„Ѓ“ кое е вишок
Погледот ми го привлече ливчето со моето име. Читам - г-ѓа Радмила Шекеринска. Десно од мене седеше еден колега на чие ливче прочитав - Азис Положани.
Ќе прашате што има чудно и провокативно.
Ме заинтригира дилемата зошто пред некои (читај женски) имиња стои г-ѓа или г-ѓица, а пред некои (читај машки) не стои ништо
Ова е една од оние колумни што веќе извесно време „дремат“ во моите
„невронски фиоки“ и никако не успеваше да „легне на хартија“. Имав често и инспирација и провокација да ја напишам, но немав доволно време ниту соодветно расположение.
Сите „коцкички“ се споија пред неколку дена, кога во посета на македонското Собрание дојде г-нот Ерхарт Бусек од
Пактот за стабилност. Имаше средба со комисиите за надворешна политика и за европски прашања -
класични теми, веќе чуена дебата, размена на добри желби и идеи за регионот. При размената на дипломатска куртоазија, погледот ми го привлече ливчето со моето име, кое службите за протокол го ставиле за да стават ред во седењето. Читам - г-ѓа Радмила Шекеринска. Десно од мене седеше еден колега пратеник на чие ливче прочитав - Азис Положани.
Ќе прашате што има чудно и провокативно во сево ова.
Каде тука има тема за колумна? Па, и јас не забележав веднаш.
Но, потоа ме заинтригира дилемата зошто пред некои (читај женски) имиња стои „г-ѓа“ или „г-ѓица“, а пред некои (читај машки) не стои ништо.
Некои ќе речат дека превидот го направил протоколот, кој и пред името на Положани требало да го стави она „г-дин“. Во тој случај ќе го поставам основното прашање зошто кога ги ословуваме дамите ни е потребно и да го нотираме нивниот брачен статус. Зошто ги користиме „госпоѓа“ и „госпоѓица“, а кај мажите неприкосновеното „господин“?
Многумина ќе речат дека ова е минорно прашање за кое не треба да губиме време, ниту медиумски редови. Не се согласувам.
Термините/ зборовите што ги користиме се своевидни симболи со кои праќаме свесни или потсвесни пораки.
Е, ама некои луѓе во нашата средина не мислат така. Се' уште се обидуваат сите жени да ги сместат во старата рамка. И затоа се држат цврсто за „госпоѓа“ и „госпоѓица“, убедувајќи не' дека нема ништо спорно во тоа. Дека тоа е само дел од навиките.
Всушност,
тие навики се користат како дел од новата, софистицирана дискриминација на жените. Особено ако решат да се замешаат во најмашкиот клуб - политичкиот. Тоа оди отприлика вака: вие, жените имате и уставно и законски загарантирани права да се образувате и да ја изберете својата професија. Можете да бидете и многу квалитетни во својата работа. Можете да имате и одлични резултати. Ама, ако почнете да „скокате многу“ и да покажувате карактер - против вас ќе го извадиме и „тешкото оружје“. Кога нема да може да ве критикуваме дека сте мрзливи и неквалитетни, ќе ве нападнеме дека не сте мажени. Или, не дај Боже, разведени.
За жал, за ова се' уште не проговориле тие што се најповикани - организациите што се борат против дискриминацијата и кои се залагаат за поголемо учество на жените во политичкиот живот. А богами ни политичарките, кои први би требало да реагираат, па и во одбрана на колешките со друга партиска боја. Или, барем јас не се сеќавам на една таква реакција (со чесниот исклучок, кој погоре го споменав).
Затоа, сите молчиме. И карванот мине.
Што да се прави?
Многу едноставно - го предлагам она што го направив и јас самата на седницата на комисијата - зедов пенкало и... го „чкртнав“ она „ѓ“, кое мислам дека е вишок. (Впрочем, ако се повикуваме на европската пракса ќе забележиме дека Mrs. и Miss веќе исчезнаа пред заедничкото Ms.)
Типкава немала што да пишува најверојатно, па направила цела “студија“ од која ви постирав 1/2.
На кого му е досадно и има желба да ги прочита интимните “мемоари на една Рада“ нека го посети сајтот на СДС.