Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.213
Поени од реакции
34.472
Ејсид многу слатко од твоја страна што се трудиш да го пронајдеш охридскиот јадеж во полицаец со симс-чорапчиња, стари чаршиски дуќанчиња и малоумни имиња на дуќани. Мислам дека си револтиран од однесувањето на Охриѓани, не од нивниот личен избор кој нема ама баш никаква врска со тебе.
Во која друга туристичка метропола може да видиш толкава убавина?
Па дури ни во Спрингфилд полицајците не носат таков чорап.

А тоа со вецето и говорницата е автентичен охридски изум.
Ти имаш дома телефон, јас ако сакам да зборам на говорница морам да се качам на столче. Прајслес туризам! : )

Цените колку што се за тебе астрономски, толку се и за мене. Мислиш не ми е криво што не можам да јадам за 40-50 денари како през цела година, туку фрлам некои невозможни 100 денари за хамбургер? Кафето кое знам дека е 30 го плаќам 70? Нема да сум типична Охриѓанка полна со предрасуди и да ја омаловажувам Скопската клиентела, пошто таа ите како е важна за финансиската закрепа на Охрид. Но, да молам некого - нема шанси. За твои пари - ти си господар на правото да избираш место и услови за одмор. Само криво ми е што себеси се гледате ко жртви на Охридскиот Туризам. И јас знам мал милион непријатни случки кои Скопјани ги исценирале овде. Не како демонстрација на незадоволство спрема условите и односот, ами лични каприци.
Немам ништо против Скопјаните, отсекогаш ми биле драги како наши гости. Проблемот е што меѓу вас има толку препотентни што мислат дека ако платат едни смрдени 5 евра за чист кревет, топла вода и сопствена плажа (да, да) можат да се сметаат себеси за Богови чиј леб го јадеме.
Каде прочита дека имам спомнато нешто за цените?
Ама сепак благодарам за искрениот одговор, тоа се цени. Да беа сите охриѓани како тебе, одморот на илјадници туристи ќе беше повеќе од задоволителен.


Еј супер...
Ако го нејќете Охрид,повелете во Грција.
Таму ќе бидете фино пречекани,ај тинк?
Да ти кажам право, сигурно ќе бидеме пофино пречекани. Наместо да ја искористите општо-негативната ситуација со Грција, вие уште толку се курчите. Охриѓанец на скопјанецот му е охриѓанец.

Нонстоп мора нешто да не чини,а нарочно нешто у Охрид
Стварно бе, зошто секогаш нешто не чини во Охрид? :)
И ипак,секоја година сте повторно и повторно таму.Why?
Незнам, зошто има глупи луѓе? :)
Ако беше до толку смрдливо,немаше да треба да се организирате за да направите бојкот.Едноставно,луѓето ќе престанеа да одат и крај.Толку.Не е само Охрид туристичко место во Македонија.Има и други,а и никој не е присилен да оди таму,а сепак сите одат.
Идеме пошто е најдобро. NOT.
Идат од навика и покрај тоа што си поминуваат лошо. Таа навика мора да се искорени. Идат пошто се глупи, иако секоја година мора да се замараат со охридски таксисти, со нељубезни продавачи и угостители и тн... Идат затоа што мислат дека нема каде на друго место. Нема тензија, само сакаме да ги освестиме малку луѓето.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Иначе не знам само кој од кој зависи, ние преку цела година сме скопје на студии, и таму дефинитивно е поскапо цели 9 месеци за живот, отколку тие два во охрид, и тоа за одмор.... темава стварно немат никаква смисла...и не сфаќам зошто ми биле репликите дебилни , изгледа очекувате да ве молиме да не посетите..:nesum:
Не знаеш кој од кого зависи. Па ајде да речеме дека повеќето од Охрид кукате и плачете дека зависите и преживувате само од она што ќе го заработите за време на сезоната. И сега..?

Да во Скопје е поскапо..ама цените се исти преку целата година.:pipi:
Не ги менуваме кога ќе ни дојдат од страна.

Ниту пак очекуваме дека некој ќе не моли да одиме некаде. Не е поентата да си го наполниме егото и да кажеме дека еве овие не можат без нас и сега ќе не молат да се вратиме. Поентата на темава е да вие конечно го прифатите фактот дека треба нешто да смените, кога истите муабети се вратат одново и одново секоја година.
Додека да биде тоа ја подржувам иницијативава...и онака мислев да одам на викенд во Преспа.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Да ти кажам право, сигурно ќе бидеме пофино пречекани. Наместо да ја искористите општо-негативната ситуација со Грција, вие уште толку се курчите. Охриѓанец на скопјанецот му е охриѓанец.
Ја од Велес сум иначе...:helou:
И не се курчам,само не ми е јасна општава паника и Охрид-не одиме-кој ги ебе-скапи се-грди им се женските-бојкоти.Ништо лично инаку.:smir:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.213
Поени од реакции
34.472
Ја од Велес сум иначе...:helou:
И не се курчам,само не ми е јасна општава паника и Охрид-не одиме-кој ги ебе-скапи се-грди им се женските-бојкоти.Ништо лично инаку.:smir:
Ако не ја разбираш, тогаш нешто не е во ред со тебе.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Гоце е присутен на темава зш во Трпејца му дале хамбургер во лепче од житолеп, а не во Лајбица.:pipi:
Да бе :)

И убаво се сеќаваш на муабетот потоа што кажав:

Продај ми го бе бате! не 100(колку што платив мала плескавица меѓу две кришки лепче, со лист марула) 300 ќе платам жими сонце! Ама продај ми ја приказната!

Измисли нешто! Кажи „ова е охридски традиционален специјалитет“, „пренесуван со генерации“, камен да е, со добра приказна ќе го фасцинираш човека, и ќе го натераш да преплати...

Ама претпочитаа после „хамбургерот“ да ми достават вода од чешма неистечена, у мала чаша...од оние со рецките...

И така... :back:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Така е бе братко, така се прави муабет и се раѓаат идеи.

Се читаме попладне.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Ако не ја разбираш, тогаш нешто не е во ред со тебе.
Епа тогаш,мора нешто да не е во ред со половина Македонија,оти ретко кој,освен "граѓаните" на Скопје изразува вакви проблеми.
А што е со Охриѓани?Они мора да се ментални сите до еден,така?
Мислам дека ти не разбираш нешто.
Државата не ни е особено богата у случај да не си приметил.Луѓето наоѓаат различни начини за да преживеат.Еден од нив е-високи цени во лето...ама ај, да речеме дека тоа не е важно,ниту точно(иако,веројатно е).
Секој си има право на свое мислење.Ако твоето(и на мнозинството Скопјани) е дека условите во Охрид се никакви,некој можеби мисли поинаку,и има поинакво искуство.Зошто пробуваш твојот аспект да го претвориш во апсолутно гледиште за градот,и да го бојкотираш?
И на крај,велиш дека луѓето се глупи и одат таму од навика.
Некои тоа го викаат традиција,приврзани се со тоа и го одржуваат,без разлика на се.Од таа традиција,живеат многу луѓе во Охрид.Зошто да се прекинува таков корисен круг?На крај,можеби и лошите услови за некој се дел од традицијата,и навикнати се на тоа,и не би го замениле со ништо друго.
 

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
94
Скопјанец му вика на охриганец : "Абе шо Охриганец си шо немаш кајче а тој му вика а ти шо Скопјанец си шо немаш дечко"
п.с. јас сум од Охрид и ја подржувам оваа кајмпања не дека странските гости се подобри туку да им дојт умот на овие идиотиве шо си игрет со цениве како сакет и се мислет ние заработуваме по 500 евра плата па ке платам 250 денари за пострана лежалка која не вреди ни толку од продавница.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
п.с. јас сум од Охрид и ја подржувам оваа кајмпања не дека странските гости се подобри туку да им дојт умот на овие идиотиве шо си игрет со цениве како сакет и се мислет ние заработуваме по 500 евра плата па ке платам 250 денари за пострана лежалка која не вреди ни толку од продавница.
Да си ми жив и здрав бе бачко. Па на море е двапати поефтино да изнајмиш лежалка, 2 евра е.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Скопјанец му вика на охриганец : "Абе шо Охриганец си шо немаш кајче а тој му вика а ти шо Скопјанец си шо немаш дечко"
п.с. јас сум од Охрид и ја подржувам оваа кајмпања не дека странските гости се подобри туку да им дојт умот на овие идиотиве шо си игрет со цениве како сакет и се мислет ние заработуваме по 500 евра плата па ке платам 250 денари за пострана лежалка која не вреди ни толку од продавница.
Ја се откажуам од понатамошна дискусија:pred:.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.213
Поени од реакции
34.472
Така е бе братко, така се прави муабет и се раѓаат идеи.
Ти викам јас братко, мора еден Magic Book да се направи со идеи.
Па после да им се делат на охриѓани. Инаку, логиката за развој на туризам, слабо им навира сама по себе... :uvo:

Епа тогаш,мора нешто да не е во ред со половина Македонија,оти ретко кој,освен "граѓаните" на Скопје изразува вакви проблеми.
А што е со Охриѓани?Они мора да се ментални сите до еден,така?
Мислам дека ти не разбираш нешто.
Сите имаат проблем со охридскиот туризам - освен охриѓани, напашканите и оние кои сакаат да водат инает по форуми.

Државата не ни е особено богата у случај да не си приметил.Луѓето наоѓаат различни начини за да преживеат.Еден од нив е-високи цени во лето...ама ај, да речеме дека тоа не е важно,ниту точно(иако,веројатно е).
Секој си има право на свое мислење.Ако твоето(и на мнозинството Скопјани) е дека условите во Охрид се никакви,некој можеби мисли поинаку,и има поинакво искуство.Зошто пробуваш твојот аспект да го претвориш во апсолутно гледиште за градот,и да го бојкотираш?
И на крај,велиш дека луѓето се глупи и одат таму од навика.
Некои тоа го викаат традиција,приврзани се со тоа и го одржуваат,без разлика на се.Од таа традиција,живеат многу луѓе во Охрид.Зошто да се прекинува таков корисен круг?На крај,можеби и лошите услови за некој се дел од традицијата,и навикнати се на тоа,и не би го замениле со ништо друго.
Океј Џони :)

Да, ќе ги бојкотирам. И се ќе сторам што поголем број граѓани да ги бојкотираат.
Една година, една сезона, да видиме дали ќе се смени нешто. И онака викаат дека подобро ќе им биде без македонските туристи. :toe:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Пак истите работи ги читам како во темата за охридски туризам. Ама добро, околу тоа и се врти целата работа.
Инаку, од една страна ја поддржувам идејава. За да им дојде умот да не се занесуваат со цените по кафичите, сендвичарите, рестораните, дискотеките, ноќните клубови (како што кажа некој погоре). И таксистите да се научат дека на сите треба да им наплаќаат исто. Не мора кога ќе влезам во такси да ме заслушува внимателно дали сум од Охрид или од друго место за да ми пушти нормална тарифа. Тоа сепак не е во ред и не е праведно. Лани ми се случи да стојам пред пошта и да чекам мајка ми да заврши нешто работа. Во меѓувреме слушам како група девојки застанале и прашуваат еден таксист каде има такси за Струга. И овој и` вели дека се` што има такси дека го гледа тука, па почнаа нешто да зборуваат околу цената. И само слушнав дека рече 400 денари, демек 4 души биле. И мене ми се крена сафра, мрзам такво злоупотребување. Се доближив до групата и им се обратив. Им кажав кај може да си најдат такси за до Струга по 40 и по 30 денари од човек, па се заблагодарија и заминаа насмеани. Таксистот почна да ми дофрла нешто, да се дере дека тоа не е моја работа, дека јас не сум требала да се мешам. Можеби навистина не беше мое да се мешам, но во моментот сметав дека нема зошто да ги оштети децата така, со тие пари ќе си купеа јадење и ќе останеа еден ден плус на одмор. И нормално, ни збор не му вратив, само си се свртев и се правев дека не го слушам. Тамам работа да почнев и јас да се дерам како уличарка. Кој ги шиша таквите, јас сум таа што прва ќе реагирам ако видам дека нешто не е во ред и некој се однесува како да е Господ.
И не само со таксистите. И не само во градов. Општо не поднесувам гадно однесување, па кој сака нека е и од кај сака нека е.

Иако ми е криво што заради претходно лошо искуство луѓето знаат да донесуваат генерални заклучоци, сепак ќе дојдам со вас кај и да одите наредната година. Не за да видам што услови нудат другите и после да дојдам тука и да критикувам, туку бидејќи знам дека би си поминала најпрекрасно со кајганџии:back:

За доста работи сте во право, но и за доста не сте. И тие што критикуваат и тие што бранат. Нема да навлегувам детално, смачено ми е од претходната тема да го повторувам истото. Само ќе ве поздравам и бидете културни. Сите:)
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
И онака викаат дека подобро ќе им биде без македонските туристи.
Воа е моментот шо не ми беше познат у приказната.
Нема веза,не водам инает,не сум напашкан,а уште помалку Охриганин.
Само си бранам мислење,шо можеби е точно,можеби е грешно.И ништо повеќе.Исто како што можеби е и твоето/
Ама кога некој од Охрид ќе покаже дека е моето е погрешно,ондак...
...Happy Hollidays in the mountains of the beautyfull Macedonia:).
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Серпико минатата година имаше интересна статија за правење рекламен материјал за развој на Охридскиот туризам. Ете бе Боби ти си еден што се изјаснил дека сака да направи нешто за да ги оправи тамошните јенки-дудл-турист-џедаи. Ама они сами не сакаат.
Него шо прајме за утре за на базен. Идате?:)

Океј ај нема да идеме во Охрид од икс-икс-икс-икс-икс-икс причини. Една од тие многу иксови ради кои не ми се оди во Охрид е тоа што ЦЕЛО ЕБАНО СКОПЈЕ ИДЕ. Значи на КиМ седат истине металчишта што седат во Парк, во Планет идат истите што идат во ХардКок, на плажа пред три години го видов пола маало. Простете на зборов ама преку кур од Скопјани сегде да ги гледаме. За услугите и сличните стври да не правиме муабет, Тончи со импресиите од продавницата во која МИЛКА чоколадо му го наплаќаат 80 денари е срамно. Браво за тоиисе што си кажа искрено како и голем број од Охриѓани дека во лето и за нив било скапо.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
хаха.Вчера баш бев Охрид онака да се видам со луѓе и да напумпам бели дробови.И си викам на глас.Море шо чисто е езерово.И еден од позадина ми прај.Абе шо чисто дојди за 20тина дена коа ке дојдат скопјанишчата да видиш каква ке биди :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom