Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
како прво сликите шо се ставени на отворањето на темава немет врска со муабетов али ај нека имет...
како второ муабетов шо го прајте многу генерализирате... а никогаш и никаде не се сите исти...
гостопримливост... не знам како ви е по приватен смештај... не работам со то... знам за продавници, кафичи... ко шо имат многу различни луѓе и карактери така имат и келнери на пример... не се сите за та работа али то е веќе ствар на избор на газдата, какви луѓе вработвит...
келнериве и останативе од услужниве дејости требит да се раководат од то дека потрошувачот е секогаш во право (освен ко ќе ептен не е во право...)
за цениве... и мене не ми е сеедно да плаќам плус некои си 50% само зато шо е сезона... али шо да прам...
на пример пред некој ден јадев хамбургер за 90 од место кај шо порано беше 60, истиот без нешо плус да речиш... ко бонус се изначекавме можда пола сат дур го добивме, па немаше кусур да ми вратит од 1000ка па ко најде не знаеше колку требит да ми вратит али... то е...
слушам некоја иницијатива од таксистиве имат... сакале 50 денари од старт да го прает (сега е 30)... и то е ептен...
и дај немојте да прајте бојкоти... јас тамам се токмев да одам во лов на скопјанки по градов вие така...:nesum:
Со уште еден детал...
На кеј ќе го платиш скапо пијалокот и ќе го пиеш поред не толку чистиот Вардар и куп циганчиња ( не еднаш се десило да досаѓаат ), а во Охрид ќе го платиш исто толку и ќе го пиеш покрај езеро.
Има разлика, нели?:smir:
за циганчиња не се секирај имат и по охридов, нив сегде ги имат...:smir:

Ама затоа дел од охридскиот туризам беше еден охридски старец со гајда кој улета во кадар додека го сликав езерото. После тоа дојде и ми бараше 50 денари зошто него го имало во сликата. Почна да прави сцени и не сакаше да се тргне. А не смееш да го раздигаш на клоци, стар е... :nesum:
ова е настан шо у скупје немат шанси да се десит... :tv:

Во 7мица Скопје еден хамбургер (читај лепче и плескавица) е 100 денара, а Охрид имаш хамбургер (лепче плескавица поммфрит салата) за 50 денара во центар (во касапче).
го поскапеја... веќе 4 месеци мислам дека е 60...
пред една недела бев... 70 беше...:vozbud:
појди за 2 недели 90 ќе е...:nesum:
Не ги правам и скопјаните нешто цвекиња за мирисање, знам дека се фрла ѓубре по плажите, се прават нереди касно вечер, дека сум присуствувал на такви случувања, ама да ви кажам тоа не го прават само скопјани како единци.
а во охрид не се поединци... туку сите се...:nenene:
 
Член од
23 мај 2008
Мислења
24
Поени од реакции
2
Како што ја зачитав темава на почетокот, се' се сведи на односот меѓу скопјани и охриѓани. Епа еве јас сум прилепчанка и тотално го поддржувам ставот на скопјаниве. Едноставно не можам да сфатам како си ги тресите цените од ракав? Јас одам на одмор на 20ти јули за кревет од 250 денари. По 5 дена иди другарка ми и газдарицава и наплаќа 400 денари за да спие кај нас... и тоа на мој кревет, бидејќи немаше слободни кревети. Мислам париве беа само за да се послужи со WC-то другарка ми. Епа стварно нема смисла! А изговорот беше дека дошла во шпиц ненајавена ( или со други зборој: нема да најдите кревет сега никаде, ќе ве стрижам ко шо сакам ) А превоз од Пештани до Охрид е 120 денари, а од Охрид до Пештани 400 ??? И тоа зборувам за ланска тарифа, а сега со инфлацијава не ни сакам да знам колку е поскапено. А и покрај овие астрономски цени капак на се е однесувањето... Газдарицата ми вика да не вревиме навечер? Па јас сум дошла на одмор, сакам да се забавувам до кога што сакам, ако сакам контрола дал Госпов родители. Ако нејзе не и чини, нека не издава соби!
П.С. Ако некој случајно не забележа: ТОТАЛНО ГО ПОДДРЖУВАМ БОЈКОТОВ!!!
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Промовирање на туризмот во Преспа, Дојран, Пелистер, Колешино, Мавровското Езеро и останатите прекрасни места со прекрасен и гостропримлив народ.
Хммм.. не е туку така во реалноста. :icon_bigg

На пример Колешино и околните села се пред се излетнички места, тоа нема врска со летен туризам на вода.
Село Брајчино во Преспанскиот крај е навистина прекрасно и супер адаптирано за планински и селски туризам, ама повторно тоа е сосема друга категорија плус не верувам дека некој од вас би доседел цели 7 дена на пример.
Преспа (Отешево, Крани, Претор) барем засега се смешни со целокупната туристичка инфраструктура, иако има некој минимален напредок еве сега со плажава во Претор (забави, ди-џеи и сл.). Лани на пример не ограбија за тура до островот Голем Град, секој со свои искуства нели, секаде има македонштина.
На Пелистер ноќевање во ПД Копанки ќе ве кошта повеќе отколку ноќевање во Охрид во сред сезона, а нема да можете ниту да се истуширате. Ако одите зимно време постои реална можност да се заледите. Во домот на Големо Езеро кога сакав да однесам група од 15 луѓе битолчани ми рекоа дека покрај цената за ноќевање мора да платиме и дневници за нивниот домар (1500 ден. од ден, за 4 дена 100 евра, секој чест :sekss: ) и не отидовме. Ако сакате да скијате џабе, цела сезона не ја пуштија ниту жичарницата, ниту ски-лифтовите. А и покрај тоа се работи за сосема друг тип на туризам и излишна е споредба со Охрид.
Во Дојран е океј, ќе платиш 20 денари поефтино Нес кафе.. ама и цената во Паралија и Санторини не е иста нели. Секое туристичко место се категоризира врз основа на туристичките и други атрактивни елементи кои ги поседува и по тој основ смешно е да се споредуваат Дојран и Охрид.


Се сложувам со тоа дека односот на охриѓаните е далеку од потребното ниво, ама подобро е прво да се разгледа нашата “богата“ туристичка понуда, инфраструктура и моментални можности за да сфатиме некои работи. :nesvest:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
На Пелистер ноќевање во ПД Копанки ќе ве кошта повеќе отколку ноќевање во Охрид во сред сезона, а нема да можете ниту да се истуширате. Ако одите зимно време постои реална можност да се заледите. Во домот на Големо Езеро кога сакав да однесам група од 15 луѓе битолчани ми рекоа дека покрај цената за ноќевање мора да платиме и дневници за нивниот домар (1500 ден. од ден, за 4 дена 100 евра, секој чест :sekss: ) и не отидовме.
Ви текот на летото за викенд домарот е секогаш присутен од Петок рано сабајле до Недела навечер, и има и посебна тараифа за македонци :wink:

И бек он топик, Охрид е многу убаво место кое многу го сакам, само искрено тоа подигањето на цените со оправдување дека е сезона едноставно не оди, не секој може да си дозволи хамбургер (не е важно каков) за 180 денари и кока кола (стакло) за 120 денари и плус чаша ладна вода за 10 денари... местото уште еднаш ќе речам е преубаво и ме исполнува, го обожавам. дури и самите другари од Охрид се жалат на високите цени и на нив не им е сеедно, ама сепак Охрид е Охрид :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
то е проблемот- шо идате со малку пари... и нека таа фљамата не ми објасвит за некои алтруистички филмој- секој требал да биде човечки пречекан... my ass... ако немаш камен... никој не те сакат..
Баце, тоа е проблемот бе, софтверски баг имате. Не е до парите, катиљи сте. Колку и да ти ги остават, ти ги оставаат, нивни се и треба да си благодарен.

Башка, имам камен, стварно имам - ама вас не ми паѓа на памет да ви го оставам додека не се оправите. Затоа што не знаете како да ми го земете. Капиш? Нема нешто примамливо за моите пари. Сори, прајс фор д велју.


охриѓани станвет америчка школа-
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
И Бечка!

Без заебанција, охридската школа е светски уникатна.


Мојте да не идате... ама не смејте да коментирате..
Ај бе не заебавај? :pos2::pos2:

Како бе да не ги сакаш после? Прајслес.

Бојкот!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Како беше она прво што не учеа во америчката школа... Муштеријата е СЕКОГАШ ВО ПРАВО!

:tv:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Башка, имам камен, стварно имам - ама вас не ми паѓа на памет да ви го оставам додека не се оправите. Затоа што не знаете како да ми го земете. Капиш? Нема нешто примамливо за моите пари. Сори, прајс фор д велју.
Ајде вака: Дај буџет, јас ти организирам престој - на крај на одмор ако не си задоволен од нешто што би ти го ветил, плаќам јас :)


ОХРИИИД!!!
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Па стварно да не идеме. Охрид иако е во Македонија е многу поскап дури и од Црна Гора па и уште некои поексклузивни места. Еве баш за пример едни мои пријатели сакаа да идат во Охрид и ја одбраа Турција зошто цел одмор ќе го поминат дупло поефтино, а тидоа пред почетокот на сезоната, а замислете како ќе биде за време на сезоната односно сега. Друг пример едни мочани смоки ќе ги платиш 25 денари во Охрид, а на други места за тие пари ќе си купиш и смоки и сладолед хехе. Плус иако си турист ако не зборуваш на странски јазик се однесуваат кон тебе толку некултурно како да си обичен смртник, а странцине како господ да се(ова од искуство го кажувам баш лани така ни правеа заебанции).
Затоа ова лето ешко Охрид
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Баце, тоа е проблемот бе, софтверски баг имате. Не е до парите, катиљи сте. Колку и да ти ги остават, ти ги оставаат, нивни се и треба да си благодарен.
Не би го рекол ова подобро ни самиот.

За еден угостител, не е битно дали гостинот доаѓа со 10.000 или 100 денари во објектот, треба да се однесува љубезно и со почит кон двајцата.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ајде вака: Дај буџет, јас ти организирам престој - на крај на одмор ако не си задоволен од нешто што би ти го ветил, плаќам јас :)


ОХРИИИД!!!
Не бе брат, фала.

Сум рекол, кај драги пријатели Охриѓани секогаш со мерак на гости ќе отидам, ама на одмор во Охрид - јок. Или, евентуално ако почнеш ти викендицата да ја издаваш на туристи :)

10 дена Црна Гора + 3 дена Хрватска = полна капа, проверено, комбинација за уживанција.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Не би го рекол ова подобро ни самиот.

За еден угостител, не е битно дали гостинот доаѓа со 10.000 или 100 денари во објектот, треба да се однесува љубезно и со почит кон двајцата.
Фантом, преродениот угостител :)

Епа учи ги колешките таму дека се викат еСпресо а не еКСпресо. И купи тефтерчиња да запишвет нарачки, јас плаќам :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ацид, имаш пиење од мене за идејава... Не си свесен колку сакам да се оствари, па да видиме како ке реагираат охриѓаниве на бојкотот. Ке ги видам кога ке останат со прстето во уста со полу искористени капацитети.

Инаку Преспа и Дојран имаат доста убавини но од тој Охрид неможат да просперираат асално. Поддршка за бојкотот!
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Фантом, преродениот угостител :)

Епа учи ги колешките таму дека се викат еСпресо а не еКСпресо. И купи тефтерчиња да запишвет нарачки, јас плаќам :)
Можда не ми вервиш, ама после поминатата обука за келнери (верувале или не), подруго гледиште имам за угостителството во Охрид. :)

Иначе, ако дојте Куба Либре, на келнерот речете му сакам Филип да ме послужит, па да видам дали ќе се пожалите на услугата. :pipi:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Друг пример едни мочани смоки ќе ги платиш 25 денари во Охрид, а на други места за тие пари ќе си купиш и смоки и сладолед хехе.
кај имаш влезено ти жити све...:uvo:

Иначе, ако дојте Куба Либре, на келнерот речете му сакам Филип да ме послужит, па да видам дали ќе се пожалите на услугата. :pipi:
на плажана или во кафичон... кај работиш...?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom