Најголема беља што ја имате направено

  • Креатор на темата Креатор на темата \m/arko
  • Време на започнување Време на започнување

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Возраст
35
Локација
Behind you...
Веб-сајт
www.babati.gov.babala.mk
Темава ме инспирира од една штотуку заклучена тема.
Значи која е најголемата белја што ја имате направено и дали имало последици после тоа?



Јас на пример еднаш како копиљ со завиткано списание мавнав една пријателка на мајка ми по глава, ама така сочен залет земав! :):):) Ме караа што ме караа ама на крај излажав дека друго постаро дете ме терало да го направам тоа и така детето на крај го папаше.
 
Заебававме едни луѓе дека сме крадци и им баравме пари, кај нив у двор.
Резлутат: бркање од полиција низ цела Кисела Вода
п.с не не фатија:baeh:
не е некоја беља али кога те бркаат 2 дефендера и 10 огромни алфи, па кога ќе ти текне како маваат опасно е.
Инаку другпат ќе пишам за некоја беља
 
Направив застој на еден воз. Со братучед ми се враќав од Србија, и во Маџари ја потегнав кочницата на заебанција (т.е. не ни сакав) :))) И ги гледавме кондуктерите како се обвинуваат меѓу себе :))
 
Ах... лош спомен ми разбудивте сега. Седиме на одмор прошло полугодие и мене ме фати нервоза и досада и почнав да фрлам едно книгиче по математика(само со формули што е) во вис. Во еден момент ми се дигна уште повеќе нервозата и го фрлив книгичето највисоко и најсилно што можев нагоре накај таванот. За несреќа погодив една решетка што ја заштитуваше неонката и таа (решетката) падна врз челото на една моја другарка. И направив баајѓи длабока рана, крвареше многу и после ја шиеја во болница...
 
Кога имав 6 год. трчајќи по плажите на Асамати, на учителката во кампот и ги скршив наочарите со диоптер, оставени покрај крпата....Се распулив наоколу, кога видов никој дека не ме виде, му ја драпнав:) Кога забележа што ја снашло, ја фатија хистерии:vozbud:
Направив пожар во кујната во станот под кирија, како студент во Охрид:)
 
Вчера со другар сме вртеле во такси компаниии викавме кај едни мои комшии коли да доаѓаат, а баш сакав да видам колку е полна улицата со таксисти. :):)
 
Вчера со другар сме вртеле во такси компаниии викавме кај едни мои комшии коли да доаѓаат, а баш сакав да видам колку е полна улицата со таксисти. :):)

Хахаха, ние тоа во основно го направивме во школо. Вртим јас во такси компанија и викам 20 таксиња да не носат во Лешок на ескурзија. И овие така попалени носат 20 таксиња позади школо и чекаат 10 мин. и видоа-не видоа и си отиднаа :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Нај големата беља ? Хммм... Хехе еднаш во 5 одделение на наставничка и ставив UFO лепак на столчето, и тоа може цела туба ја истискав:S Кога се исполепи по тоа мантилот, да дознаше кој е мислам ке го кикнеше од школо:pos2:
 
Прошлото лето правевме скара во соба со сестра ми :pos:
Го оставивме вентилаторот уклучен демек да ја лади собата додека не нема,и спуштивме ролетните да не влага светло,и ја затворивме собата со вентилаторот унутра,а вентилаторот не беше стабилен,се клатеше.И додека не немало паднал и се запалил,и собата ни чадеше цела.Среќа мајка ми и татко ми беа дома,па приметиле дека нешто гори,инаку цела куќа ќе отидеше.
Наинтересно беше што кој дојдов дома одма се успаничив постерите дали ми се живи :pos:
 
Искршив скоро 90% од прозорите во основно, еднаш фрлив клупа од 2ри и на едно дете му ја разбив вилицата со тањир пошо ми го јадеше лепчето со аерокрем (доле у менза) :pos: а во средно бев мирен, одев само понекогаш напраен и се правеа некои ситни бељи :)
 
На 13 години кога моите заспаа јас се спремив, излегов и не се вратив до сабајле... моите кога станале сабајле и виделе ме нема фатиле паника, ми ѕвонеле на мобилен, а мене мобилниот дома... па и ѕвонеле на мојата најдобра другарка, ни таа не се јавувала, па на крај пријавиле во полиција дека ме нема... а јас се враќам попладнето и кога ми раскажуваат се "газам" од смеа. :pos::pos::pos:
Ееее, луди години. :pos:

П.С. Не кажувам кај бев. :baeh:
 
кога бев помалецка предизвикав пожар и тоа баш на нова година..........претпоставувате колку жешка година испративме :pos2::pos2: ама добро надвор беше тоа па без значителни последици:vozbud:
 
Не сум јас некој голем белјаџија.Повеќе сум правел глупости без да има некоја голема штета, освен јас што сум страдал.Порано пред 7-8 години со другарите мали бевме тогаш и трчавме пред секоја кола што ќе поминеше на улица кај мене.Копуци, не знам што не' терало на тоа.И ме виде татко ми и после ме казни.
 
сум запалил куќа и тоа на мои роднини сеуште не знат дека јас го запалив ама тоа е одамна
 
епа има ги ептен ама те нека биде коа на наставничка и залепив еден ептен жежок шамар и после ојдо да и скапам џамовите на ќуќата ( 2 џама и скапа ) а и на таа истата имам и ставано кактус на столо :vozbud:
па сеа можете да замислете колку ли само ме нервираше таа наставничка

едит : ^Exotic^ ме потсети за колите - дигавме ги шахтите и оставеме ги со капако дигнат :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom