Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.

Painmaster

Feel the Pain!
Член од
28 ноември 2007
Мислења
165
Поени од реакции
2
а не од скопјанчишчана шо само се ЦЕНКАТ !
Извини ама да давам многу пари за еден срање оброк шо низ македонијава е 25 % од вашата цена. И да чекам саат време да го напраат додека ја трпам "љубезноста" на некој "циливизиран" келнер. НЕ ФАЛА ама за ценкање сте
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
И нели треба патриотските охриѓани да ја наречат својата најнова и најубава (да де, така викаат) плажа „Билјана“ или „Климе“ наместо „Cubalibre“? WTF? Кубалибре? Што е следно - „Национална гостилница Че Гевара“? „Кастровски извори“ наместо Билјанини? Патриотизам тече од секое охридско изворче...
Ај да ти кажам, да те симнам од облаци. Во Охрид, освен плажата, од поодамна постои и ноќен клуб Куба Либре (се пишит одвоено, во случај да не знаеше), а и не верувам дека Климе или Билјана се попривлечни имиња за плажа од Куба Либре. За ресторан со староградска музика и гифт шоп, да, ама за плажа не.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Затоа,со патриотски побуди према нас...Пст! :)
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Во ред. Одам да се прекрстам во Цар Самуил сега.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Одлично,само случка од Грција за пример како треба да се цени муштеријата.
Да,од ГРЦИЈА!

Изнајмував баги пред 4 години,и ми вика
City ?
Skopje
Он збунет,мислеше дека државата ни е Скопје.
Пак ми вика
City?
Skopje.

И ок,вика
Country?
Macedonia.

Се гледаше дека е националиста.
Се гледаше дека сака да пререче и да ме отера у пм.
Но,не рече ништо,и фино си запиша Macedonia.

Бидејќи знае дека нема туристи да растат на дрво,и секое евро е важно.

А со исклучок на Боби и Форчн,сите други бранители на Охрид на темава имаат по колку,17 години просек?

Биле некаде во странство без мама и тато,па да ја опишуваат реално услугата?


Сфатете,прескапо е,и неуслужни сте.
За исти пари во јули во Охрид,идам во јуни на море.
Подолг ден,попразна плажа,пониски цен.
Потценет е јуни.

Нејќете да идеме?
Бујрум,Грци нека ви идат,со вакви аргументи.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Нешто не ми е јасно.Неколку пати сум била во Охрид на одмор.Одвен цените(за кои сметам дека за туристичко место треба да се малку повисоки, ама и услугата треба да одговара на цената, а не сендвич со патлиџан да е 70 денари) друго многу и не ми сметало.Можам да ставам на игнор многу работи во име на мојот мир.Ама, охриѓаните никогаш не сум ги чула да се жалат од другите.Се некако им сметаат скопјанчиштата.Една охриѓанка ни ја издаде цела куќа, и рече, да бевте од оние скопјанчиштана, немаше да ви дадам моја куќа, ке ви дадев од собите за издавање што ми се, оти они се лом ке ми направат.Ич не се културни.
Затоа ми иде да се запрашам да не има некој друг проблем кој се нарекува омраза помеѓу скопјаните и охриѓаните??Да не не е само гостопримството во прашање?Оти сите сме луѓе, македонци, и не не делат на странци и наши, туку на скопјани и се останато. Може им е влезено во глава дека скопјани им дошле на нивна територија па уште им се перчат??
Извинете ако добро не го разбирам менталитетот на охриѓани,оти кога одам на одмор таму, не ги перцепирам многу нив, освен луѓето со кои сум отишла, во име на добриот помин.Ве молам охриѓани објаснете, ги мразите скопјани, или ги мразите сите, а јас не сум забележала, оти не сум сакала да се чувствувам лошо барем на одмор?
 
Член од
24 мај 2007
Мислења
5.124
Поени од реакции
35
Море златна Струга ... Секоја година си идам во моето стан4е, и топ е ! :)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Сфатете,прескапо е,и неуслужни сте.
За исти пари во јули во Охрид,идам во јуни на море.
Подолг ден,попразна плажа,пониски цен.
Потценет е јуни.
Каков сељак бе во јуни....еј хелоууу. Тука е проблемот на кој ми се противат, главниот муабет е да бидеш радо виџен у Охрид, затоа што шемата во диска4и и кафиќи од скопје се прфрла таму.
Мада по муабетите со блиските луѓе со кои планирам да одам сите ми маваат на Охрид:( ќе си ги изедам гомната ама јас сум добро познат како 13то прасе, и како човек што толерира. Ама затоа после тоа се оди на планина:)
И сеуште не се знае
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Затоа,со патриотски побуди према нас...Пст! :)
Не беше муабетот дека мора да се дојде во Охрид, заради патриотизам. Точно е дека Македонијава ни е преубава и има многу местенца кои сеуште не ги знаеме, а можеби заслужуваат промоција. Она за што зборував е дека целиов "бојкот" зафати чудни насоки, кога ги бараме причините за истиот: те услугата е лоша, те ќе промовираме други места, те несакаме да ги гледаме истите фаци, те ароганцијата кај локалците е причина...

И во ред, фала богу дека секој за своите пари одлучува каде и како ќе ги троши. Ако јас сум Охридски угостител, ќе направам се што можам да ти го испразнам џебот со смеење и весеље и уште бакшиш да сакаш да ми дадеш Мац)), и догодина да ми резервираш место во хотел/вила и маса во ресторан/диско - уште од април. Имам некоја своја логика која можеби еден ден ќе имам можност да ја применам - логика за привлекување, третман и задржување на туристи - на глобално ниво.

Ама целиот муабет беше дека Мистик може и треба крај краева да патува ако може и сака и на Бора Бора, и на Куба, и во Хрватска и на Тахити. Она што го прашував јас, а не беше патриотска фора, беше Зошто да се бојкотира Охрид за промоција на други места во Македонија, кога самиот нема да оди нит во Охрид нит на другите места. Колку да ти стане појасно :) Ал муабетот си го напрајфме, а ова го пишувам просто за да сфатиш дека не беше поентата на емоции да се фатиме и ради тоа да дојдете во Охрид.

Патриотизам е и посета на Јоаким Осоговски, на пример.
Пазарна економија е посета на секое место за кое корелацијата меѓу ќеиф и џеб е во комплементарен манир.

А инат е бојкотирање на нешто за кое причините сеуште не се дефинирани, освен ретардираните полемизирања со 12 годишни клинци кои ем не мрднале од градот, ем не фатиле во рака лопата за да знаат како се заработуваат пари.

Пак ќе кажам, работите треба и мора да се подобрат, локалната самоуправа од година во година работи на тематиката повеќе и повеќе, ал ништо не се менува преку ноќ. И бојкот не помага.

Се распишав сабајлечки, ебаго :)

Во ред. Одам да се прекрстам во Цар Самуил сега.
Убо име имаш бре Филипе, ионака во недела не работит матично, седи.
А Ацид, Куба Либре е бренд во Охрид повеќе од 10 години, досега само во формата на Ноќен Клуб ил кабаре од пред некоја година. Се наоѓа наспроти црквата Света Софија, но ми се чини дека од годинава ќе престане со работа, исто како и клубот до неа (ЛаГоа кој веќе не работи) поради одлуката на локалната самоуправа во стариот дел на градот да нема места кои прават галама, собираат гужва и слично. Ете, придобивка за сите туристи а и домаќини, иако е штета, бидејќи местото беше прекрасно. Ако си дошол, ќе знаеше :)

Али затоа, сега ја имаме плажата од истиот менаџерски тим, за која се надевам ќе ми ги оправда очекувањата, и покрај она што го прочитав за цените на истата, кои се прилично соленки.

И доста со она - повеќе ги сакале газдите странците него скопјанишчана... Газдите сакаат пари пред се. Ако имаат пазар за да држат цени (а изгледа дека имаат) тогаш и скопјанишчана, и охриѓанишчана, и битолчанкине, и сите "-нишча" ќе си циркаме на места каде цената ни е поприступачна. Во исти гомна сме тука. Затоа, не треба да се делиме.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.219
Поени од реакции
8.328
Нема нормално, во охрид ќе те викаат Ха скопјанка...:smir:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ве молам охриѓани објаснете, ги мразите скопјани, или ги мразите сите, а јас не сум забележала, оти не сум сакала да се чувствувам лошо барем на одмор?
јас на пример сум охриѓанец и никого не мразам... јас сите ги сакам... посебно ако се убај женски...:vozbud::tv:

А Ацид, Куба Либре е бренд во Охрид повеќе од 10 години, досега само во формата на Ноќен Клуб ил кабаре од пред некоја година. Се наоѓа наспроти црквата Света Софија, но ми се чини дека од годинава ќе престане со работа, исто како и клубот до неа (ЛаГоа кој веќе не работи) поради одлуката на локалната самоуправа во стариот дел на градот да нема места кои прават галама, собираат гужва и слично.
зш бе да го затворат, толку им сметат...:nesum:
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Убо ви текнало ова, ќе се наполнат туристи сега ваму Струга :zlo:
Да бе... ќе се тургаат за место за пешкир:nesum:

И нели треба патриотските охриѓани да ја наречат својата најнова и најубава (да де, така викаат) плажа „Билјана“ или „Климе“ наместо „Cubalibre“? WTF? Кубалибре? Што е следно - „Национална гостилница Че Гевара“? „Кастровски извори“ наместо Билјанини? Патриотизам тече од секое охридско изворче...

А затоа што СМЕ патриоти, денес идеме на Велешко езеро. Позитивни луѓе еден куп, голема кригла пиво 60 денари, скара, музика, вода, бесплатни лежалки...

Се читаме вечерва :helou:
Ако одиме со овие глупави "патриотски" препирања, ај вие Castro прекрстете го во Мајка Тереза. Нема смисла муабетов со имињава. Како и моево така и твоево препирање.

Добар помин.:helou:
 
Член од
26 јуни 2008
Мислења
30
Поени од реакции
5
Слушнете малце, на која база го оспорувате патриотизмот? Што се нема да прочита човек.
Набројале еден клуб кој бил ‘задоволителен‘ на туристот
(човекот кој премногу бара, башка се ценкет море, се ценкет ко ти вела!! шо ако е туриС, море в‘енѕероно ми дошол
имат да ќутит и да не зборвит многу) и со тоа го отапеле.
И ќора кокошка ке удри едно зрнце.

Омраза на база Охриѓани и Скопјани? Ова е повеќе од евидентно. Се плашам дека е еднонасочна.
Не само Охрид. И сите до ЕДЕН ги знаеме причините,
кои нема да ги напоменам, да не се отвори втор фронт.
Цените.. цени како цени, бојкотот не е клучно против цените.
(за тие цени се очекува барем нешто похуман однос од моменталниот, ама не се приоритет)
Приоритетот е професионалноста. Да не почнувам и јас со случки на моја кожа, ве молам.
Значи, како иде муабетов од страна на страна, да резимираме
- љубомореТ, се ценкет, пари немет, култура немет море кршет по станоине.
(МВР постои. М В Р. Не ти. Ако и јас посегнев по сила (поткрепена со индивидуална правдина), во мои очи, треба да се подели
популацијата на два дела во Охрид).
- не идет, ето кај Грците, абе НЕМЕТ патриоти бе НЕМЕТ
(Ако не идеш во Охрид да ги трпиш, не си ти патриот)

Абе одбијте тоа веќе еднаш - ‘Ако сакет услуга, ке морат и они да бидет поарни море‘
Дали сте вие ОК? Во туристички центар, како што го претставуваме (каков што САКАМ да го видам Охрид) надвор од Македонија,
муштеријата е секогаш во право, крај, точка, финито. Ама не ви одговара тоа, не можете да бидете професионални,
за да евентуално ја слушнеме реченицата - ‘Ако не ви се иде, не идајте‘.. Големо малограѓнство.
Знаете, некои луѓе ќе успеат да излезат од село. Но не vice versa.
Секој човек треба да биде среќен кога некој ќе му пријави недостаток. Побрзо да го поправи, да ‘закрепне‘ и да продолжи
колку е можно повеќе без (истите) грешки.
Глава ѕид не крши, така да, прстето кон себе малце, и огледалото. МОЖЕБИ и ние сме делумно во право.

Квалитетна дискусија осетив од Serpico, кој (како Охриѓанец) не може директно да застане на наша страна,
а знае дека ‘Нешто Е Труло Во... ОХРИД‘. Те разбирам комплетно, не мора да ми вратиш на ова.
Ама да знаете, колку порано почнете вие да ги осудувате ‘вашите‘ (ОЧИГЛЕДНО сме поделени на наши и ваши)
толку побрзо се ќе се подобри. Луѓе да САКААТ да одат во Охрид да речат, ем прекрасно езеро (за кое збор немам, и
како град е (еден од) најубав(ите) во Македонија), ем културни, ем се.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нема нормално, во охрид ќе те викаат Ха скопјанка...:smir:
Во Будва потрошив многу повеќе пари, отколку што трошам обично во Охрид. Море е, нормално дека ќе биде поскапо, но сепак не е толку скап Охрид.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Исто и јас. Ама тоа нема никаква врска со цените.

Тоа е затоа што таму условите и услугата се толку добри, што едноставно не можеш а да не оставиш пари. И оправдано. Во Охрид пак, персоналот насекаде е толку заникаде - што и да сакаш не можеш да потрошиш повеќе пари. Порачуваш за јадење, чекаш 50 минути, стануваш и си идеш. Парите остануваат во тебе. :)

Охриѓани не сфаќаат дека подобриот однос кон туристите ќе им донесе повеќе пари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom