Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Кај мене почитта не зависи во основа од тоа дали некој е ѓубре или не. Проблемот со изреката лежи на друго место. Имено тие што се „ѓубриња“ намерно или ненамерно го користат тоа што лошата вест се движи многу побрзо од добрата, па така преку нивните лошотилаци многу почесто се оговарани и многу повеќе луѓе преку тоа го запознаваат, додека фините, во основа никој не ги оговара, да не речам не ги ни спомнува, па ко прво нив многу поналку луѓе ги знаат, ко второ потребно е многу подолго време за да навистина се запознаеш со тие што не се злобни и ѓубриња. Освен тоа мнозинството од населениеот не се злобни или пак „ѓубриња“ односно се ама одлично го имаат маскирано тоа и никој не ги знае како такви, па така во општеството тие кои јавно ја покажуваат својата злоба, пакосност и тоа што се „ѓубриња“ се оздвојуваат о полесно се препознаваат.
Еве јас колку и да сакам неможам на некој да му нанесам болка намерно и кога има проблеми се обидувам да ги решам на најбезболен можен начин, точно поради тоа многу често ми се потврдува тоа што мислам дека јас познавам и знам многу повеќе луѓе отколку што мене ме знаат и познаваат. Претпоставувам дека точно поради таа моја смиреност останувам не толку забележан и лесно ме забораваат.
Затоа и тие „ѓубриња“ кои можат да бидат почитувани многу побрзо и од многу повеќе луѓе ќе бидат почитувани додека тие кои не се ѓубриња за нив теба вреем и подобро запознавање.