Биди ѓубре за да те ценат?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не може да избројам колку пати ја имам чуено оваа изрека и колку само ме нервира. Добро, мајку му, мора ли луѓево да бидат третирани како ѓубре, да осеќаат злоба на своја кожа за да почитуваат некого? Не знам, дали луѓето се повеќе и повеќе стануваат мазохисти, свесно сакаат да бидат лошо третирани и тој човек кој ќе ги третира така ќе го сакаат и почитуваат?

Колку оваа изрека држи вода во реалноста?
Кои луѓе ја употребуваат и постапуваат во склад со неа? Оние кои сакаат да се самоубедат дека е ОК да бидеш таков, за да немаат грижа на совест кога повредуваат некој или оние луѓе кои се разочаруваат од злобата околу себе, кои се фини?

Дали мора да значи дека ако си добар, фин со луѓето нема да бидеш успешен и ценет?

И зошто побогу некој повеќе би го ценел оној кој го третира како ѓубре отколку оној кој е фин и добар со него?

Сум приметила дека и со професорите во школо е така: Оние кои се добри, фини и кои пријателски се поставуваат, учениците им се качуваат на глава, а оние одвратни, злобни, исфрустрирани професори се страв и трепет и сите им се плашат и се најголем авторитет.

Ваши мислења?
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Чиста вистина.
Пример - ја :)
Порано, мирен, не се заебава со никој, и никој ни те ферма ни те есапе, сметат те за глуп клошар (не сите, повеќето сепак).
Сега, Кизо дрнда на кој стигне (не баш на сите, ама на повеќето), префрла, не пропушта шанса да „спуште“ и подруго е.
Најинтересно е тоа, шо кога си фин/а, сите кажуваат на други дека фин/а е, а односот спрема фината личност им се за никаде.
За мене, боље е да си гад и ѓубре, ама само спрема личности што го заслужуваат тоа.
 

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
Чиста вистина.
Пример - ја :)
Порано, мирен, не се заебава со никој, и никој ни те ферма ни те есапе, сметат те за глуп клошар (не сите, повеќето сепак).
Сега, Кизо дрнда на кој стигне (не баш на сите, ама на повеќето), префрла, не пропушта шанса да „спуште“ и подруго е.
Најинтересно е тоа, шо кога си фин/а, сите кажуваат на други дека фин/а е, а односот спрема фината личност им се за никаде.
За мене, боље е да си гад и ѓубре, ама само спрема личности што го заслужуваат тоа.
фин сум со тие шо се поставуваат спрема мене добро, и ако видам дека личноста е добра не е исфурана, а така гад сум према оние кои ми се прават да се кој знае што, а 70% од луѓето во градот не ги/о сакаат, а кога ќе имаат потреба од тебе тогаш се фини се ќе сторат за тебе, а така кога се и е на место никој и ништо.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Спрема поблиските не сум ѓубре. Ама сите на денешницава што се прават паметни,ќе преречат нешто а имаат IQ 10 знам да ги спуштам. Многу ми имаат кажано и во фаца,дека секогаш ги спуштам. Кој како си наредил...
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Доброто не оди секогаш кон добро и лошото не оди секогаш кон лошо. Ништо не е фер во животот, па зашто ова да е фер?
Биди добар, го јадеш од сите, па и од најблиските!
Биди гнаса, имаш многу подобри шанси да успееш.
Биди паметен, е ова е веќе предизвик.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Колку клише реченица нели?
Не ценам бе ѓубрина , шо сака нека е.
Чоек во денешницава да остане човек е тешко и тоа треба да се почитува.
А секој кој избрал конвенционален начин да стигнува до цели ми е здодевен почитувач на “колективната свест“ :pos:
Ценам паметни, интересени, добри и креативни луге. Ѓубрина не, загадувачи на воздух со фрустрација и комлекси кои бај д веј треба да си останат само за нас -не!
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
Ne te cenat koa si djubre ti se plasat ... no i toa ima prednosti :smir:
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Кога осеќаат било каква надмоќност од твоја страна.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
„Третманот“ што им го приуштуваме на ѓубрињата не е почит, туку стравопочит. Покажи зуби за да ти се тресат. Тоа е нормално. Но не е почит. Стравопочитта е всушност еден вид на глума на „почитувачот“. Го поштуе зошто му се плаши, додека во себе си знае он со какво ѓубре си има работа.

Нема потреба да си ѓубре за да стекнеш почит и восхит кај околината. Треба да бидеш квалитетна личност. Не е поентата да те „почитуваат“ додека им маваш заушки, поентата е да те почитуваат зошто си паметен и успешен и принципиелен и реален итн.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
„Третманот“ што им го приуштуваме на ѓубрињата не е почит, туку стравопочит. Покажи зуби за да ти се тресат. Тоа е нормално. Но не е почит. Стравопочитта е всушност еден вид на глума на „почитувачот“. Го поштуе зошто му се плаши, додека во себе си знае он со какво ѓубре си има работа.

Нема потреба да си ѓубре за да стекнеш почит и восхит кај околината. Треба да бидеш квалитетна личност. Не е поентата да те „почитуваат“ додека им маваш заушки, поентата е да те почитуваат зошто си паметен и успешен и принципиелен и реален итн.
Ah , ubavata taa ... da ne bev zenet ke te nosev na Vodno zimi ti :smir:

Ubavo razmisluvanje

Samo ke dodadam stravopocita e kratka do prviot znak na slabost , POCITTA e vecna jes da ja cenat malkumina od lugeto ama bolje 3 ca u zivot asalni nego 100 bez veze koj ke ti go ucukaat koa ke padnes
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Кога осеќаат било каква надмоќност од твоја страна.
Па, ваљда така почнало се. Некогаш многу одамна ѓубриња биле тие кои имале основа за тоа, арогантни биле тие кои што имале со што да го одбранат тоа што се арогантни, па дури и авторитети (суети) кои ги третирале останатите со одредена надменост, го здобиле тој авторитет на некој начин. Најверојатно сега на луѓето им останале само арогантноста и суетата без основата за истите.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
5
NE NAjdobro e da si adaptiven odnesuvaj se so sekoj kako sto zasluzuva togas ke te pocituvaat a ako si smet so dvojni standardi koja pocit ke ja ocekuvas...malku arogancija na nikomu ne steti duri i e korisno vo nekoi situacii a da bides fin ne nzaci deka treba da kutis pred sekoja budala koja se obiduva da te ismeva i drn.. drn..mojata definicija za fin pogore adaptirajse na situacijata duri i ako situacijata nalaga deka treba da podelis nekoja tupanica (se smeam)...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Дали мора да значи дека ако си добар,фин со луѓето нема да бидеш успешен и ценет?
Па можеш да бидеш добар и фин со луѓето,а тоа да не го преферираш бидејќи,како и секој човек,различноста во карактерот е различност во неговото толкување.Лично јас,порадо би бил искрено злобен и пакосен,ако тоа ми го налага здравиот разум и логиката,отколку да бидам лицемерен,а со тоа добар и фин.
Има моменти,кога злобата се манифестира без да мора да се манифестира надвор.Кога го модифицираш твоето мислење за една личност и благонаклонето настапуваш кон неа,ти тоа треба да го правиш стрикно ако имаш корист од неа.Грубо звучи,ама тоа е реалност.
Дури и во такви ситуации,погрешно настапуваш кон самиот себе,а тоа влече одредени моменти на фрустрација и нејзино избивање на погрешни места(самодеструкција,психолошки колапс)
Значи,да...на одредени места мораш да бидеш ѓубре,а на одредени места мораш да бидеш лажно фин и љубезен,за да успехот ти биде загарантиран.Ако ја имаш таа среќа да бидеш љубезен и фин бидејќи ти така се чувствуваш,тоа е плус за тебе.Но ретко кога таква шанса ни се дава.Авторитетите кои мораме да ги уништиме и да им го земеме местото ретко кога таа шанса ни ја даваат со насмевка:)

Колку клише реченица нели?
Не ценам бе ѓубрина , шо сака нека е.
Чоек во денешницава да остане човек е тешко и тоа треба да се почитува.
And,yet,it's ignorant and silly to say that it still is respectable(Or ever was).
And you are oblivious to even declare it:)

А секој кој избрал конвенционален начин да стигнува до цели ми е здодевен почитувач на “колективната свест“ :pos:
Кога си опкружен со конвенционални луѓе и конвенционални начини да ставиш конвенционален леб на маса и да можеш да си купиш конвенционална печка за да не измрзнеш во Зима...ќе сфатиш дека колективната свест е прилично функционална скапаница од систем.И,ако си паметна,ќе ја гушнеш таа скапаница,ќе ја држиш цврсто до себе и ќе направиш се што можеш да ја претвориш во некој личен плод.
It will cme to you...or it will be forced out of you:)

Ценам паметни, интересени, добри и креативни луге. Ѓубрина не, загадувачи на воздух со фрустрација и комлекси кои бај д веј треба да си останат само за нас -не!
Се слагаме.Само тоа можеме да го преферираме во нашето поприватно опкружување и така да ги селектираме луѓето.
Но,кога ќе дојде моментот да бидеме приморани на виреење во таква средина...ќе мора дури и да попримиме од работите кои ги мразиме кај другите.А,со тоа и да го промениме мислењето за себе.

Не фала:)
Јас сум си дуална личност и ги имам сите елементи,а ги користам наизменично,во зависност од ситуацијата.
Комплекси така се избегнуваат.
Трауми исто.
And it's all left to the powers that Be:)
 
P

Princ

Гостин
Ѓубриња никој не цени, не се лажете лесно.
Ако збориме за вистинска почит - биди човек за да те ценат.
А ако лажна почит, бидете ѓубриња :)
 

VaZzilL

Сантино Џеновезе
Член од
23 април 2007
Мислења
921
Поени од реакции
39
И јас се слагам со тоа дека ѓубриња никој не цени. Но во нашето општество оние што се ѓубриња ствараат стравопочит кај обичниот народ, а на оние вистинските луѓе што се однесуваат фино и љубезно никој не им го признава тоа иако народот е свесен за тоа. И јас сум бил сведок на некои муабети од типот: Aбе остај го тој е смотан на мравка не гази, со него можеш да правиш што сакаш...
Ама тоа е нашето општество. Честопати мислам дека како ќе му се поставиш на народот така и ќе те прифатат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom