Затоа,со патриотски побуди према нас...Пст!
Не беше муабетот дека мора да се дојде во Охрид, заради патриотизам. Точно е дека Македонијава ни е преубава и има многу местенца кои сеуште не ги знаеме, а можеби заслужуваат промоција. Она за што зборував е дека целиов "бојкот" зафати чудни насоки, кога ги бараме причините за истиот: те услугата е лоша, те ќе промовираме други места, те несакаме да ги гледаме истите фаци, те ароганцијата кај локалците е причина...
И во ред, фала богу дека секој за своите пари одлучува каде и како ќе ги троши. Ако јас сум Охридски угостител, ќе направам се што можам да ти го испразнам џебот со смеење и весеље и уште бакшиш да сакаш да ми дадеш Мац)), и догодина да ми резервираш место во хотел/вила и маса во ресторан/диско - уште од април. Имам некоја своја логика која можеби еден ден ќе имам можност да ја применам - логика за привлекување, третман и задржување на туристи - на глобално ниво.
Ама целиот муабет беше дека Мистик може и треба крај краева да патува ако може и сака и на Бора Бора, и на Куба, и во Хрватска и на Тахити. Она што го прашував јас, а не беше патриотска фора, беше Зошто да се бојкотира Охрид за промоција на други места во Македонија, кога самиот нема да оди нит во Охрид нит на другите места. Колку да ти стане појасно
Ал муабетот си го напрајфме, а ова го пишувам просто за да сфатиш дека не беше поентата на емоции да се фатиме и ради тоа да дојдете во Охрид.
Патриотизам е и посета на Јоаким Осоговски, на пример.
Пазарна економија е посета на секое место за кое корелацијата меѓу ќеиф и џеб е во комплементарен манир.
А инат е бојкотирање на нешто за кое причините сеуште не се дефинирани, освен ретардираните полемизирања со 12 годишни клинци кои ем не мрднале од градот, ем не фатиле во рака лопата за да знаат како се заработуваат пари.
Пак ќе кажам, работите треба и мора да се подобрат, локалната самоуправа од година во година работи на тематиката повеќе и повеќе, ал ништо не се менува преку ноќ. И бојкот не помага.
Се распишав сабајлечки, ебаго
Во ред. Одам да се прекрстам во Цар Самуил сега.
Убо име имаш бре Филипе, ионака во недела не работит матично, седи.
А Ацид, Куба Либре е бренд во Охрид повеќе од 10 години, досега само во формата на Ноќен Клуб ил кабаре од пред некоја година. Се наоѓа наспроти црквата Света Софија, но ми се чини дека од годинава ќе престане со работа, исто како и клубот до неа (ЛаГоа кој веќе не работи) поради одлуката на локалната самоуправа во стариот дел на градот да нема места кои прават галама, собираат гужва и слично. Ете, придобивка за сите туристи а и домаќини, иако е штета, бидејќи местото беше прекрасно. Ако си дошол, ќе знаеше
Али затоа, сега ја имаме плажата од истиот менаџерски тим, за која се надевам ќе ми ги оправда очекувањата, и покрај она што го прочитав за цените на истата, кои се прилично соленки.
И доста со она - повеќе ги сакале газдите странците него скопјанишчана... Газдите сакаат пари пред се. Ако имаат пазар за да држат цени (а изгледа дека имаат) тогаш и скопјанишчана, и охриѓанишчана, и битолчанкине, и сите "-нишча" ќе си циркаме на места каде цената ни е поприступачна. Во исти гомна сме тука. Затоа, не треба да се делиме.