Само што ми дојде една одлична идеја, како да се подобри компетитвноста помеѓу конкуренцијата и притоа директно да се влијае на квалитетот на услугата.
Имено не станува збор за лично моја идеја туку за една идеја која може и во овој случај да се примени.
Јас студирам во Германија и секој семестар при за секое предавање кое го слушам добиваме еден ден евалуационен лист на кој има неколку прашања во однос на различни аспекти на предавањта, при што се дедени некои прашања и има избор да се штиклита одлично, добро, просечно, потпросечно и лошо.
Листовите се пополнуваат анонимно, значи не се става име и презиме или кој и да било друг личен податок за тој што го пополнува евалуациониот лист, и листовите од сите студенти се собираат во еден коверт и се праќаат во ректорат на анализа, по што резултатите од предавањето паралелно со просечните резултати им се доставуваат на професорти кои ги дискутираат тие резултати со студентите и се обидуваат да ги подобрат предавањата.
Еве сум 3 години и морам да признаам дека има ефект односно доста предавања се имаат подобрено, со што се оптимизира квалитетот на наставата.
Паралелно со ова им страна 
www.meinprof.de каде што се ставени сите професори со сите нивни предавања каде што на интернет може да се спроведе исто така евалуација на нивната работа. И резултатите од интернет страната во најголем дел се поклопуваат со резултатите од ректоратот.
Тоа што сакам да кажам, е дека сум сигурен дека ако се подигне една помасовна акција каде секојдневно ќе се бараат љубезни туристи да одделат 5 минути од своето драгоцено време и да допринесат за развојот на туризмот и подобрување на квалитетот на услугата. 
Се што би требало е да одговорат со една од 5те горенаведени градации на десеттина прашања како на пример:
како сте сместени?  приватно сместување (апартман или соба), хотел
како е хигиенската состојба на сместувањето? и 5те градации
како е креветот кој се наоѓа во сместувањето?
колку љубезен е односот од страна на сопственикот на приватното сместување/ персоналот на хотелот?  и 5те градации
дали има посебно купатило со тоалет за изнајмената соба или се дели со други соби?
И така натаму кратки и јасни најбитни прашања кои го опфаќаат сместувањето, услугата во угостителските објекти и транспортот, нормално би било да се запише и дали туристот е домашен или странец, и ако е домашен од кој град или во близина на кој град живее односно ако е странец од која земја доаѓа.
Исто така може да се прават слични пократки евалуациони листови за поединечни угостителски објекти со што би се видело каде услугата навистина е квалитетна и љубезна а каде не.
И најважни прашања би биле на крај: дали повторно би дошле на летување во охрид? и дали би го препорачале на важите познаници охрид како место за летување? односно истите прашања за одредени угостителски 
Резултатите потоа би се ставале во табели и статистички би се обработиле, а сум сигурен дека има некој кој подобро барата со барем еден статистички програм, па ќе можат да се извадат графикони кои јавно би биле објавени и можеби би било добро на крајот на сезоната да се свика јавна дебата по основа на резултатите и би се дискутирале резултатите и би се давале предлози како да се подобри квалитетот истото може да биде направено и на интернет. Јас сум сигурен дека кога ќе бидат видени резултатите дека ќе има веќе наредната година подобрување на квалитеот поради психолошкиот ефект кој го имаат лошите резултати.
И да знаете навистина се трудам да најдам решение бидејќи Охрид ја претставува и цела Македонија преку турзмот и навистина сакам таму каде што имаме најмногу странци најдобро да се покажеме.