Најголема беља што ја имате направено

  • Креатор на темата Креатор на темата \m/arko
  • Време на започнување Време на започнување
Најголемата беља што ја направив беше пожарот (приближно до пожар) во населбата каде што живеев како помал:).
Бев некаде накај 9 години. Јас и уште двајца другари си немавме работа тој ден па решивме да палиме шкорчиња од кибрит во едно место каде што имаше сува трева али не кој знае колкава површина. Зедовме кибрит и отидовме кај местото. Палевме шкорчиња и ги гасневме. Али, еден мој другар сакаше да види колку трева може да запали едно шкорче па така, запали едно и го остави да гори, јас сакав да го изгаснам (оти бев страшлив) али не ми дадоа. Шкорчето ја запали тревата, а таа пошто беше сува за неколку минути почна целата да гори. Огнот си гореше, почна пламенот да расте и се појави многу чур. Јас испаничив:) и отрчав до дома да наполнам чаша со вода :) нели демек ќе го изгаснам огнот. Ја истурив чашата и нели :) очекувано, ништо не се случи, огнот продолжи да гори. Од куќата која беше веднаш до местото испадна една жена да постила алишта на терасата, почна да се дере дека ќе ни викне полиција ако не го изгаснеме огнот (не знам како ли мислеше деца од 10 години да изгаснат оган кога немаат ни вода ни ништо). Жената си влезе, а оган и горе под терасата. Ние рипавме околе огнот од паника не знаевме што да правиме, но за голема среќа огнот почна да се гасни, оти тревата веќе изгоре затоа што беше сува. Местото целото изгоре, тревата ја снема и остана се црно.
Јас како попарен се вратив дома. Бев преплашен тој ден, но се заврши како што треба.
 
Ако почнам да ги кажувам најголемите бељи што сум ги направил па и уште ги правам одма ќе ми затропа полиција на врата ...
хахаха
 
Ах колку ги има. Ај неколку да си пишам.
Пред 2-3 години брат ми го манав со главата од маса, крвој бликаше. Лузно му остана.
Во 5-то одделение на другар ми му ги соблеков и пантолоните и гаќите, среќа беше свртен кон ѕидот па само газот му го видеа женските ја мижев.
За василица пред некоја година, да не претерам ама еден кубик дрва минимум украдовме од еден чоек од пред куќи. Кизнајт што си рекол ко видел.
Скршивме стакло на кола со другар, и нигде да не нема. После појдов кај другар ми и му реков да ми даде 500 денари, како демек не фатиле и сум платил јас а уствари појма немаа дека сме биле ние. Тој будала уште ми даде.
Со камења гаѓавме во оџак од една куќа, и погодивме едно 7-8 пати таа жената будала полиција ни викна.
Ја изгасивме струјата во целата населба со ласер.
Тие фонко клими што се, со фудбал скршив такво и бегав ко луд.
Во најлони сме полнеле песок, и сме ги фрлале во терасите кај луѓето. Еден не фати жив, каков го напраивме чоекот загреота испрашен.

Таман се.
 
Запаливме дневникот 8 оделение:facepalm:.Кои филмови се праеле бе тогаш...Да те фати срам у пм
 
Не е некоја беља... инаку ги имам направено многу и не се за кажување баш :facepalm:..јебига од мала праев глупости :D
..ама на оваа ке се сеќавам секогаш зошто никогаш не се дозна дека бев јас...
како мала, некаде 2-3 одделение.. моите на работа, јас сама дома со дедо ми... чепкав по весниците, списанијата на тоа HOT LINE линиите и си ѕвонев на телефонот... не дека знаев уствари што се тие, ама ми беше интересно... и после кога дојде сметката за телефон требаше да платиме над 10.000 ...моите се испокараа со тие таму дека биле лажни и дека наводно некако се направило грешка во линиите... па имаше тужби триста глупости... јас никому ништо, мува не ме лазеше си ќутев ко ништо да не било :свиркам:
 
На полуматурската со другар ми останавме единствени што не си отидоа дома, и така седевме на центар до кај 5 саат сабајле па после отидовме да праиме бељи, прво отидовме у основното школо и имаше кантоњер и го однесовме на булевар таму имаше уште два такви па напраивме блокада на булеварот, и тоа у 5 саат сабајле никој нема, после земавме паркирани мотори ги соборувавме, ги мававме луѓето од трговски со јајца, имам многу многу бељи и тоа салам бељи, каде што сум имал ситуации да не брка полиција али не се не фатиле хахах, сепак тоа е детството, мора да се помине во глупости, иначе за у школо имам еден куп бељи али ме мрзи сеа да пишувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom