Најголема беља што ја имате направено

  • Креатор на темата Креатор на темата \m/arko
  • Време на започнување Време на започнување
Еве една случка коа бев помал јас и децата од маало пошто беше зиме решивме да направиме една глупост.Ги наредивме нашите санки на патот од едниот до другиот крај на патот и чекавме да помине некоја кола да видиме што ќе се случи,одеднаш помина еден џип и кочејќи удри во нашите санки и почна да се лизга по снегот и излета малку од патот слезе човекот и почна да ни ги фрла санките една по една насекаде потоа си ги зедовме санките и не сме го праеле тоа веќе туку преминавме на мавање по автобуси минувајќи по улицата ние од две страни го мававме со снежни топки по прозорците тоа се само две бељи од незнам колку многу и така!!:helou:
 
На бивша школска што се издигаше многу и залепив од оние 5 ден пакет ама мн лепливи taxi гуми за жвакање во коса и на омилените фармерки, ем фармерките ги фрли ем наредниот ден дојде со коса на тројка муахаха :music3:
 
На наставникот по ОТП му ставивме лепак на кваката од вратата. :kesa: :kesa:
 
Лани летото со другарите немавме што да правиме, па земавме по мало сменивме влечките, алиштата од жиците, масите надвор што стоеа. За да биде поголема бељата птидовме до трефостаницата и со апајач со светилка, го исклучивме целото улично осветлување во малото па од контињер зедовме картони ги запаливме во ходник во зграда и го вклучиме против-пожарниот апарат. За 5 минути дојде и полиција и пожарна. А утре дента по мала гледаш кој носи влечки, кој алишта кој бос оди, кој го пцуе комшијата и така :pos2::pos2::pos2:
 
не дека е голема бељава, ама нова е
со петарда му ја запалив јакната на едно кутро дете:toe:
 
Со братучед ми,бевме помали и се бркавме..На мајка ми и отиде цела зимница..Сите можни тегли ајвар ги испокршивме..Незнам што се деси али знам дека теглите беа лом и од поштена рака си добив шамарчина :pos2:
 
Мореее...имав 5-6 години, ми беше досадно и оп ножиците, си ги излацкав шишките :pos2: и после седев дома цел месец додека не пораснат малку од малку
 
Оф леле.. многу ги има.. ај ке постирам покасно некои од нив...
 
најголема беља...во четврто пукање полно шише со сок и на едно дете у аркада кинење и крв.деца како деца не ми збореа,па таткото на детето дојде па ми вика,па наставничката ми викаше па едно друго и највеќе се исплашив кога ми рече таткото на детето дека ке дојде кај татко ми нешто.Јаоо,ама добро се извадив вечерта бев на роденден кај едно другарче и немав гајле и скришно ја прашав мајка ми дали дошол чоекот и за среќа не.Тој момент ќе го памтам заекогаш,пошто поисплашен од тогаш не сум бил:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom