Апсурдите на атеизмот

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
Кај виде дека некој нешто им бута насила, само како поискусни кои го поминале потешкиот пат им укажуваме како полесно да си поминат.

Вие не им дозволувате сами тоа да го постигнат. Затоа и не треба на тацна све. Помогни малку, али не да им се каже - вака и вака треба да биде. Патот кон богоспознавање е различен за секого и вака, на овој начин кој ти го спроведуваш, не им се дозволува на луѓето да се запознаат сами себе у процесот. Првиот принцип е - Know thy self.
 
izvinete za to so matematikata (imam eden post nekade kaj so kazav za moite 'uspesi' vo matematikata :)),toa bese samo eden prost primer,nema vrska,
sardaukar,dobri ti se argumentive,ali sepak ne dovolni za da me nateras da veruvam,
kazi mi go znakot?so si videl?
Не би сакал тоа е нешто лично меѓу мене и Господ.

i jas porano barav znak za postoenje,i dobiv,toa bese zabobolka,vo red si rekov mozda postoi gospod,ama koga rekov dovolno e so znaci neka prestani bolkata nisto ne se sluci,
toa ne bilo znak tuku ednostavno karies,
citiranjeto na biblijata mozebi za vas vernicite znaci nesto,ama za mene toa e uste edna kniga,nejzinite informacii se validni za mene kolku sto za tebe se validni knigite napisani od ateistite,
Ти му побара да те заболи или како...:nesvest:?
Мене Библијата ме нервираше што никако не можев да ја пробијам. Стално гледам дека има нешто во позадина, нешто повеќе од она кое навидум го кажува. Затоа во почетокот бев опседнат да ја читам се додека ја „пробијам“. Не велам дека ги разбирам позадинските пораки, бидејќи ги има безброј кој се извлекуваат со нивно поврзување и заклучување, ама чувствувам дека не сум „надвор“ туку сум „внатре“ во неа.
Од се што сум прочитал се друго ми било лесно, ама ова многу ме нервираше, а посебно текстовите од Апостол Павле. Не можев да го сварам начинот на говорот низ кој Апостолот (и Духот) ги пишувал посланијата.
 
Вие не им дозволувате сами тоа да го постигнат. Затоа и не треба на тацна све. Помогни малку, али не да им се каже - вака и вака треба да биде. Патот кон богоспознавање е различен за секого и вака, на овој начин кој ти го спроведуваш, не им се дозволува на луѓето да се запознаат сами себе у процесот. Првиот принцип е - Know thy self.
Во втората половина мислам дека си во право, ама не си во право дека луѓето се оптоварени со претерано натурање.
Всушност имаме огромен дефицит од кажувачи на Христовото учење што луѓето едвај да знаат нешто и тоа погрешно.
Ќе треба Апостол Павле пак да дојде и од почеток да евангелизира.
 
Во ред ти си во право, ама не си во право дека луѓето се оптоварени со претерано натурање.
Всушност имаме огромен дефицит од кажувачи на Христовото учење што луѓето не знаат ништо.
Ќе треба Апостол Павле пак да дојде и од почеток да евангелизира.

можеби има дефицит затоа што едноставно, it doesnt work....заради причината што ја кажав погоре. И за мене тој принцип не беше функционален. Кога излегов од љушпата на изџвакани ствари, тогаш имав колку-толку некој успех.

Нема потреба од апостоли, нема потреба од луѓе да идат и да кажуваат дека она што они го проповедаат е единствениот и најдобриот пат. Не дај Боже некој пак да се појави и да „евангелизира“.

Како што кажав - има многу патишта до врвот на планината, и сите се еднакво валидни. На Бог не му е гајле кој пат го следиш, се додека живееш праведно и правиш добри ствари.
 
Ако ги погледнеш навидум напредните атеистички општества ќе видиш дека на човечки план тие станаа целосно дисфункционални. Семејството веќе не постои, пријателствата се површни, љубовта ладна за да ги стопли и смири. И како што се зголемува безбожноста, така и се зголемува меѓуопштествената дисфункционалност. Повеќе луѓето не пребиваат во еден Дух, туку секој си тера по сопсвеното рацио и секој е убеден дека е во право. Само Духот обезбедува единство, а нашиот разум ако не пребива во еден Дух води кон расправии.
Нема шанси да си бил во Верата да си ја вкусил и да си излегол. Затоа што е непресушен извор на душевна храна и откривања на мисловни тајни. Да не си бил во протестанти или слично нешто. Таму верата се здосадува оти е површна.
 
Гледаш, вакви мислења се дел од тоа што ме нервира.....све се врти околу христијанството.....бев православна, више не сум. Не припаѓам на ниедна организирана религија што тврди дека ги има сите одговори и дека е единствен пат, што све остало околу нив го осудува као лажно и како сатанско. Излегов од православието, затоа што е многу нетолерантно и арогантно.

Верничка сум....ама не се затварам измеѓу четири ѕида, него живеам во духовна слобода
 
Можеш ли да ми дадеш некое искуство за нетолерантноста?

Верничка сум....ама не се затварам измеѓу четири ѕида, него живеам во духовна слобода
Опиши ми ја твојата „духовна“ слобода? Што сега си ослободи, откако не веруваш повеќе. И дали тоа што го правиш „духовно“ ослободена те направи среќна? Чисто прашувам, не мора да одговараш?
 
Можеш ли да ми дадеш некое искуство за нетолерантноста?

Опиши ми ја твојата „духовна“ слобода? Што сега си ослободи, откако не веруваш повеќе. И дали тоа што го правиш „духовно“ ослободена те направи среќна? Чисто прашувам, не мора да одговараш?

Нетолерантност кон други религии. Покушавање да се зароби слободниот дух на човекот со ограничивање на слободен избор, како прашањето за абортус, кајшто и Црквата се меша. Хипокритичност од видот на верување дека некој воскреснал од мртвите, верување во ангели, а исмејување кога некој ќе каже дека може да комуницира со ангели и духовни водичи, верување дека ние како луѓе сме тука да владееме со све на оваа планета - уместо да живееме у хармонија со нив (вие сте господари над животните, они се тука да ви служат)....

Откако не верувам? Ја верувам, брат. Верувам во други димензии, спиритуални појави, Бог и сл. Не сум атеист, мада пројдов и преку таа фаза. И кајшто сум сега со сфаќања за спиритуалноста - да, ме прави среќна и ме исполнува. Што на крају крајева е и тоа што важи. Не сакам да идам у длабини затоа што тоа си се мои лични искуства и не мора да значи дека некој друг ќе ги види и осети на исти начин.

Ослободена сум од оковите на стравот од Ѓаволот, нешто што долго време ме држеше да не можам да го уживам овој земен живот во целост. Ослободена сум дека некој ми пишува рецки и ќе ме суди.
 
Извини не сум го видел постот ете одговорив. Се надевам ќе продолжиш со цел да ме доведеш до апсурдноста која ја имаш на ум.
Не верувам слепо ниту Библијата бара да се верува слепо. Туку напротив на многу места вели испитувајте.
Пример:
1 Солунјани: 1:20 туку испитувајте се, а држете се за доброто.
1 Коринтјани: 2:10 А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот испитува се, па дури и длабините Божји.
1 Коринтјани 2:15 Духовниот, пак, човек испитува се, а него никој не го испитува.
Истото го има и на други места во слична форма.

Викаш не веруваш и не се водиш слепо по библијата, ама баш после една реченица за да го покажеш тоа се навраќаш на неа. Од ова поапсурдно нема, контрадикторност од прв ред.
Друга работа, што толку е кој апсурд бе пренесување, едноставно побарав од тебе да се изјасниш дали тврдиш дека постои господ или веруваш дека постои господ. Во моментот кога ќе одговориш на ова прашање јас ќе ја прекинам дискусијата.
 
Нетолерантност кон други религии.
Не можам да се сложам, навистина не знам која е нетолерантноста на Православната Вера кон другите религии. Точно е дека повеќе од другите се држиме до ставот дека вистината е кај нас, но не ги тера Православието другите со насилство да веруваат во тоа, туку го докажуваме тоа.

Покушавање да се зароби слободниот дух на човекот со ограничивање на слободен избор, како прашањето за абортус, кајшто и Црквата се меша.
Се разбира дека Црквата ќе го искаже својот став според своите гледишта дарувани од Бога. Што треба да правиме да молчиме? Па нели секој има право да се искаже што мисли! Така ние верниците кои ја сочинуваме Црквата имаме слобода да се искажеме што мислиме во врска со абортусот. Ако некој возрасен превзема одредена постапка тој тогаш тој треба и да биде одговорен за последиците од постапката. Оние кои се способни и одлучиле да водат љубов, треба да бидат и одговорни ако од таа љубов дојде до несакана бременост. Или како што му вели еден татко на неговиот син кога женската му останува бремена: „Кога си знаел како да шириш женски нозе тогаш ќе знаеш и да гледаш дете“. И се покажа дека бил во право. Денес ни 2% од абортусите не се поради силување или други екстремни причини за абортус. Дали е нормално тоа по 5 пати да се абортира. Знаеш дека има повеќе абортуси од породувања. Како може да очекува овој народ Бог да ја благослови земјата кога си го убиваме сопственото потомство.

Хипокритичност од видот на верување дека некој воскреснал од мртвите, верување во ангели, а исмејување кога некој ќе каже дека може да комуницира со ангели и духовни водичи, верување дека ние како луѓе сме тука да владееме со све на оваа планета - уместо да живееме у хармонија со нив (вие сте господари над животните, они се тука да ви служат)....
Хипокритичност, дали ова е вистинскиот збор. Ако ние веруваме, ние веруваме за себе и тоа го пренесуваме на оние кога им е тешко како што нам ни било тешко и им кажуваме како ние сме се утешиле преку спасителната моќ на Спасителот. Ако некој мисли дека му е добро да не верува, никој не му се наметнува. Ако не веруваме во Христос Спасителот во кого да веруваме. Во Тито, во Сталин или во Оли Рен и Солана. Да не треба да веруваме во Бранко Црвенковски. Нема друг кој се дава себе си за на човекот да му биде добро. Не знам некој друг да искажал поголем акт на љубов од Христос. А нема таков затоа што сите се луѓе и не се добри, Христос не е човек туку е отелотворен Бог во човек и затоа само Тој е/беше способен за таков акт на љубов.
Господ Христос и христијаните никого не примораа на некакво верување, но си имаа право на сопствен живот според своите убедувања. Еднаш на еден форум (идивиди) цела вечер работев и извадив статистика кој со какви убедувања какви теми отворил. Ситуацијата беше поразителна за атеистите и муслиманите. Исклучиво се интересираат за да го критикуваат христијанството, а ни десет посто не трошат за да ги афирмираат своите вредности. Ситуацијата кај православните беше спротивна само десет посто сакаа да нападнат нечие верување а 90% сакаа да зборуваат за својата вера. Знаеш зошто е така. Затоа што нам ни е убава светлината на нашата вера и немаме потреба да се занимаваме со други. Додека другите не можат да најдат свое задоволство освен да се занимаваат и да ги напаѓаат другите. Можеби тоа се менува. Бидејќи нападите се повеќе не поттикнуваат на вакви теми како оваа која ја отворив, но статистиката сеуште е во наша полза.

Откако не верувам? Ја верувам, брат. Верувам во други димензии, спиритуални појави, Бог и сл. Не сум атеист, мада пројдов и преку таа фаза. И кајшто сум сега со сфаќања за спиритуалноста - да, ме прави среќна и ме исполнува. Што на крају крајева е и тоа што важи. Не сакам да идам у длабини затоа што тоа си се мои лични искуства и не мора да значи дека некој друг ќе ги види и осети на исти начин.
Извини ама ова мене ова ми личи на каша попара.

Ослободена сум од оковите на стравот од Ѓаволот, нешто што долго време ме држеше да не можам да го уживам овој земен живот во целост. Ослободена сум дека некој ми пишува рецки и ќе ме суди.
Очигледно никогаш не си ја осознала вистинската христијанска духовност затоа што нема потреба од никаков страв од ѓаволот, ниту пак страв од казна од Бог. Ние треба да се плашиме само од себе. Ѓаволот не ги присили Адам и Ева да вкусат од познавањето на доброто и злото, само ја искористи нивната желба да станат богови. Бог не не казнува. Тој е љубов и е „неспособен“ да казни. Тој само ни кажува што е полезно за нас, а кога грешиме нас не казнуваат самите универзални закони на природата.

Ако велиш дека ти е добро, јас немам што да додадам. Но ако може уште две прашања. 1. Што се случи сестро со твојата личност сега откако уживаш во земниот живот во целост? Дали си истата или се случија промени со тебе и како ги оценуваш? 2. Кога беше short1 повеќе и поверно сакана? Сега или пред да почне да ужива во животот? Уживање во онаа смисла како се искажа бидејќи и јас и тоа како уживам, ама со пофини и потрајни задоволства?
 
Викаш не веруваш и не се водиш слепо по библијата, ама баш после една реченица за да го покажеш тоа се навраќаш на неа. Од ова поапсурдно нема, контрадикторност од прв ред.
Се повикав на Библијата дека самата ослободува да се преиспитува се, вклучувајќи го и правото таа и Бог да бидат испитувани, но на фер начин.

Друга работа, што толку е кој апсурд бе пренесување, едноставно побарав од тебе да се изјасниш дали тврдиш дека постои господ или веруваш дека постои господ. Во моментот кога ќе одговориш на ова прашање јас ќе ја прекинам дискусијата.

Јас сум поверувал дека постои Господ и од таму тврдам дека постои. Второто е последица на првото. Прво поверував па започнав да тврдам. Сега и верувам и тврдам. Дали може да тврдам ако не верувам? Верувањето е внатрешно, тврдењето е себеизјаснување на внатрешното верување кон надворешноста.
 
Најголемата грешка што ние луѓето ја правиме е тоа што се повеќе се делиме, и наместо да ја гледаме сличноста на кои не опкружуваат и со кои комуницираме ние се повеќе бараме разлики и тоа како на другиот му докажеме дека сме во право.
Никој овде не ја знае апсолутната вистина за постанокот на светот или зашто ние овде сме родени.
За мене најблиску до таа вистина ако не и самиот лик на вистината е Исус Христос но тоа не ми дава право да го омаловажувам тој што не мисли така,туку преку мојот пример на живот да му покажам дека тоа е правилниот пат.
Интересни се дискусиитена овој форум(понекогаш) но барање на доказ за тоа зашто јас верувам во Бога, од атеист е исто така неправилно, зашто како што напоменав горе треба со својот пример да ми покаже зашто токму тоа е исправно.
Но светов во кој моментално живееме(имав ваква тема отворено) не ми покажува дека атеизмот е правиот пат, имено секуларно устроените држави се водени од луѓе кои единствен интерес им се парите, а со тоа квалитетот на животот на жителите на тие држави можеби навидум изгледа како ветената земја но само навидум. Духот и животната сила е на најниско можно ниво. Не верувате па барем некој од вас бил во некоја земја во западна европа, пред вашите очи е но не сакате да видите, мас медиумите ја имаат извртено сликата како за нив така и за нас.

За крај верник не е верник ако секојдневно не се преиспитува себеси со молитва, и немој да мислите дека не знаеме кој работи за Бога а кој против него.
 
Па како да не го менуваме нивото кога ти од старт тука продаваш магла? Еве да кажеме дека успееш да не убедиш дека постои Бог, и кога ќе ни кажеш дека тој Бог е еврејскиот Бог, дали ти навистина мислиш дека ние ќе ти веруваме особено кога знаеме како настанала еврејската религија и како се проширила низ светот???

п.с.
За историјата на Христијанството тука, гледајте ги само првите 20-30 минути.
Прво човек треба да се убеди дека постои Бог, па после може да оди на второ ниво кое учење е Неговото. Ако второто ниво му изгледа проблематично (кое учење е Неговото) тоа не треба да биде причина за избегнување на првото прашање (дали треба да се верува во Бог). Може да си најде друга причина, пример чисто не ме интересира, ама не и тоа дека го избегнувам верувањето во Бога бидејќи невозможно е да се утврди вистинското Божјо учење. Човек не знае какви ќе му биде позицијата и согледувањата откако ќе го мине првото ниво.
 
Најголемата грешка што ние луѓето ја правиме е тоа што се повеќе се делиме, и наместо да ја гледаме сличноста на кои не опкружуваат и со кои комуницираме ние се повеќе бараме разлики и тоа како на другиот му докажеме дека сме во право.
Никој овде не ја знае апсолутната вистина за постанокот на светот или зашто ние овде сме родени.
За мене најблиску до таа вистина ако не и самиот лик на вистината е Исус Христос но тоа не ми дава право да го омаловажувам тој што не мисли така,туку преку мојот пример на живот да му покажам дека тоа е правилниот пат.
Интересни се дискусиитена овој форум(понекогаш) но барање на доказ за тоа зашто јас верувам во Бога, од атеист е исто така неправилно, зашто како што напоменав горе треба со својот пример да ми покаже зашто токму тоа е исправно.
Но светов во кој моментално живееме(имав ваква тема отворено) не ми покажува дека атеизмот е правиот пат, имено секуларно устроените држави се водени од луѓе кои единствен интерес им се парите, а со тоа квалитетот на животот на жителите на тие држави можеби навидум изгледа како ветената земја но само навидум. Духот и животната сила е на најниско можно ниво. Не верувате па барем некој од вас бил во некоја земја во западна европа, пред вашите очи е но не сакате да видите, мас медиумите ја имаат извртено сликата како за нив така и за нас.

За крај верник не е верник ако секојдневно не се преиспитува себеси со молитва, и немој да мислите дека не знаеме кој работи за Бога а кој против него.

Многу добро кажано :icon_roll иако јас не сум баш некој молитвеник но тоа е точно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom