Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.
Elence*, малце плескаш глупости, признај сега.
Вас ви е должност да се однесувате љубезно, културно.. Од то живејте. Не не' дупи сега в мозок.
Шо да заслужиме, нозете да ви ги лижиме?.. Дај не заебавај.

И како можи сите други туристички центри да можат да се справат со секаков вид на туристи, и туристите да бидат задоволни, само вие да велите „Треба да заслужите“.
 
Тиквичке, едно 20 луѓе ми кажаа дека едвај чекаат да одиш на плажа и да те гледаат намќоресто летово.

И како после да не коментирам на вакви глупости!

Get out of the box, алоооооооо!!!!
Никој не збори за луѓето. Сите форумџии со кои сум имал контакт од Охрид се прекрасни луѓе. Верувам дека и голем број од останатите се такви, дружељубиви, со космополитски размислувања. Ама за туризмот збориме, не за дружбата. Збориме за намќорестото гледање од страна на угостители, не од обични граѓани : )
 
Ако ја изоставам аверзијата што ја имам према грција, гостопримството им е далеку поубаво од она во Охрид.
Да да, може и метлата да ти ја дадат на граница , ништо чудно.Хуху
 
Elence*, малце плескаш глупости, признај сега.
Вас ви е должност да се однесувате љубезно, културно.. Од то живејте. Не не' дупи сега в мозок.
Шо да заслужиме, нозете да ви ги лижиме?.. Дај не заебавај.

И како можи сите други туристички центри да можат да се справат со секаков вид на туристи, и туристите да бидат задоволни, само вие да велите „Треба да заслужите“.

а вас не ви е должност да се однесувате љубезно....? ма дај... каков однос ќе покажиш, таков ќе добијаш.

и за нозе лижење не ми збори аман... очигледно вие очекувате нозете да ви ги лижиме...


и баш ми е премногу чудно...
како од сите туристи шо идат налето охрид, најнезадоволни се скопјаниве... кај шо работев лани летото имаше премногу гости од србија, шо си кажуваа дека се задоволни, а и плус имаа резервирано и платено лежалки 20 дена однапред! то не е дека не биле задоволни од услугата или од луѓето ...

значит само за вас не чиниме :toe:
 
Јас предлагам прво да си ги собереме туристите од Грција. Оставаат пари на оние кои им плукаат по националноста. После може да зборуваме за Охрид.
 
а вас не ви е должност да се однесувате љубезно....? ма дај... каков однос ќе покажиш, таков ќе добијаш.

и за нозе лижење не ми збори аман... очигледно вие очекувате нозете да ви ги лижиме...


и баш ми е премногу чудно...
како од сите туристи шо идат налето охрид, најнезадоволни се скопјаниве... кај шо работев лани летото имаше премногу гости од србија, шо си кажуваа дека се задоволни, а и плус имаа резервирано и платено лежалки 20 дена однапред! то не е дека не биле задоволни од услугата или од луѓето ...

значит само за вас не чиниме :toe:


Ти личам во зборањето на скопјанка?..

И сами велите дека појќе сакате да ги услужвате странците..
Зошто?...
Сама одговори си, голема си, ќе се снајдиш.
 
Нема да зборувам многу, доволно е кажано на темава, и доволно имам видено. Не сум одел Охрид на одмор, сум одел неколку пати на по неколку дена. Е сега, искрено ништо не ме бендиса а посебен впечаток ми остави една плажа во Градиште со камења ДРВА и клупи. Е сега, пари да ми даваш не одам, па не да било дека Македонско, не знам какво. Златна Бугарија, 5 евра happy hour 15 текили. Ако не ништо друго, барем синусиве ги чистам на МОРЕ сум и че каснам и че се напијам нешто шо овде можиме да сонуваме дека PEPSICO, The Coca Cola Company или Mars Incorporated че ни го донеса во блиска иднина. Бугарија = Free boobs. :)
 
Ти личам во зборањето на скопјанка?..

И сами велите дека појќе сакате да ги услужвате странците..
Зошто?...
Сама одговори си, голема си, ќе се снајдиш.
не мислев на тебе како на скопјанка... :smir:сори ако се навреди :)

во секој случај... мене би ми било задоволство да го услужувам секој што има коректен однос кон мене, и јас кон него тогаш би имала коректен однос..

имат најразлични карактери... не може да кажете дека сегде во охрид услугата е ужас... или обратно, такви генерализации мислам дека се бесмислени.
 
Не биди глупа и ти.
Циганчињата не се дел од скопскиот туризам. За греота се. Нема решение за нив.

Ама затоа дел од охридскиот туризам беше еден охридски старец со гајда кој улета во кадар додека го сликав езерото. После тоа дојде и ми бараше 50 денари зошто него го имало во сликата. Почна да прави сцени и не сакаше да се тргне. А не смееш да го раздигаш на клоци, стар е... :nesum:

Јас бев сведок, пред мои очи. Навистина глупост невидена.


Иако немам некое ептен непријатно искуство во Охрид,ама имам забележано нетрпеливост кај угостителите.

Несфатлива исто така е логиката “ Не идите ако не ви чини“ и сл.

Па никој не оди на Охридско за да ги види локалните селани, туку да ужива во езерото,да се одмори од сите нервози на работа,школо,дома, така да многу иритирачки делува кога одиш некаде на заслужен одмор а таму те третираат како непожелен гостин.

Освен сезонските цени, во лето кога има најмногу туристи,изненадува и фактот што вон сезона цените се држат високи.

Нема разлика меѓу Охридски и Скопски цени.
 
:helou:Гледам доста опширно сте го опфатиле скоро целиот широк диапазон на понудите на Охридското Езеро. Секако дека има доста незадоволни туристи и охриѓани од однесувањето на одредени угостители и слично.

Ме чуди кога веќе правите споредби за цените.... буквално само за цените.... како тоа никој не спомнува еден клучен и многу битен факт.

Охридското езеро се простира на 3 градови.... на сите овие основна сезона им е летната т.е. се туристички гратчиња.... два од нив се во Македонија.... а еден во Албанија.... ви текна на што целам???...

Ај да не замарам..... никој не спомнува Струга.... зарем никој што дошол Охрид не поминал Струга на кафе?..... трагично :smir:

Јас си пијам кафе покрај езеро за 30-40 денари..... си плаќам лежалка максимум 100 денари.... си јадам сендвич од 50-60 денари.... и си свиркам :helou:
 
Министре, Ве молам накратко елаборирајте за услугата во новиот објект „Куба Либре“, каде што бевте сместени во ВИП одделот.

Колку да добијат другите претстава дали се менува нешто или тапкаме в место.
 
Ај да не замарам..... никој не спомнува Струга.... зарем никој што дошол Охрид не поминал Струга на кафе?..... трагично :smir:

Јас си пијам кафе покрај езеро за 30-40 денари..... си плаќам лежалка максимум 100 денари.... си јадам сендвич од 50-60 денари.... и си свиркам :helou:


Значи одиме Струга.. :helou:
 
Од Струга имам многу убави спомени, иако претежно како дете имам престојувано таму. Првпат во Струга пробав хамбургер со пржено јајце како додаток, од еден фаст-фуд со премногу љубезен персонал. Чинам дека беше Албанец чичкото кој не служеше. Ем вкусно беше јадењето, ем позитивен човекот, ем пробав нешто невообичаено кое ќе го паметам долго време. Некои смешни 40-50 денари беше сендвичот, а фул со мастраф.

Друг битен момент од одморот во Ливадиште пред некои добри 7-8 години. Само колку да потенцирам колку од корен се разликуваат стружани и охриѓани. Овој пат пример со струшките таксисти. Бевме сместени во Ливадиште, а автобус за Скопје имаше од Охрид. Тенки беме со време и викнавме такси. Наместо за 5 минути, дојде за некои 7-8 заради гужвата. Не однесе до автобуската станица во Охрид, ама автобусот само што заминал. Затоа што се почувствува виновен што доцнеше некоја минута, не однесе по автопатот, го стигна автобусот и го сопре - а ние се качивме. Пари нормално ни рече дека треба да платиме само за превозот до Охрид.

Значи, стружани ги јадат охриѓани во гостопримливост и осет за туризам.
Навистина штета што Охрид важи за поатрактивна дестинација. Ама нема да важи.

Летово поминувам во Струга, макар и на кратко.

Како гостопримлив народ можам да ги издвојам и ресенчани :)


БОЈКОТ НА ОХРИД!
 
Така е, не одам летово во Охрида града, причини очигледни и милион, колку и да си културен и се, пак џабе :uvo: ќе одам само на 3ти за Лени Кравиц и толку, па шибам во Ресен кај брат Чомбе :helou: а може и до Струга да се тргне, зашо да не :)
 
А баш сакав да пишам зошто луѓево не идат во Струга.
Дефинитивно е подобро од Охрид, според мене клише е веќе Охрид, секоја година "Каде на одмор?" -Охрид - леле и јас.

А за охриѓаниве што не плукаат никако да сфатат дека скоро пола Македонија е во Скопје, скоро цело Скопје иде во Охрид, ние ви правиме туризмот да ви "цути". Како и скопјанишчава да не се бунат кога бајат хамбургер седен од завчера ти го даваат во сендвичара за ебани 120 денари, извинете ама вие не сте Ибица, или било кои останати туристички места. Треба да си сфатите дека мора да смените мислење за скопјаните дека ние секогаш ќе бидеме во лето кај вас и ќе мора да не гледате.
Не ги правам и скопјаните нешто цвекиња за мирисање, знам дека се фрла ѓубре по плажите, се прават нереди касно вечер, дека сум присуствувал на такви случувања, ама да ви кажам тоа не го прават само скопјани како единци.

Толку имам да кажам со надеж дека ќе ви проработи свеста малце за нас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom