Хмм Полска не покажа некоја посебна игра. Не играа како што очекував. Немаа ни игра ни ништо. Ако успеале да ги победат Русија не гледам нешто што ние не го можеме.
Знаеш ли кој е вистинскиот проблем?
Тоа што ние секогаш се потценуваме самите себе!
Во сите спортови, каде играме со некој подобро рангиран.. почнуваме со коментарите од типот на “дај барем боже нерешено, ќе се потрудиме да изненадиме, добро па не изгубивме многу разлика...итн. итн.“
Многу лоша спортска филозофија која не ти дава полет во духот, борбеноста.
Треба да се заборави на ранг листите, да се одигра со максимален напор и безмислосно.... да не се штедиме, теренот и за нас и за нив е исти.
Нашиот проблем е психичката бариера. Доколку ова успееме да го свртиме во наша корист, посебно во ракометот не ни бегаат и медали.
И нормално дека можеме да ја победиме и Русија и Германија, треба само со искрено залагање и волја за докажување да се влезе.
Многу замарање што ќе направеле противниците, демек сега не научиле, не прочитале.... не вредат ништо таквите размислувања бидејќи во моментот на игра одлучува не само стратегијата туку и мотивираноста, среќата, што би рекле “гладот“ за успеси.
Овие три репрезентации на Полска,Германија и Русија се заситени тимови, со силни лиги, титули, скапи играчи.
Полјаците ви реков дека се во шок, збунети, бидејќи очекуваат повторно борба за медали, а целосно беа надиграни од нас.
Се преценија самите себе, и сите коментатори сега не ни помислуваат да искоментираат како тоа “на среќа“ сме тепале, туку не ставаат во рангот на најквалитетни репрезентации кои само се потврдуваат како играчки потенцијал.
Да ни биде јасно, мечот иако израмнет, ни припадна нам, а да ја победиш Полска не е само прашање на среќа бидејќи држевме ниво цел натпревар.
Она што пак ние сега треба да го сториме, е да се спуштиме на земја. Да не се прецениме или да речеме доста ни е бе.. го тепавме вицепрвакот.
Задутре уште поцврсто!
Абе Братот кај ни е???Брату аман дан напрај некоја беља со тоа Пољаците???
Ај ќе свртам некој тељефон разбираш. :smir: