бидејќи друго е целата работа.
И, под 3: Ова ќе биде многу тежок случај за судијата (советот) кој ќе пресудува. Како правник, а и како човек, кој верува во државата и системот, очекувам пресуда врз основа на докажана фактичка состојба, било осудителна, било ослободителна, но која нема да остави простор за евентуални шпекулации понатаму.
@Реален: Незнам што наредил истражниот судија и како течела претходната постапка, па да коментирам околу приведувањето.
А за одредувањето притвор, не е потребно кумулативно исполнување на сите законски предвидени услови, туку доволен е само еден.