Темава ми буди ненормални спомени, морам да признаам. А и се изнасмеав на сите ваши глупости, поготово на овие три последни поста.
Глупост бр. 1. Ја имам бркано сестра ми со нож за колење свињи, барем мислам дека е таков, ама е мноогу голем. :pos2: Кутрото дете, трауми си има од мене изгледа. Ама колку само да ја заплашам, не да ја утепам. А и ножот беше тап, многупати глумев дека ќе си ги сечам вените пред децата од улица.

Бр2. На гореспомнатиот комшија, спомнат во претходниот мој пост на истава тема, којшто многу не нервираше нас, децата од маало, му беше подотворен прозорецот во дневната соба. И ние, деца како деца, земавме камења и му го пукнавме телевизорот, а тој да ти бил уклучен па да се запалил, па некои. чудни звуци, миризби што испушти, ние да не нема, и 2 недели не му се појавивме на човеков. :pos2: Па за нова година му купивме телевизор.

Бр.3. Со мојата поголема братучетка и ги запаливме книгите на нејзината сестра која беше на факс. :pos2:
Бр4. Со другарка ми од улица запаливме парче сено на некоја нива, ама среќа имаше луѓе па го изгасија.
Гл.бр5. Имавме проект по македонски јазик. Ни даде професорката листови со податоци. Јас и истава другарка сакавме да го направиме тој старински ефект на листовите, па ги ставивме во рерна и ги ринглосавме. :pos2:

Гл.бр.6,. Порано сестра ми имаше еден валкмен, така мислам дека се викаше, многу беше убав, а јас немав, па и го фрлив низ тараса. :pos2:Ако немам јас, ќе немаш ни ти.
Имам уште многу работи за пишување на оваа тема. Немирно дете сум била.:pos2:



А, ќе заборавев, имам паднато од тераса со точак. А како не знам. :smeshko:
