Склекови

  • Креатор на темата Креатор на темата the Consigliere
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
1 саат после станување ако сум дома правам 5 серии по 20 склека зошто не сум некој снагатор али сепак добро е да се направи некој склек.

П.С. Малце е глупо склекови во подтема други спортови. Не е баш спорт.:toe:
 
П.С. Малце е глупо склекови во подтема други спортови. Не е баш спорт.:toe:

Еј не е спорт, кој ти кажал така?:helou:

Него јас пред некое време почнав со малку поразлични склекови како plyometric, hindu и tiger pushups. Многу се потешки од обични и не правам нешто многу ама ќе биде.
Ако некој прави вакви нека каже нешто од искуство.
 
Јас пробав... и можам да ги правам склековите и без раце. :wink:
 
You don't mess with the Zohan hahahahaha
 
Интересно, сеуште не сум пробал така.

Еве нешто што снимив, преѓеска кога бев во WC.

I rest my case, да не заминуваме премногу офтопик оваа со врски што е поставена модераторката ќе ме бриши! ;losKo :)
 
последниве денови почнав да праам и стомачни и склекови како за почеток почнав од 20 склекови малце тешко ми идат(газот ми тежи а не сум дебел)од утре ќе накачам на 30 па ќе видам како ќе ми идат до летоска мора да се набијам малце
 
Правам секако. Почнав со 20,30 ... Сега 40 максимум можам во серија да направам, ама не форсирам толку си правам три,четири серии по 30.:toe:

Ама со една рака не можам ниту еден.:uvo:
 
И мене ми се многу полесни склековите кога нозете ми се на високо, на фотеља нпр.

Ех сеа се кажа...полесни биле...ај напрај неколку со нозете на земја а рацете на повисоко и ќе видиш разликата која е ....а мој совет е да пробате да праите и многу тесни ако можете и една врз друга рака(делува на грб повеќе)...потота...многу широки рацете (делува на ширината на гради)...рацете погоре од главата(на рамо делува највеќе)
пробајте обратни склекови со рацете ставени на столче свртени со грб према него и спуштање така да допрете со газ доле(ова е за трицепс многу јака вежба)....зголемувајте повторувања или пак прајте ги на време на пример за 60 секунди...или пак може да пробате многу споро да ги правите и верувајте ми ќе се зачудите колку ќе ви бидат тешки тие склекови...барем на почетниците
Толку од мене и не се откажувајте после 2-3 недели вежбање
 
Од кога праење склекови е спорт? Не е тоа загревање?
 
Моментално правам 4 серии по 40 повторувања, вкупно 160 и тоа секој ден само во недела правам одмор и не викајте дека со нозете на повисоко е полесно бидејќи тогаш подигате поголем процент од својата тежина одколку кога нозете ви се на земја (со нозе на земја имам направено 50 повторувања и знам дека е полесно, но добро незнам за вас). Во однос на брзината кога ги правите побрзо тоа ви е за добивање на поголема кондиција и сила, а побавните се за добро дефинирање на мускулатурата, јас ги практикувам вторите, побавните но овие се и потешки. За поставувањето на рацете веќе некои кажаа и секое поставување во зависност од ширината на рацете е за различна целна група.
 
Да ве шраѓам нешто!!Јас завчера почнав да правам склекови и не знам по колку склекови дневно да праам ако може некој да ми каже како да почнам
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom