Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Се согласувам само ќе те исправам малку. Патриотизмот е измислен од богатите за да си ги заштитат своите интереси. Порано кога луѓето живееле во беда особено сиромасите не постоел механизам за да се натера да го заштити имотот и вредностите на моќниците. Затоа е измислен патриотизмот. Едноставен начин да се натераат луѓето кои немаат ништо да се борат за интересите на оние кои имаат што да изгубат или добијат. Реално не постои друг начин на некој што е бос и гол да го натераш да се бори за една држава освен ако не го убедиш дека таа држава е дел од него и дека треба да биде горда во неа. А реално ретко на кој би му сменило нешто од истата група на луѓе да биде под една или друга држава.
Lol се надевам дека е иронија или нешто слично пошто да кажеш за напишаново дека е глупост му доаѓа како пофалба. Ова твоево нешто како анти пропаганда на сиромавите кои ја измислиле религијата за да ги заебаваат богатите. :pos2: Добро бе нормален ли си што зборуваш ти? Тие богатите од што биле премногу богати измислиле и различни јазици за луѓето да можат полесно да се групираат и традиции им смислиле а бога ми и обичаи, верувања, физички изглед итн. :kesa:
Инаку по темава мислам дека е вродено тоа борбено чувство и чувството за заштита на своето по секоја цена и дефинитивно има врска со гените. Сега, точно е и тоа дека ако те воспитаат од мал како што правеле Турците со јаничарите на пример, да веруваш дека си од друга националност би бил ревносен борец за таа нација или космополит во зависност од твоите гени. Ова може и да звучи малку глупо ама би го поткрепил со тоа што голем дел од денешната турска нација која знаеме дека има примеси од скоро сите балкански народи е со тотално различен менталитет од останатите муслимани.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113

Не напртов сериозен сум. Само што ти не ги разбираш работите. Како прво јазикот не е уникатан способност на луѓето само е понапредна од оној на животните и нема никаква врска со ова ти што го кажуваш. религијата е измислена за да се објаснат појавите околу нас кои не можеле да се разберат, но сите знаеме дека сето тоа е глупости и дека ниту една религија нее точна и дека е вештачка творба. и да од самото постоење на религијата постојат и луѓе кој ја користат за лично богатење така да тое е една од главните цели за нејзиното пласирање. Традициите и обичаите се или религиски или комерцијални, трет вид нема освен во последниве 1000 години кога некои почнаа да прават посебни традиции во одредени чести на одредени луѓе. Физички изглед се оформува пред се поради климата и предците и нема никаква врска со нациите (ова е дури и глупо и банално да се помисли мислам сериозно).
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Патриотизмот си е вродено чувство, али кај нас е оддамна одродено!:toe:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Патриотизам е глобална манипулација со перцепцијата од одредени структури со цел да не се доведува ништо во прашање.

Никој не знае да објасни кои се позитивните страни на патриотизмот и дали воопшто ги има.
 
Г

Господ

Гостин
Патриотизмот е заразна болест која најмногу наликува на мутиран хибрид на еротоманија и објектофилија.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Патриотизмот е заразна болест која најмногу наликува на мутиран хибрид на еротоманија и објектофилија.
Повеќе забегува накај мазохизам...:)
Претпоставува сакање (!?) на некаков ентитет чија основна дефиниција е грабеж.
Но оние кои се лоботомирани со патриотизам сметаат дека насилното одземање пари не е грабеж (даноци и други намети) бидејќи било - легално (!?)
Масовната индустријализирана кланица на минатиот но и на овој век кои одзедоа најмалку 450 милиони човечки животи е уште една карактеристика на патриотизмот.

Добро би било луѓето да расчистат со поимите.
Затоа што наголемо се тресат глупости и неверојатни срања за поими за кои се нема абер што означуваат.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Патриотизмот дава чуство за припадност на некоја имагинарна заедница која реално не дава пет пари за твојата егзистенција и проблеми .
А редовно се користи за политички кампањи и освојување гласови без да направат нешто реално.
Исто така изговор за да се убиваат невини луѓе и притоа патриотизмот ни овозможува да спиеме мирно со крвави раце .

Прекрасен поим :)
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Патриотизмот е начин да се идентификуваш со нешто непостоечко...
Слично е како религија , скоро исто...
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
нема ништо лошо да си ја сакаш земјата и својот народ.....
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Патриотизмот дава чуство за припадност на некоја имагинарна заедница која реално не дава пет пари за твојата егзистенција и проблеми .
А редовно се користи за политички кампањи и освојување гласови без да направат нешто реално.
Исто така изговор за да се убиваат невини луѓе и притоа патриотизмот ни овозможува да спиеме мирно со крвави раце .

Прекрасен поим :)
Другар , мешаш поими ..патриотизам и национализам/фашизам.. Патриот е човек кој ја сака својата земја,народ,јазик,култура и ги брани од напади,си го брани своето и не се алчи за туѓото
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Другар , мешаш поими ..патриотизам и национализам/фашизам.. Патриот е човек кој ја сака својата земја,народ,јазик,култура и ги брани од напади,си го брани своето и не се алчи за туѓото
А шо значи тоа сакање народ?
Што е тоа “своето“?
Ти ги сакаш сите 2 милиони во РМ или само оние кои се идентификуваат како македонци?
Остај шо 99,99% од жителите не ги ни знаеш ни познаваш...ама ги сакаш...
А оние по дијаспората,и нив ги сакаш?

Земјата...мислиш почвата,хумусот или државата?

Јазикот хахахах јазикот е алатка за комуникација,незнам како може да се споменува во конотација на сакање или мразење...
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Другар , мешаш поими ..патриотизам и национализам/фашизам.. Патриот е човек кој ја сака својата земја,народ,јазик,култура и ги брани од напади,си го брани своето и не се алчи за туѓото
:icon_roll
Да бе и за тоа бранење редовно некој тука добива парична надокнада .

Само уште еден иструмент од паразитската елита која се користи за анимирање на масите за да не видат дека се робови и дека некој им ги труе децата и уништува животот.

Фашизам само е поекстремна форма ама на крај се се сведува на политичка игра , моќ, и профит. Твоја должност е да не ја испрашуваш владата што прави и да ја подржваш ( тоа е една од дефинициите) еден убав пример за патриотизам за време на 2003 кога во америка се тупеше со тој збор:
"Why are we going to war?"
"Saying things like that support the terrorists."
Резултат :1.5 милиони жртви.
Кажи го како сакаш тоа не го менува фактот дека е поим кој е комбинација од wishful thinking дека браниш нешто поголемо и поважно од твојот мизерен задник, егоцентричност и комплекс на поголема вредност дека ти вредиш повеќе од другите .
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
... најлошите непријатели на секоја нација се нејзините ништожни патриоти. "Патриотизмот е последното прибежиште на кукавицата". - Преземено од Heptagram IX
А од историјата научивме дека во срцето на кукавицата не вирее доблест!

Кога ќе "падне" и последниот патриот, ќе може да се шета земјината топка без проблеми со граници и без омраза!
Она "своето" што го велите не е парче земја(држава) и грст луѓе! Човештвото и Земја е СВОЕТО! Но да сакаме само едно парче земја(држава) и грст луѓе, не оди тоа така!
Последното барање на Глобализацијата е безграничност! :)
Цело е кога има се, нели! :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Немора да се оди подалеку, доволно е да видиме што ни прави патриотизмот, национализмот и сите останати "изми" од тој тип, тука во Македонија. Спротивставени табори на политичка, верска, национална и која ли друга не основа! И што е најтрагично сето ова ќе им биде смешно и патетично на некој наредни поколенија. Патриотизмот е менталитет на стадото, кога луѓето ја идентификуваат толпата како дел од себе.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
А шо значи тоа сакање народ?
Што е тоа “своето“?
Ти ги сакаш сите 2 милиони во РМ или само оние кои се идентификуваат како македонци?
Остај шо 99,99% од жителите не ги ни знаеш ни познаваш...ама ги сакаш...
А оние по дијаспората,и нив ги сакаш?

Земјата...мислиш почвата,хумусот или државата?

Јазикот хахахах јазикот е алатка за комуникација,незнам како може да се споменува во конотација на сакање или мразење...
Ретко да се согласам со тебе, ама со овој пост целосно се согласувам..:)
Патриотизам-најчест изговор за лечење фрустрации, и најголема причина да се оправда војна. Се гине за ништо. Прво бил човекот, после државата и припадноста. Така што нешто што е создадено отпосле не може да го дефинира човекот повеќе од неговите рани почетоци.
Порано и јас мислев дека сум патриот, т.е мислев дека ако не го чувствувам тоа сум нешто налик на предавник( многу чест збор употребуван кај нас). И така си пораснав и сфатив дека граница не смее да ме ограничува да имам предрасуди кон другите луѓе, заради мојата припадност и местоположба.
Затоа се дефинирам пред се себеси како космополит.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom