Ок, значи погрешно сум го протумачила насловот
Тогаш, ако курва во кревет го разбираме како умешна и вешта во кревет( и нормално, да важи и за спротивниот пол, односно умешен и вешт во кревет)...Според мене, умешноста да извлечеш и понудиш максимум задоволство од сексот, зависи најмногу од способноста да се прилагодите еден на друг, да си ги препознаете потребите, и да знаете како да ги задоволите истите меѓусебно. А, тоа не може да го направиш со секој, во смисол ако на еден/на си му добар/ра, ќе бидеш и за некој друг. И во сексот важи компатибилност, како и во секој друг личен однос.
За некој врв на задоволство може да биде анален секс, за друг орален, трет нема потреба од ништо кое оди подалеку од пенетрација, четврт бара комбинација или нешто десетто...Кога ќе ви се поистоветат потребите ја имате добитната комбинација. Инаку е фијаско, и чисто се сомневам дека ќе можете да функционирате заедно, ма колку и да се цените како карактери и личности. Затоа, да, навистина е најдобро да имаш "курва" во кревет, и да бидеш "курва" во кревет.
Сепак, останува фактот дека има луѓе кои се повеќе и помалку вешти (поради разни лични убедувања, инхибиции, стравови итн.). Баш како што рече leandra, и во тоа има градација.
И вака, како груб заклучок, ми се наметнува дека, пред се страста, отвореноста и желбата со која му пристапуваш на сексот, дополнета со подготвеност да ги препознаеш и прифатиш потребите на партнерот, а и да извлечеш лично задоволство од нив, е она што те прави умешен во сексот. Кога нешто од набројаните недостасува, малку е веројатно дека нема да се јави сексуална фрустрација, која неизбежно ќе се преслика и на другите аспекти од врската(или каков и да ви е односот со сексуалниот партнер).